Други спортовиМеѓународен џудо турнир „Миоки опен“ во СкопјеНад 400 натпреварувачи ќе учествуваат на осмиот меѓународен џудо турнир „Миоки опен“ што денеска се одржува во Скопје, во организација на Џудо Клубот „Миоки“ по повод Меѓународниот ден на џудото.Покрај екипите од Македонија ќе учествуваат и екипи од Србија, Грција, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија, Шведска, Грузија и Турција. Џудо Клубот „Миоки“ од Скопје е основан во 2001 година на иницијатива на џудистите Лега Миодраг и Одисеј Албановски, а на турнирот ќе настапи со 40 натпреварувачи./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалУлтиматумот на Реал до Винисиус: „Потпиши или...“Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид и бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор стигнаа до точка што лесно би можела да го означи почетокот на крајот за Бразилецот во „Кралскиот клуб“.Во Реал Мадрид повеќе немаат намера да чекаат околу продолжувањето на договорот со Винисиус. Според шпанска „Марка“, „кралскиот“ клуб му поставил јасен ултиматум на бразилскиот ас – да ја прифати последната понуда или ќе биде продаден уште во овој преоден рок. Договорот на Винисиус истекува следното лето, а раководството на Реал не сака да ризикува тој да си замине без обесштетување. Од клубот му порачале на неговиот менаџерски тим дека последната понуда е конечна и нема да има ниту подобри финансиски услови, ниту нови преговори. Иако Винисиус и понатаму се смета за еден од најважните фудбалери на тимот, во Реал не сакаат да прават исклучоци кога станува збор за платната структура во клубот. Доколку Бразилецот одбие и да потпише нов договор и да биде продаден ова лето, не е исклучено да добие споредна улога во тимот на Жозе Мурињо.Тагови: Винисиус Жуниор Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВо Битола свечено затворање на 56-то издание на „Илинденски денови“Синоќа со доделувањето на признанија и награди, односно прогласување на најуспешните фолклорни групи, КУД, ансамбли и поединци кои настапија на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ - Битола,заврши 56-то издание .Синоќа со доделувањето на признанија и награди, односно прогласување на најуспешните фолклорни групи, КУД, ансамбли и поединци кои настапија на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ - Битола, заврши 56-то издание кое беше едно од најдолгите во својата историја. Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски, кој истакна дека да се биде во Битола во овој период од годината е навистина привилегија, како за граѓаните така и за гостите, за нашите иселеници и сите добронамерници. „И за нас како добри домаќини е привилегија што секоја година уживаме во песната, играта, фолклорот. А, е привилегија бидејќи боите, звуците и душата на домашниот и светскиот фолклор, одекнаа од најубавите фестивалски сцени почнувајќи од Офицерскиот дом, преку Широк сокак, Безистенот, Музејот, Магазата, Плоштадот Магнолија, па се до Старата чаршија. Годинава го имавме историски најдолгото издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, кој има и интернационална димензија со нашите пријатели од десетици земји од светот. Традицијата има свои сведоци со песни што не стареат. Големи аплаузи за она што успеало да опстане низ времето, песната, чекорот, гласот, носијата и приказните што генерации ги носат со себе“ рече градоначалникот Коњановски. Градоначалникот рече дека културата е светлина што не се гасне, а фолклорот не е само традиција, туку иднина што ги чува корените. „Најдобриот начин да се празнува е токму преку културно – уметничкиот израз кој поврзува и одржува.Тоа уште еднаш потврдува дека со гордост, како Македонци и како Битолчани, ги продолжуваме традициите на нашите предци, пренесувајќи им порака на младите генерации за нивната обврска, да продолжат да го почитуваат делото на носителите на двата Илиндена и сите оние кои ги дадоа своите животи за денешната слобода, во која само низ културно издигнување можеме да продолжиме да го трасираме патот на напредокот. Нека ни е честит Илинден“ беше пораката на Коњановски. Директорот на Центарот за култура Сашо Илковски во свото обраќање рече дека пред 18 дена започна приказната на 56-то издание на фестивалот со надеж дека и ова издание ќе биде уште една успешна страница во историјата на фестивалот. „Вечерва со гордост можеме да кажеме дека таа надеж ја претворивме во реалност. Во изминатие денови Битола беше вистинска точка на поврзување. Град во кој се сретнаа различни народи, јазици, традиции, култури. Град во кој музиката, играта и песната станаа универзален јазик на пријателство“ рече Илковски. На свеченото затворање на фестивалот беше вечерта на интернационална музика и игра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравјеФилипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните со години пиеле неисправна вода .Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода. Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини? Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани анализи и наоди кои укажувале на микробиолошки неисправна вода во повеќе населени места, меѓу кои Студеничани, Зелениково, Петровец, Крушево и локации во Скопје. Наместо навремено информирање и решителна реакција Филипче молчел и не постапувал, а граѓаните не биле навремено известени. Во 2021-та година, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Документи стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните. Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли, има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, граѓаните тоа не го знаеле и никој не ги известил. Во документи од 2019-та, некои 2018-та, во време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт, во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел. Доколку Министерството располагало со вакви информации, зошто јавноста не била информирана? Кој одлучил овие наоди да не бидат јавно презентирани? Кој ќе ја понесе одговорноста доколку имало институционални пропусти? Очекуваме надлежните институции да ги разгледаат сите околности, да утврдат дали имало пропусти во постапувањето и, доколку се утврди одговорност, таа да биде соодветно санкционирана. Граѓаните заслужуваат отчетност од сите, без разлика дали се на власт или во опозиција. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08