Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија
2Филипче: Денеска со длабока почит се сеќаваме на бранителите кои кај месноста Љуботенски бачила, ги положија своите животи за мирот во Македонија
Шоу бизМелина упаднала во куќата на екс сопругот Харис, тој повикал полицијаДизајнерката Мелина упаднала во куќата на екс сопругот Харис Џиновиќ во Белград, тој веднаш повикал полиција.Според српски Блиц, Мелина Џиновиќ синоќа упаднала во куќата на сега веќе својот екс сопруг, легендарниот пејач Харис Џиновиќ на Сењак во Белград, каде сега популарниот пејач живее со децата, синот Кан и ќерката Џина. Набргу потоа, Харис повикал полиција за да му помогнат на Харис, Мелита да биде истерана од куќата. Припадниците на полицијата брзо пристигнале на лице место, по што, како што дознава Блиц, Мелина изјавила дека Харис ја малтретирал. Полицијата потоа привремено му го одземача пиштолот што харис го имал во куќата, пиштол за кој пејачот имал дозвола. Инаку, Мелина и Харис пред неколку дена службено се развеле по 24 години брак, поради што веќе неколку месеци се тема број еден во балканските медиуми. Харис за медиумитер го цитираше она што му го кажала Мелита кога се појавил во куќата: -Вечерва дојде во куќата, направи кафе и седна и очигледно немаше намера да излезе. Кога дојдов, таа беше дрска и почна да ме провоцира, на што и реков дека мора да излезе од куќата и дека може да си ги земе работите и да излезе надвор, но таа не сакаше. Кога мирно и реков да си замине, таа ми рече „Секој метар од оваа куќа ми припаѓа и мене колку и тебе“ на што и реков: „Ако судот каже дека е твоја“ – рече Харис Џиновиќ. Мегапопуларниот пејач смета дека единствената намера на екс сопругата Мелина била да го испровоцира, но дека не паднал на провокациите. Пејачот по совет на својот адвокат повикал полиција која пристигнала и како превентивна мерка му го одзел пиштолот за кој има дозвола, а потоа синот Кан го однел во полициска станица каде поминал речиси пет часа на службен разговор. - Не ја знам причината зошто дојде. Цело време се обидувам овде со полиција да ја дознаам причината - рече Џиновиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајмалку 13 жртви во украински напад на руската Република ТатарстанНајмалку 13 луѓе загинаа, а 70-на се повредени во украински напад со дронови врз руската Република Татарстан, што се смета за еден од најсмртоносните украински напади врз Русија од почетокот на војната.Главна мета на нападите бил индустрискиот град Нижне-Камск, оддалечен 1.100 километри од Украина, каде што според руските власти, цел биле и цивилни и индустриски објекти. Дел од руските медиуми пишуваат дека била погодена петрохемиска фабрика, а меѓу жртвите имало и дете. Украинската војска потврди дека стои зад нападите и соопшти дека ја погодиле рафинеријата танеко, во која избил пожар. Москва нападите ги оцени како директни терористички напади и соопшти биле пресретнати 450 украински беспилотни летала над Русија и Крим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕрупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во КатанијаВисоката вулканска активност на Етна предизвика нарушувања на авиосообраќајот во Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества лава и пепел.Според Националниот институт за вулканологија, густи текови лава истекуваат од два отвора на надморска височина од над две илјади метри.Поради потенцијалната опасност за воздушниот сообраќај, сите слетувања на аеродромот во источна Сицилија во Катанија се прекинати до 17 часот, соопшти операторот. Погодени се и летовите од Сицилија, поради што туристите морале да го користат аеродромот во Палермо, главниот град на островот или да патуваат со воз. Во моментов е во сила највисокото, црвено ниво на тревога. Тоа значи дека ерупција проследена со значителен облак од вулкански пепел е неизбежна или веќе е во тек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЏеф Безос со партнери купуваат една третина од ЛиверпулКонзорциум, во кој е вклучен и основачот на „Амазон“, мулти-милијардерот Џеф Безос, е блиску до договор за купување на околу една третина од сопственичкиот удел во славниот фудбалски клуб „Ливерпул“. Мнозинскиот сопственик на клубот, „Фенвеј спортс груп“ (FSG), кој управува со „Ливерпул“ од 2010 година, се подготвува да објави трансакција што би можела да се реализира уште оваа недела. Детали за инвестицијата Доколку дојде до склучување на договорот, Безос ќе му се придружи на Едуардо Саверин, еден од коосновачите на „Фејсбук“, во инвестициската група. Групата ја предводи Амит Батија, зет на индустријалецот Лакшми Митал и до неодамна акционер во клубот „Квинс Парк Ренџерс“. Според еден извор, објавувањето на веста се очекува во наредните денови, но постои можност тоа да се одложи за следната недела. Со влезот на овој конзорциум во сопственичката структура, некои од најбогатите луѓе во светот ќе станат косопственици на „Црвените“ од Енфилд. „Форбс“ го проценува богатството на Безос на повеќе од 280 милијарди долари, а она на Саверин на повеќе од 32 милијарди долари. Со оваа инвестиција, вредноста на клубот би се проценила на шест милијарди долари, со што договорот би се вброил меѓу најскапите во историјата на спортот. Иако Безос претходно не се поврзувал со бизнисот во фудбалот, неговото можно вклучување во конзорциум за Ливерпул потврдува дека инвеститорите сè повеќе го гледаат спортот како посебна класа на средства. Во 2022 година, Саверин (44) беше дел од конзорциум што неуспешно се обиде да го купи Челзи на аукција организирана по руската инвазија врз Украина. Извор запознаен со преговорите укажува дека договорот би можел да биде поголем од првично објавеното и потенцијално да вклучува удел поголем од 30 проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05