Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе се одржи нов референдум за членството на Велика Британија во Европската унија.

Меј рече дека предлогот на договорот за повлекување од ЕУ, кој планира да го претстави на парламентот идниот месец, вклучува одредба за гласање за одржување нов референдум за Брегзит.

Ова е клучно барање на бројни опозициски пратеници, вели АП, додавајќи дека Меј нуди отстапки за она што таа го нарекува ,,последна шанса” за да се обезбеди регуларното британско заминување од Унијата.

Договорот кој Меј го постигна со ЕУ, досега трипати беше одбиен од страна на Британскиот парламент.

Фолксваген драстично ја менува стратегијата

Марката Volkswagen планира да ја зголеми понудата на plug-in хибридни автомобили како одговор на забавувањето на побарувачката за електрични возила.

Проширувањето на портфолиото на PHEV е еден од главните приоритети на VW, изјави во средата извршниот директор Томас Шефер. Овој потег е промена на насоката од претходната стратегија на фокусирање главно на електрични возила преку линијата со ознака ID, пишува Bloomberg.

„Клиентите сега сакаат plug-in хибриди, вклучително и во Кина и САД“, рече Шефер во интервјуто на маргините на автомобилската конференција во Лондон.

Продажбата на plug-in хибриди во Европа порасна побрзо од продажбата на електрични возила претходно оваа година. Volkswagen ја менува својата стратегија за електрична енергија откако одложи некои модели и заостана во Кина, каде што доминираат локалните брендови. Минатата година, производителот се откажа од плановите за изградба на фабрика за електрични возила од 2 милијарди евра во Германија.

Со забавување на растот на електричните возила, производителите на автомобили се свртуваат кон познатите погонски единици за да ја одбранат продажбата и уделот на пазарот.

Тојота има корист од порастот на глобалната побарувачка за хибриди. Групацијата Mercedes-Benz претходно во средата соопшти дека ќе продава автомобили со мотори со внатрешно согорување подолго од очекуваното поради разочарувачката продажба на електрични возила.

Најновата хибридна технологија на VW, која се користи во модели како Passat и Tiguan, веќе нуди електричен опсег од повеќе од 100 километри, пишува HAK Revija.

Русите почнаа офанзива кон милионскиот Харков (ВИДЕО)

Руските сили денеска почнаа да користат оклопни возила за да ја пробијат границата со североисточниот украински регион Харков и силно ја гранатираа областа, објави Киев.

Да потсетиме дека Харков е вториот по големина украински град во кој сè уште живеат повеќе од милион луѓе по повеќе од две години војна.

Ова е најсилниот знак досега дека Русија сака да отвори нов фронт во војната. Руските сили напредувале еден километар во близина на пограничниот град Вовчанск. Борбите во пограничните области на регионот Харков продолжуваат. Киев таму итно испрати засилување, соопшти Министерството за одбрана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија започнала нова офанзива во регионот Харков.

Украински извори објавија, како што тврдат, снимки од руски возила кои учествувале во нападот. Камерите со дронови покажуваат уништување на руски камиони и оклопни возила утринава во Харковската област.

Стинг и Колдплеј бараат ослободување на ирански рапер, осуден на смрт

Активистите за човекови права, заедно со 100 музичари, вклучувајќи ги Стинг и Колдплеј, бараат ослободување на иранскиот рапер Тумај Салехи, осуден на смрт поради поддршка на масовните протести во Иран во есента 2022 година.

„Смртната пресуда на Салехи е кулминација на три години судско вознемирување вклучувајќи апсење, затворање и тортура“, се вели во петицијата на лондонската организација Index on Censorship.

Во многу од неговите песни, пејачот го привлече вниманието на состојбата со човековите права во Иран. Во октомври 2023 година, на Салехи му беше доделена наградата за слобода на изразување од страна на Index on Censorship. „Мора да се дозволи уметноста да критикува, провоцира, преиспитува и ги предизвикува авторитетите“, велат потписниците. „Ниту еден уметник не треба да биде подложен на било каков вид судско малтретирање поради остварување на своето право на слобода на изразување, а камоли да биде осуден на смрт.“

Смртната казна за Салехи беше објавена на крајот на април. Оваа вест предизвика незадоволство во Иран и други земји ширум светот. Властите донесоа одлука во врска со поддршката на Салехи за масовните протести во Иран во есента 2022 година. Во минатото, раперот со своите текстови ги критикуваше социјалните и политичките проблеми во земјата.

Композиторот и пијанистка Тамара Баршак покани и други уметници да се приклучат на петицијата. „Фактот што овој сиромашен музичар е осуден на смрт поради изразување на своите верувања е ужасен“, изјави Баршак за весникот „Гардијан“, додавајќи дека сите треба да зборуваат за тоа.

Потписник на изјавата, Ели Бразил од британската кампања Art Not Evidence, рече дека протестната музика била цензурирана низ целиот свет илјадници години. „Но, да се биде осуден на смрт поради тоа е едноставно незамисливо“, рече таа.

притисни ентер