Мелони ја плати сметката за Италијанци, кои избегале од ресторан во Албанија (ВИДЕО) - Канал 5

Мелони ја плати сметката за Италијанци, кои избегале од ресторан во Албанија (ВИДЕО)

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која се приклучи на сè поголемиот број Италијанци кои летуваат во Албанија, лично се погрижи да биде платена сметката во локален ресторан откако група нејзини сонародници избегале без да платат..

Мелони ја плати сметката за Италијанци, кои избегале од ресторан во Албанија (ВИДЕО)

Мелони со семејството помина неколку дена во Албанија како гостинка на албанскиот премиер Еди Рама, но кога веста и видео снимка дека неколку италијанци избегале без платат во градот берат стана вирална на социјалните мрежи, таа му наредила на италијанскиот амбасадор да ја плати сметката..

YouTube video

„Одете и платете ја сметката за овие идиоти, ве молам“, ја цитирал албанскиот премиер Еди Рама италијанската колешка за „La stampa..“ Италијанскиот министер за земјоделие, кој исто така бил во Албанија оценил дека се работи за национална гордост.

YouTube video

Таа се понуди да ја плати сметката. „Амбасадорот беше на пат назад за Тирана и можеше да го направи тоа. Неколку нечесни индивидуи не смеат да ја посрамотат целата нација“, изјавил тој..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црвена Ѕвезда под истрага на УЕФА поради скандирањето за Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград поради транспаренти што ги истакнаа нејзините навивачи на стадионот Викторија Плзен во Чешка.

Црвена Ѕвезда под истрага на УЕФА поради скандирањето за Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград поради транспаренти што ги истакнаа нејзините навивачи на стадионот Викторија Плзен во Чешка, во спомен на смртта на хашкиот осуденик Ратко Младиќ, објавија белградските медиуми во саботата, повикувајќи се на The Athletic.

Младиќ, осуден на доживотен затвор за воени злосторства и геноцид во Сребреница, почина во четврток во притвор на Хашкиот трибунал на 84-годишна возраст, а навивачите на Црвена Ѕвезда „Делије“ го скандираа името на Младиќ заедно со пораките од транспарентите „Генерале, вечна слава и благодарност“ за време на натпреварот со чешката Викторија во Плзен (1:5).

Казната може да биде строга

Според The ​​Athletic, УЕФА покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград за „расистичко и/или дискриминаторско однесување“, „пренесување порака несоодветна за спортски настан“ и за несоодветно тимско однесување.

Сегашните правила на УЕФА предвидуваат доста строги казни, а во случајот со Црвена Ѕвезда, санкциите би можеле да бидат уште построги бидејќи клубот е обвинет за „расистичко и/или дискриминаторско однесување“ поради своите навивачи.

Со оглед на тоа што клубот потоа објави фотографии од транспарентите на своите социјални мрежи, УЕФА би можела да го смета ова како отежнувачка околност, според белградскиот портал „Спортињо“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата со реакција на ставот на Далибор Китановиќ за Ратко Младиќ

Ставот на Владата е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти. Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства од надлежниот меѓународен суд.

Владата со реакција на ставот на Далибор Китановиќ за Ратко Младиќ

Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и неприфатлив за Владата. Владата ги гради ставовите врз основа на интересот на државата и граѓаните. Кога таквиот став е изграден тогаш истиот се почитува од страна на сите поединци во Владата.

Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува, се наведува во реакцијата на Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)

Селин Дион беше пречекана од толпа обожаватели кога пристигна во Париз во петок, 28 август, само неколку дена пред нејзиното враќање на сцената.

Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)

58-годишната пејачка изгледаше емотивно на својот прв официјален јавен настап по две години, мавтајќи и испраќајќи бакнежи кон толпата собрана пред хотелот „Ле Ројал Монсо“ каде што престојува.

Дион изгледаше многу елегантно, облечена во камел капут и чизми со потпетици, додека ги криеше очите зад темни очила. Пејачката не можеше да престане да се смее додека позираше за фотографии со публиката.

Пејачката моментално се подготвува да се врати на сцената, три години откако откажа светска турнеја поради тешка борба со синдромот на вкочанета личност.

@parismatch #celinedion #celine #tiktokmusic #onregardequoi ♬ original sound - dev 🦄🫧

Дион, особено, организираше серија концерти кои ќе траат до 2027 година, а првите десет се закажани за Париз во септември и октомври. Зборувајќи за „Харперс Базар“ минатиот месец за нејзиното враќање, пејачката призна дека ѝ недостига контакт со своите обожаватели: „Помина толку долго. Би сакала да им понудам нешто за да им покажам колку ми недостигаа“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер