ЗабаваМеган и Хари за Божик избегале во луксузна вила , сопственост на мистериозен милионер (ФОТО)Првиот Божиќ на принцот Хари и Меган Маркл со нивниот син Арчи решија да го поминат далеку од кралското семејство, во Америка и Канада.Тие заминаа пред Денот на благодарноста, и со оглед на тоа што се уште требаше да ги преземат официјалните одговорности, треба да се вратат во јануари. Нивниот престој во Америка беше прекриен со тајна, иако беше објавено дека Денот на благодарноста ќе го поминат со мајката на Меган, Дорија Рагланд. Но, со недели без фоторепортери, ниту еден папараци не го фати познатиот пар за време на Божикните празници. Британските медиуми откриваат каде Меган и Хари решиле да ги поминат празниците. Дејли Мејл ексклузивно објави фотографии од вила од над 14 милиони долари, сопственост на мистериозен милионер, сместена на островот Ванкувер. Премиерот Џастин Трудо потврди дека се во Канада и им посака официјално добредојде на Твитер пред десетина дена. Добро чуваниот имот со вила и осум спални соби се наоѓа на минијатурен полуостров, опкружен од три страни со океан. Локалното население забележало дека нешто се случува уште кон средината на декември кога таму биле инсталирани дополнителни безбедносни камери и огради. Вилата инспирирана од француското село, е целосно опремена и има неколку објекти. Главниот имот има пет спални соби и осум купатила, трпезарија, канцеларија и двокатна дневна соба со камин. Исто така постои и соба за игра, мала кино сала и сала за дегустирање вино. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МетеоПроменливо облачно,со температура од 8 до 15 степениПроменливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 5. ноември 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 5. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Кариера Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Кариера Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив. Кариера Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Кариера Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место. Здравје и совет Бидете мудри. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Кариера Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје и совет Издржете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Кариера Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа. Здравје и совет Радувајте се . Имате зошто. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа. Кариера Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје и совет Едноставно верувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје и совет Ќе ширите позитивна енергија. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Кариера Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје и совет Бидете отворени. Девица 23.8.-23.9. Љубов Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Кариера Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје и совет Ќе се чувствувате добро во својата кожа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндреј Жерновски во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Секретарот за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски.Еврокомесарката Кос ни порача дека и покрај подготвеноста, единствен начин да се излезе од ќорсокакот се уставните измени и дека топката е кај нас, возможен ли е и како до национален консензус? Дали и какви последици ќе почувствува Македонија од падот на Вучиќ? Можни ли се промени во владината коалиција по изборите во Брвеница? Вечерва Гоце Михајлоски во Само Интервју со Андреј Жерновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00