Месечен хороскоп за март:Биковите ги чека драстична финансиска промена, Близнаците љубов во кругот на пријателите! - Канал 5

Месечен хороскоп за март:Биковите ги чека драстична финансиска промена, Близнаците љубов во кругот на пријателите!

Еве каква судбина ни предвидуваат ѕвездите за март 2018 година.

Месечен хороскоп за март:Биковите ги чека драстична финансиска промена, Близнаците љубов во кругот на пријателите!
Овен – Ве очекува просперитет на полето на кариера и финансиите. Одличен период за анализирање на достигнувањата, но и грешките на работното место и време да се направи корекција на досегашните методи и да се постават нови цели. Можни се и дополнителни финансиски приходи. Оние кои се во врска можно е да имаат ситни недоразбирања со партнерот, а слободните овој месец љубовта ќе ја стават во втор план на сметка на добра забава и дружење. По 21 март здравјето е одлично, а по 24 март ќе биде уште поенергични.

Бик – Поволни финансиски добивки и напредување во кариерата. Можете да очекувате поддршка од некој од повисока позиција како и унапредување и поголема финансиска добивка. Доколку сте во брак или врска, љубовниот живот е хармоничен до 20 март, по шт доаѓа до извесни турболенции. Слободните ќе бидат во центар на вниманието каде и да се појават, а март ќе биде месец на интересни забави и познанства. Подарете си овој месец една посета на спа центар или запишете се на фитнес.

Близнаци – Ве очекува финансиски просперитет. Приходите може да бидат значително подобрени во првата половина на месецот, но и расходите во втората. Ова не е поволен месец за барање нова работа. Односите со партнерот е бидат проблематични до 21 март. Доверба, толеранција и искреност се клучни во овој период. Ќе го зголемите и кругот на пријатели, а доколку не сте во врска новата љубов можно е да ја најдете токму во кругот на пријателите или на некои култни настани. Редовна физичка активност е пожелна.

Рак – Полето на кариера и финансиите се во преден план. Напредувањето на полето на кариерата можете да го очекувате по 21 март. Ова е поволен период за усовршување на некои вештини кои ќе ви користат во идните работни обврски. Можно е патување во странство. Доколку сте во врска хармонија владее се до 20 март, по што се можни несогласувања. Доколку сте сами ќе бидете преокупирани со кариерата и нема многу време да посветувате на љубовни прашања. Здравјето е одлично до 21 март, по што се советува да водите грижа за имунитетот.

Лав – Финансиите и љубовта во преден план. Фокусот паѓа на полето на кариера. Ве очекува подобрување на општествениот статус и финансиите, а притоа да вложувате минимален труд. Плановите и проектите на кои трпеливо работевте сега ќе се исплатата. Дополнителни парични приходи искористете ги за решавање на заостанатите сметки. Поволен месец и на полето на љубовта како за оние во врска така и за оние кои се сами. Пожелно е да направите детоксикација на организмот.

Девица – Бериќетен месец на полето на љубовта и финансиите. Ќе имате можност за напредување на полето на кариерата и финансиите. По 21 март ве очекува подобрување на финансиската ситуација, а можен и неочекувана добивка во втората половина на месецот. Одличен месец за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со партнерот и конечно уживање во убавината на љубовта. Слободните ќе пленат со шарм каде и да се појават. Се препорачува здрава исхрана и физичка активност.

Вага – Ве очекува прилично турбулентен месец. Март е идеален месец за да му се посветите на емотивниот живот. На работа е се соочите со бројни предизвици и тешкотии поради тоа што ќе ви бидат доделени дополнителни одговорности. Финансиската ситуација е деликатна до 21 март, по што доаѓа до значително подобрување. Ѕвездите ви порачуваат да ги намалите трошоците. На полето на љубовта компромисот игра најголема улога и доколку бидете во можност да дојдете до компромисно решение со партнерот, нема да има поголеми турбуленции. Доколку се уште не сте ја пронашле вашата втора половина, сега ќе имате прилика за тоа. Овој месец се препорачува да си дозволите доволна количина на одмор.

Шкорпија – Кариерата ќе биде подложна на промени, а ве очекува и финансиски просперитет. Успехот ќе биде диктиран од страна на ситуации врз кои ќе имате контрола. Можни се промени на полето на кариера во вид на стекнување на нови искуства. Ќе имате бројни работни понуди што ќе ви донесе можност за дополнителна заработувачка. Љубовта овој месец најмногу ќе ви го окупира вниманието. Забата и уживањето ќе бидат најинтересни за вас. Доколку не сте во врска, извесни се бројни романтични прилики. Старите љубови може да се обидат да се вратат. Здравјето ви е одлично.

Стрелец – Финансиите ги диктираат членовите на семејството. Настаните на полето на љубовта во овој месец доминираат во однос на кариерата. По 21 март, нивото на енергија значително расте. Ќе бидете расположени за разни активности предводени од лично задоволство. Можете да очекувате финансиски просперитет, кој може да биде заснован на потфати поврзани со семејството, но и зголемени трошоци. Оние кои се сами благодарени на шармот ќе привлекуваат романтични партнери. Доколку сте во врска можете да очекувате кратко патување со партнерот по 21 март. Редовно спортување носи повеќе енергија за други активности.

Јарец – Бериќетен месец на сите аспекти. Доколку ја следите интуицијата ќе постигнете се што ќе посакате. Настаните на полето на кариера ќе се одвиваат со забрзано темпо и ќе бидете задоволни со напредувањето кое сте го постигнале за краток период. Планетарните аспекти укажуваат на финансиски успех без многу напори. Бидете интовативни. Овој месец ќе зрачите со шарм и привлечност. Доколку сте во емотивна врска ви претстои уживање со партнерот на некое идилично место. Доколку вашата втора половина с еуште не сте ја пронашле, за тоа ќе имате можност овој месец и тоа во непосредно опкружување. Здравјето може да биде сочувано со доволна количина на одмор, но и физичка активност.

Водолија – Кариерата и работата во преден план. Следете ја интуицијата и другите ќе ви се прилагодуваат на вас. Доколку студирате, аспектите на Јупитер и Уран ќе ви донесат просперитет. Успехот е гарантиран и за оние кои се занимаваат со маркетинг или новинарство. Со правилен распоред на парите нема да имате поголеми финансиски проблеми. Очекувајте финансиски приливи од повеќе различни извори, како некакво наследство или промоции. Извесни се нови партнерства. Овој месец ќе ви бидат потребни повеќе страст и романса во љубовта. Комуникацијата и компромисот се клучни. По 21 март може да влезете во романтични односи полни со динамичност и ентузијазам. Здравјето е одлично.

Риби – Период на уживање во успехот. Овој месец ќе го посветите на професионални цели, дополнителни курсеви и хуманитарни активности. Личните интереси ќе бидат поважни од интересите на другите. Март е месец на акција и достигнување на сите цели. Аспекти на Марс и Јупитер носат успех на полето на кариерата. Доколку сте во потрага по нова работа, нешто поповолен период ќе биде по 20 март. Можни се и неочекувани парични приливи. Ова е период на лесно стекнување на богатство. Доколку не сте во врска ќе имате неколку прилики за почеток на нова романса, а оние кои се зафатени овој месец ќе уживаат во вниманието и подароците од партнерот. Се советува редовно вежбање и детоксикација на организмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови

Уставниот суд на Република Македонија, од 12 до 14 ноември 2026 година, во Охрид ќе биде домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови (BCCF).

Уставниот суд домаќин на 4. Годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови

Претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и истакнати правни експерти ќе учествуваат на меѓународната конференција посветена на довербата во уставното судство, современите предизвици и владеењето на правото.

Покрај годишниот состанок на претседателите на уставните судови - членки на Форумот, во фокусот ќе биде ставена и меѓународна конференција со тема „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на уставните судови“, која ќе се одржи на 13 ноември 2026 година.

Конференцијата ќе отвори прашања од суштинско значење за современото уставно судство, со посебен акцент на јакнењето на довербата на граѓаните во уставните судови, предизвиците што ги носи дигиталната ера и обезбедувањето ефективна уставна заштита.

Свеченото отворање ќе започне со интонирање на државната химна и прикажување документарен филм посветен на 62-годишното постоење на Уставниот суд на Република Македонија.

Во рамките на поздравниот дел од програмата, предвидени се обраќања на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, министерот за правда, проф. д-р Јетон Шасивари, како и на Кристиан Делиорга, судија на Уставниот суд на Романија и претставник на Асоцијацијата на уставни судови што користат француски јазик (ACCF).

Во програмата е предвидено и видеообраќање на амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Воведното стручно обраќање ќе го одржи проф. д-р Кристоф Грабенвартер, претседател на Уставниот суд на Република Австрија, на темата „Значењето на регионалната соработка меѓу уставните судови“.

Неговото излагање ќе биде посветено на улогата на соработката, размената на искуства и уставносудската практика во справувањето со заедничките предизвици и во зајакнувањето на уставната правда.

Работниот дел од конференцијата ќе се одвива низ три тематски сесии, во кои ќе учествуваат претседатели и судии на уставни судови, претставници на европски и меѓународни институции и универзитетски професори.

Првата сесија, со наслов „Како да се зголеми довербата во уставните судови?“, ќе ја модерира д-р Садет Јуксел, судијкаа на Европскиот суд за човекови права. Предвидени се излагања на Мерсида Џаферлари, уставна судијка од Албанија, Павлина Панова - претседателка на Уставниот суд на Бугарија, Неџми Реџепи - претседател на Уставниот суд на Косово и Булос Фахми Искандар претседател на Врховен уставен суд на Египет

Втората сесија, која ќе продолжи со разгледување на прашањата за довербата во уставното судство, ќе ја модерира Мартин Кујер, судија Врховен суд на Холандија и член на Венецијанската комисија.

Во дискусијата со свои обраќања ќе учествуваат Снежана Арменко претседателка на Уставниот суд на Црна Гора, Кадир Озкаја Претседател на Уставен суд на Турција, судијката на Уставниот суд на Република Македонија, проф. д-р Ана Павловска-Данева, и проф. д-р Рената Дескоска, потпретседателка на Венецијанската комисија.

Третата сесија ќе биде посветена на довербата во уставните судови во дигиталната ера, со посебен осврт на новите технологии, нивното влијание врз правосудството и предизвиците за заштитата на уставните права. Модератор ќе биде Рената Дескоска, а во сесијата се предвидени излагања на Лариса Велиќ, судија на Уставен суд на Босна и Херцеговина, Муса Лараба, генерален секретар на Конференцијата на Африканска уставна јурисдикција (CJCA), Татјана Васиќ-Бозаџиева, судија на Уставен суд на Република Северна Македонија и Мартин Куијер.

Конференцијата ќе заврши со обраќање на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски.

Билатерална средба со делегација на Врховниот уставен суд на Египет

Денеска, 11 ноември 2026 година, во Уставниот суд ќе се одржи билатерална средба со висока делегација на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет.

Египетската делегација ќе ја предводи Н.Е. Булос Фахми Искандар, претседател на Врховниот уставен суд на Египет, а во нејзиниот состав ќе биде и Махмуд Мохамед Али Гонеим, потпретседател на Судот.

Од страна на Уставниот суд на Република Северна Македонија, на билатералната средба ќе учествуваат претседателот д-р Дарко Костадиновски и судиите д-р Осман Кадриу, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер, проф. д-р Ана Павловска-Данева и м-р Мери Дика-Георгиевска.

Средбата ќе биде посветена на унапредувањето на билатералната соработка, размената на искуства и уставносудски практики, како и на предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во заштитата на уставноста, човековите права и владеењето на правото.

Усвојување на Охридска декларација

Еден од значајните аспекти на годишниот состанок е иницијативата за усвојување на Охридска декларација како основа за понатамошно унапредување на регионалната соработка.

Во рамките на годишниот состанок ќе се одржи и состанок на Одборот на членови на Форумот на балканските уставни судови, на кој ќе се разгледуваат прашања поврзани со понатамошното функционирање на Форумот и претседавањето со него.

За Форумот и надлежностите

Форумот на балканските уставни судови претставува платформа за соработка, професионален дијалог и размена на искуства меѓу уставните судови во регионот.

Негови членки се уставните судови на Албанија, Бугарија, Република Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Турција, а во работата на Форумот како набљудувачи учествуваат и институции од Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција.

По претходните годишни состаноци одржани во Софија во 2023 година, Приштина во 2024 година и Анталија во 2025 година, Охрид е четвртиот домаќин на Форумот.

Со организирањето на овој меѓународен настан, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја продолжува својата заложба за унапредување на регионалната и меѓународната соработка, размената на добри практики и зајакнувањето на улогата на уставните судови во заштитата на уставноста, законитоста и основните слободи и права на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер