Мицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот
2Мицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот
3Евроамбасадорот Рокас најави милионски вложувања во инфраструктурата и можен раст на фондовите за Македонија
МакедонијаООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и градинката „Лвче“ добија современ систем за загревање - почист воздух и поздрава училишна срединаОпштина Аеродром воведе современ, енергетски ефикасен систем за загревање во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, со кој значително се намалува потрошувачката на енергија и емисијата на штетни гасови.Општина Аеродром воведе современ, енергетски ефикасен систем за загревање во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, со кој значително се намалува потрошувачката на енергија и емисијата на штетни гасови, што денеска беше официјално пуштен во употреба. Новите термостатски вентили овозможуваат подобра регулација на температурата и рационално користење на топлинската енергија и во спортската сала и во детската градинка „Лавче“ во рамките на овој комплекс. Со поставување топлински пумпи, автоматско управување со греењето и модернизација на котларницата, училиштето доби поефикасно и поеколошко загревање. Новите термостатски вентили овозможуваат подобра регулација на температурата и рационално користење на топлинската енергија и во спортската сала и во детската градинка „Лавче“ во рамките на овој комплекс. Проектот се реализира во рамките на иницијативата „EU for Clean Air – ЕУ за чист воздух“, со инвестиција од околу 180.000 долари, обезбедени преку проектот. Со оваа инвестиција, Општина Аеродром продолжува да создава подобри услови за учениците и наставниците, вложувајќи во енергетската ефикасност, заштитата на животната средина и почистиот воздух. Нашата цел е јасна - современи училишта, еколошко загревање и поздрава иднина за сите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Општина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, ИталијаОпштина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, Италија, предводена од градоначалникот, при што се одржа средба на која се разговараше за можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка.Посебен акцент беше ставен на размената на искуства и добри практики во областа на лозарството, винарството и винскиот туризам, како и на можностите за соработка во културата и промоцијата на локалните потенцијали. Кавадарци, како центар на Тиквешкиот вински регион, има богата традиција во лозарството и производството на вино, што претставува одлична основа за поврзување и заеднички иницијативи со општини од Италија, земја со истакната винска и културна традиција. Оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на пријателските односи, размена на знаења и искуства и отворање нови можности за идни заеднички проекти во интерес на граѓаните на двете општини, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионотДенеска во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот.Денеска во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот, со посебен акцент на македонскиот пат кон Европската Унија и посветеноста на Владата на реформите и европските интеграции, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на европската интеграција на Западен Балкан. Во фокусот се европската перспектива на регионот, реформите и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, со очекување за конкретни резултати и силна поддршка за европската иднина на Македонија, објави премиерот Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаЕвроамбасадорот Рокас најави милионски вложувања во инфраструктурата и можен раст на фондовите за МакедонијаЕвропската унија инвестира стотици милиони евра во енергетската, дигиталната, патната и железничката инфраструктурна поврзаност на Македонија со Европа бидејќи ја гледа како своја идна членка во што е можно поскоро времеЕвропската унија инвестира стотици милиони евра во енергетската, дигиталната, патната и железничката инфраструктурна поврзаност на Македонија со Европа бидејќи ја гледа како своја идна членка во што е можно поскоро време – порача евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас. Тој најави дека износот од 750 милиони евра од Планот за раст наменети за земјава наскоро може да се зголеми, како и дека освен веќе доделените 65 милиони евра, дополнителни 40 милиони преку Европскиот мировен фонд може да ни бидат доделени за зајакнување на македонските воени капацитети. - Овде во Македонија, сите заеднички вложуваме напори и се надевам дека многу наскоро ќе можеме да ги направиме одлучувачките чекори за отворање на преговорите за пристапување, за да можеме да чекориме кон она што треба да биде заедничка иднина под еден покрив – покривот на Европската Унија,- Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија. Германската амбасадорка во земјава – Петра Дрекслер, ја пофали земјава за проактивен пристап кон европската безбедност, особено преку континуираната поддршка за Украина, но како што рече, независно судство претставува темел за целокупната отпорност. -Исто така, треба да имате предвид дека функционалното и независно судство претставува темел и предуслов за сè друго; зашто, без судски интегритет и владеење на правото, нема вистински да се воспостави институционалната доверба неопходна за долгорочна отпорност,- - Петра Дрекслер, амбасадор на Германија во Македонија. Вицепремиерот и министер за транспорт – Александар Николоски изјави дека стратешките за ЕУ Коридори 8 и 10 како патните така и железничките, активно се градат, што освен од економска, како што вели, се значајни и за политичката стабилност на земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook