Мерцедес го претстави новиот кросовер кој што троши помалку од 1 литар/100 км (ФОТО) - Канал 5

Мерцедес го претстави новиот кросовер кој што троши помалку од 1 литар/100 км (ФОТО)

Mercedes го претстави новиот модел опремен со четвртата генерација на хибридната технологија PHEV.

Мерцедес го претстави новиот кросовер кој што троши помалку од 1 литар/100 км (ФОТО)

Mercedes го претставува новиот модел во најпропулзивниот сегмент на компактните теренци. Кога станува збор за премиум понудите, GLC е важен фактор и сега може да стане европски број 1 во таа посебна класа.

Најголемата новина е електрификацијата на гамата, така што сите мотори се електрифицирани, или преку втората генерација на интегрираниот стартер генератор (ISG) на Mercedes за плус 23 КС (17 kW) и 200 Nm, или како plug-in хибриди. .

Понудата започнува со бензинската понуда на GLC 200 4Matic кој добива мотор од 204 КС и 320 Nm и GLC 220 d 4MATIC со 197 КС и 440 Nm во дизелската понуда. Потоа следува GLC 300 со 258 КС и 400 Nm.

Plug-in хибридите исто така се базираат на четирицилиндрични мотори. Имаат батерија до 31,2 kWh и опсег од 100 km со максимални 140 km/h на струја. Опциите се GLC 300 e 4MATIC (313 КС и 550 Nm), GLC 400 e 4MATIC (381 КС и 650 Nm) и GLC 300 de 4MATIC (335 КС и 750 Nm).

Покрај импресивната моќ на plug-in хибридите, изненадувачка е и потрошувачката на гориво, додека класичните верзии трошат просечно од 5,9 до 8,2 l / 100 km во град, plug-in хибридите ја завршуваат работата со просек од 0,8 и 0,7 l / 100 km на GLC 300de. Поентата е што поголемата батерија овозможува возилото да се напојува поголемиот дел од времето на WLTP тестирањето. Во пракса, овие вредности обично се сосема различни.

Покрај неговиот препознатлив изглед, GLC носи значително зголемување на димензиите и затоа корисниците можат да сметаат на подобрен комфор, вклучувајќи 600 литри багажен простор. Секако, понудата на опрема е првокласна, како и долгата листа на можни опции.

Цените не се познати, но сметајте дека ќе бидат повеќе од оние на сегашната генерација, веројатно и до 10 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните

Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“, кај слаткарницата „Малага“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните

„Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона и го попречуваше нормалното движење во строгиот центар на градот.

Општина Центар продолжува со инспекциски контроли и активности за отстранување на бесправно поставени конструкции и објекти, со цел заштита на јавниот простор и непречено движење на граѓаните.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Ноќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници.

Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Се уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило.

На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување.

Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер