Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите
2Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите
Ќерката на Анџелина Џоли заработува на улица- се откажа од татко ѝ Бред Пит и продава слики за 10 долари
2Ќерката на Анџелина Џоли заработува на улица- се откажа од татко ѝ Бред Пит и продава слики за 10 долари
ЖивотМеѓународен ден на лицата со посебни потреби Трети декември се одбележува како Меѓународен ден на лица со посебни потреби. На овој ден најмногу внимание се посветува на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат токму овие лица.Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Целта е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков хендикеп, поттик на луѓето да бидат посвесни за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со посебни потреби. Денот на лицата со посебни потреби не опфаќа само ментален или физички хендикеп, туку многу пошироко, од аутизам, Даунов синдром, мултиплекс склероза.. Според податоците на Светска здравствена организација, над една милијарда луѓе во светот живеат со некој вид на хендикеп. Стапката на инвалидност постојано се зголемува, поради стареењето на населението и глобалниот пораст на хронични здравствени состојби. Во нашата држава се проценува дека 10 отсто или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет. Здравствената и социјална заштита на лицата со посебни потреби има значајно место во секое организирано општество, не само од социјален и хуманитарен аспект, туку и од економски причини. Земјите со пониски приходи имаат повисока преваленција на инвалидност за разлика од земјите со повисоки приходи. Попреченоста е почеста кај жените, постарите лица, децата и возрасните кои се сиромашни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаIN MEMORIАM: Почина новинарката Цветанка Илиева На 77-годишна возраст почина Цветанка Илиева, долгогодишна новинарка, уредничка и водителка, која целиот свој работен век го помина во Македонската телевизија (МТВ).Илиева беше дел од голем број успешни телевизиски проекти и емисии, а низ годините остави препознатлив белег со својата професионалност, одговорност и посветеност кон новинарската и телевизиската работа. До последните денови од животот останала активна, а покрај професионалниот ангажман, била почитувана и како член на Сојузот на здруженија на пензионери. Колегите, пријателите и оние кои ја познавале ја опишуваат како скромна и тивка личност, посветена на семејството, пријателите и работата. Посмртните останки на Цветанка Илиева ќе бидат изложени утре од 10 до 11 часот во капелата на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по што ќе биде извршен погребот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, во петокот објави забрана за онлајн обложување во најголемата јужноамериканска земја и воведе нова програма насочена кон домаќинствата за полесно отплаќање на долгот.Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането Претседателот Лула да Силва ги забрани онлајн обложувалниците во Бразил со извршна наредба, помалку од две години откако владата донесе законска рамка што ѝ овозможи на индустријата да работи. За регулативата да остане на сила, Конгресот мора да ја одобри во рок од 120 дена. Зголемувањето на трошоците за коцкање ги исцрпи буџетите на домаќинствата и придонесе за рекордни нивоа на долг на домаќинствата, предупредија бразилските власти. Неодамнешните анкети на јавното мислење покажаа дека приближно три четвртини од Бразилците поддржуваат целосна забрана за онлајн обложување. „Се соочуваме со проблем со јавното здравје поврзан со онлајн обложувањето. Тоа е сериозен проблем“, рече министерот за финансии Дарио Дуриган. Кладилниците ќе останат отворени до 5 октомври Веб-страниците на кладилниците ќе останат отворени до 5 октомври за да можат корисниците да ги подигнат преостанатите средства. Почнувајќи од 6 октомври, мрежните оператори и продавниците за апликации ќе мора да го блокираат пристапот до овие страници. Сенаторот Болсонаро ја нарече забраната популистичка, лицемерна и политички мотивирана на предизборен митинг во Рио де Жанеиро. Бразилците трошат милијарди долари за обложување годишно Онлајн обложувањето во Бразил беше легализирано во 2018 година, под поранешниот претседател Мишел Темер. Во 2023 година, сегашниот претседател Лула да Силва потпиша закон со кој се воспоставуваат правила и се овластуваат онлајн казино игри, покрај спортското обложување. Од јануари 2025 година, лиценцираните оператори можат да ги обезбедуваат своите услуги низ целата земја ако платиле надомест за концесија и ги исполниле другите регулаторни барања. Министерството за финансии проценува дека бразилските домаќинства годишно трошат околу 60 милијарди реали, или 11,6 милијарди американски долари, за онлајн обложување, што му носи на државниот буџет 10 милијарди реали даночни приходи, или околу 1,93 милијарди долари. Владата ќе ги откупува долговите на домаќинствата Лула да Силва, исто така, презентираше програма за намалување на товарот на долговите на домаќинствата. Во ноември, владата ќе одржи аукција за откуп и реструктуирање на долгови, при што ќе издвои 15 милијарди реали, или околу 2,9 милијарди долари, за да преземе до 150 милијарди реали доспеани и неплатени долгови, со отпис од 90 проценти. Се очекува програмата да покрие околу половина од вкупниот износ на подобни долгови. Така, домаќинствата ќе можат да ги намират своите доспеани обврски по значително намалена вредност. Станува збор за долгови не поголеми од 10.000 реали, или околу 1.930 долари, кои доцнат за отплата помеѓу две и четири и пол години.Тагови: Бразил обложување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Се надевам дека Украина и Русија ќе постигнат договор пред зимата Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека Украина и Русија ќе постигнат договор пред зимата.Новинарите го прашаа Трамп дали разговарал за ракетите „Патриот“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но во својот одговор, тој го пренасочи разговорот кон можен договор со рускиот лидер Владимир Путин, објави „Украинска правда“. „Тие се подготвени да соработуваат“ „Многу разговарав со него. Тој е подготвен да соработува, како и Путин. Еден ден, се надевам во блиска иднина, можеби пред суровата зима, ќе постигнат договор“, рече Трамп. Потоа појасни дека сака Зеленски да постигне договор со Русија. „Дали знаете што сакам да направи? Да склучи договор. Сакам тој да се спогоди со Путин и сакам Путин да се спогоди со него“, истакна тој.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook