Меган и Хари за прв пат во јавност по крунисувањето, Маркл ги покажа нозете - Канал 5

Меган и Хари за прв пат во јавност по крунисувањето, Маркл ги покажа нозете

Принцот Хари и Меган Маркл првпат се видени во јавноста по крунисувањето на кралот Чарлс.

Меган и Хари за прв пат во јавност по крунисувањето, Маркл ги покажа нозете

Парот бил фатен на влезот од ресторан во Санта Барбара, каде отишле да вечераат суши. Меган и Хари се насмевнаа и се држеа за раце и не обрнуваа внимание на фотографите.

Меган за вечерата носеше мини фустан кој ѝ ги истакна нозете. Нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет не беа со нив.

Да потсетиме, само принцот Хари отиде на крунисувањето на Чарлс Трети, кое се одржа минатиот викенд, додека Меган и децата останаа во нивниот дом во Монтесито.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска оствари средба со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. 

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Д-р Ангелески е специјалист ортопед кој своите студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа завршил и специјализација од областа на ортопедија.

Во својата професионална кариера работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, а ја извршувал и функцијата директор на Медицинскиот симулациски центар.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а со тоа и од новиот директор очекувам да ја зајакне улогата на инспекторатот во заштита на јавното здравје, што е можно побрза и повидлива инспекција на терен со доследна примена на прописите, како и континуирана отчетност и транспарентност во работата. Упатувам и благодарност на досегашниот директор д-р Кирил Лазов за работата и професионалниот ангажман, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

Македонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.

Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата трета придружничка.

Одличен пласман забележа и македонскиот претставник во машка конкуренција, Јасмин Мустафоски од Охрид, кој се закити со две титули – четврти придружник и најдобар фотомодел (Best Photo Model).

На годинешното издание на Miss & Mister Planet, титулата во женска конкуренција ја освои претставничката на Романија, додека во машка конкуренција победи претставникот на Индија.

Катарина и Јасмин се членови на Модното студио „Црнокрак“, кое е официјален носител на лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор за убавина.

Со освоените три титули, македонските претставници уште еднаш го потврдија потенцијалот на домашната модна сцена, успешно претставувајќи ја Македонија на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина.

Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина.

Народна банка го крие решението за тоа како Славески го проценил ризикот за влез на Алта банка во Македонија.

Медиумите го побарале решението на Извршниот одбор на НБРМ, кој се состои од гувернерот и вицегувернерите. Посочиле дека го бараат без евентуалните класифицирани и чувствителни информации.

Ама не го добиле.

Ова е потврда на се што СДСМ говори. Вистината се крие од јавноста за да се заташка случајот, да се спасат виновниците кои ја донесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија.

Гувернерот Славески јавно изјави дека одлуката за Алта банка ја донел во консултација со Мицкоски.

Затоа се крие од јавноста. Одговорноста чука на вратата на Славески и Мицкоски.

Во Законот за банки точно стои кога треба да се одбие барањето за стекнување акции.

Член 59, став 6, ги издвојува високиот ризик за стабилноста, сигурноста и угледот на банката и основаниот сомнеж во законското потекло на парите, интегритетот или вистинскиот идентитет на лицето и поврзаните лица.

Блиските врски, сопственичката или организациската структура може да ја отежнат супервизијата и преземањето корективни мерки.

Ова е составен дел и од Кривичната пријава којашто СДСМ ја поднесе , а за која поминаа 10 дена и не се постапува.

21 ден откако пукна скандалот нема истрага за Алта банка. 10 дена нема постапка по Кривичната пријава на СДСМ.

Очигледно им се купува време на Мицкоски и Трајко Славески да го заташкаат случајот, да го сокријат трансакциите, документите, сметките....

Во Србија на големо се постапува, истрага, стечај, 400 милиони, блокирани сметки, приведен Мацура. Само во Македонија ништо не се презема.

А народот не може да дојде до своите пари.

Сега гледаме истите тие кои што ја внесоа Алта банка во земјата, Мицкоски и Славески, брзаат, да ја обезвреднат и да ја продадат. Потоа СДСМ ќе го обвинуваат за проблемите кои тие ги создадоа.

Времето одминува.

Обвинителот Савески мора да постапи, да отвори истрага за Алта банка и согласно Закон сите да одговараат.

Доколку не постапи ќе стане соучесник, и тоа мора да му биде јасно.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер