Меган му забранила на Хари да го посети принцот Чарлс , заразен со коронавирус

Откако принцот Чарлс (71) во вторникот дозна дека е позитивен на коронавирус, тој и неговата сопруга Камила се прсеелиле во изолација на имотот Балморал во Шкотска.

Чарлс, според „Дејли меил“, во моментов има само благи симптоми и се разболел две недели по средбата со принцот Алберт од Монако, кој исто така е заразен со вирусот КОВИД-19.

Меган Маркл беше особено загрижена поради појава на зараза во британското кралско семејство - со оглед на тоа дека принцот Хари и таа престојувале на канадскиот остров Ванкувер некое време, Меган наводно му забранила на нејзиниот сопруг да го посети неговиот болен татко - се разбира, од страв дека тој самиот не би бил заразил.

„Таа во никој случај не сака Хари да патува во Велика Британија ... И двајцата се фрустрирани затоа што сакаат да помогнат, но со оглед на околностите - не можат“, рече извор близок до Маркл.

Хари не го видел неговиот татко, принцот Чарлс, од 9 март, но тие се во редовен контакт. Покрај тоа, се чини дека пандемијата на коронавирусот ги обедини членовите на кралското семејство, кои неодамна беа потресени од прилично нарушените односи.

- Хари многу се грижи за својот татко и баба, кралицата Елизабета Втора. Се чувствува беспомошен ... Постојано се слуша со неговиот постар брат, принцот Вилијам ... Иако во Канада, тој вети дека ќе му помогне на семејството колку што може - открива изворот .

Во меѓувреме, Меган Маркл воведе дополнителни мерки на претпазливост во домот кад ешто живее со Хари  и со синот Арчи - целиот персонал во нивниот дом мора да се придржува кон строг протокол за хигиена и да носи нараквици од латекс.

притисни ентер