ООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и градинката „Лвче“ добија современ систем за загревање - почист воздух и поздрава училишна средина
2ООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и градинката „Лвче“ добија современ систем за загревање - почист воздух и поздрава училишна средина
ЖивотМеган Маркл се вработи како модна уредничкаВојвотката од Сасекс , Меган Маркл, без оглед што неодамна стана мајка, ќе почне да работи.Во тајност било договорено , Меган да се вработи во британското издание на модниот магазин Вог и тоа како гостинка- уредничка. Според британските медиуми, сопругата на британскиот принц Хари има намера на списанието да му даде ,, хуманитарна нота со фокус на омилените хуманитарни акции , за екологија и проблемите на жените” . Уредникот на британскиот Вог, Едвард Енинфул , успеал да ја убеди Меган да ја прифати работата како гостинка – уредничка , а воедно да даде и ексклузивни фотографии и интервју за големиот едиторијал. За истата работа се обидела да ја убеди и уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур , но Меган се решила да му даде предност на британското издание. Меган единствено не се согласила во британското издание да се објавуваат приватни семејни фотографии , зашто не сака да се одвлекува вниманието од важните теми , за кои ќе пишува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаГрадоначалникот Ѓорѓиевски на појадок со стопанствениците од индустриска зона ,,Пинтија”На иницијатива на Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се одржа заеднички појадок со стопанствениците долж булеварот „Борис Трајковски“.На иницијатива на Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се одржа заеднички појадок со стопанствениците долж булеварот „Борис Трајковски“, вредни домаќини кои со своето разбирање и соработка дадоа значаен придонес за решавање на еден децениски проблем. - Заедно покажавме дека со искрен разговор, меѓусебна почит и волја, се наоѓа решение. Претходно постигнавме договор за експропријација и овозможивме да се доврши булеварот кој цели 30 години беше синоним за застој, неизвесност и секојдневна голгота за граѓаните. Им благодарам од срце за довербата, трпението и подготвеноста да бидат дел од оваа голема промена. Зад овие стопанственици стојат години труд, многубројни вработени и семејства чија егзистенција зависи од успешното работење на нивните компании. Нивниот придонес за Скопје е голем и наша обврска е да внимаваме на нивните потреби, да ги слушаме и да создаваме подобри услови за работа и развој. Во мене секогаш ќе имаат пријател и партнер, а во Град Скопје поддршка на која можат да се потпрат – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека по само пет месеци посветена работа, булеварот „Борис Трајковски“ е во финална фаза и дека она што со децении остануваше недовршено, се завршува пред ветениот рок до Нова година. - За повеќе од 100.000 граѓани тоа значи безбедно движење, полесно секојдневие и достоинствено враќање дома. За стопанствениците - подобар пристап до нивните објекти и подобри услови за работа. Ова е силата на дадениот збор кога зад него стојат одговорност, работа и соработка со народот. Скопје се сака со дела – нагласи Ѓорѓиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и градинката „Лвче“ добија современ систем за загревање - почист воздух и поздрава училишна срединаОпштина Аеродром воведе современ, енергетски ефикасен систем за загревање во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, со кој значително се намалува потрошувачката на енергија и емисијата на штетни гасови.Општина Аеродром воведе современ, енергетски ефикасен систем за загревање во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, со кој значително се намалува потрошувачката на енергија и емисијата на штетни гасови, што денеска беше официјално пуштен во употреба. Новите термостатски вентили овозможуваат подобра регулација на температурата и рационално користење на топлинската енергија и во спортската сала и во детската градинка „Лавче“ во рамките на овој комплекс. Со поставување топлински пумпи, автоматско управување со греењето и модернизација на котларницата, училиштето доби поефикасно и поеколошко загревање. Новите термостатски вентили овозможуваат подобра регулација на температурата и рационално користење на топлинската енергија и во спортската сала и во детската градинка „Лавче“ во рамките на овој комплекс. Проектот се реализира во рамките на иницијативата „EU for Clean Air – ЕУ за чист воздух“, со инвестиција од околу 180.000 долари, обезбедени преку проектот. Со оваа инвестиција, Општина Аеродром продолжува да создава подобри услови за учениците и наставниците, вложувајќи во енергетската ефикасност, заштитата на животната средина и почистиот воздух. Нашата цел е јасна - современи училишта, еколошко загревање и поздрава иднина за сите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
БизарноКој предатор нападнал и убил најмногу луѓе во историјата?Кој предатор нападнал и убил најмногу луѓе во историјата, повеќето би се обложиле на погрешно животноКога се размислува за предатор кој што одзел најмногу човечки животи низ историјата, веројатно прво на памет доаѓаат лавовите, тигрите или ајкулите. Сепак, едно многу постаро животно би можело да ги надмине. Станува збор за крокодилите. За разлика од големите мачки, крокодилите можат речиси незабележливо да го чекаат својот плен под површината на водата. А штом пленот ќе им се приближи доволно, тие ненадејно напаѓаат, го фаќаат со своите моќни вилици и го повлекуваат под вода. Проблемот е во тоа што реките и езерата со илјадници години претставуваат клучни места за човечките населби. Луѓето доаѓале таму за да земат вода, да ловат риба и да ги извршуваат своите секојдневни обврски, честопати несвесни дека грабливецот ги набљудува. Најопасни се нилскиот крокодил, кој е широко распространет во Африка, како и морскиот крокодил, кој живее во делови од Азија и Австралија. Двете видови можат да надминат должина од пет метри, а луѓето честопати се наоѓаат меѓу нивниот плен. Колку долго трае оваа опасност, покажува едно откритие од клисурата Олдуваи во Танзанија. Научниците пронашле траги од крокодилски заби, стари приближно 1,8 милиони години, врз фосили на рани човечки предци. Во студија објавена во 2012 година во списанието „Journal of Human Evolution“ (Списание за човечка еволуција), беа анализирани фосилите OH 8 и OH 35, односно делови од долните екстремитети на древни хоминини. Оштетувањата на коските укажуваат на тоа дека крокодилите откинувале делови од нивните тела. Интересно е тоа што во истиот регион е откриен и изумрениот вид *Crocodylus anthropophagus*, чие име буквално значи „крокодил што јаде луѓе“. За разлика од денешниот нилски крокодил, овој вид имал и мали коскени израстоци на черепот, кои наликувале на рогови. Според меѓународната база на податоци „CrocAttack“, до април 2024 година биле евидентирани повеќе од 8.500 напади од крокодили и сродни животни. Реалната бројка веројатно е поголема, бидејќи многу случаи во оддалечените делови на Африка и Азија никогаш не влегуваат во официјалните статистики. Од друга страна, и големите мачки имаат долга историја на напади врз луѓе. Најпознат пример е тигрицата од Чампават, на која ѝ се припишуваат дури 436 човечки жртви во Индија и Непал. Неа ја застрелал ловецот Џим Корбет во 1907 година, иако точниот број на жртви денес не може независно да се потврди. Анализа на организацијата „Our World in Data“ од март 2026 година проценува дека големите мачки убиваат околу 300 луѓе годишно, а крокодилите – повеќе од 150. Сепак, авторите предупредуваат на големата неизвесност на овие проценки. Ајкулите, и покрај нивната застрашувачка репутација, убиваат само неколку луѓе секоја година. Една од причините за тоа е што луѓето поминуваат многу помалку време во нивното природно живеалиште. Најсмртоносното животно во светот, сепак, не е крокодилот. Ако се земе предвид вкупниот број на смртни случаи предизвикани од животни – а не само од оние што можат да нè изедат – тогаш комарците се најопасни. Пренесувајќи болести како маларија, денга и жолта треска, тие се одговорни за околу 760.000 смртни случаи годишно. Отровните змии, пак, одземаат уште 100.000 животи. Кога станува збор за предатори што можат да ги гледаат луѓето како плен, крокодилите остануваат меѓу главните кандидати за титулата „најсмртоносни“ во човечката историја. Иако не е можно научно да се потврди дека крокодилите изеле најмногу луѓе во историјата, фосилите покажуваат дека нашите предци морале да се чуваат од овие животни многу пред да настанат првите историски записи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook