3Поранешна руска шпионка откри како функционира „медената стапица“- бројот 7 игра клучна улога (ВИДЕО)
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
3Ник Кенон се обидел да направи групен разговор со шесте жени, кои му родија 12 деца- настанал хаос (ВИДЕО)
ЖивотМега сторија! Сведоштвото на Вајли, човекот кој ја одигра главната улога во најголемата измама на Фејсбук во историјата (видео)Хакирани се повеќе од 250 милиони профили.Британски Гардијан повеќе од година дена ја истражувал компанијата Cambridge Analytica и нејзината врска со компанијата Brexit,но и врската со американските претседателски избори. Но сега оваа компанија и нејзината соработка со Фејсбук се најдоа во центарот на внимание поради Кристофер Вајли, поранешен работник и идејниот зачетник на процесот со кој се „уловени“ приватните податоци на повеќе од 250 милиони корисници на Фејсбук. Овој 28-годишен Канаѓанец, типичен компјутерски махер, ја одигра главната улога во скандалот што го стресе Фејсбук. Пред четири години, тој дошол до идеја што доведе до формирање на Cambridge Analytica, , компанија која се занимава со собирање податоци и која одигра клучна улога во излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Компанијата беше исто така и центар за операции што се користеа во кампањата на Доналд Трампа, која му ја донесе победата на претседателските избори. Вајли се опишува себеси како "геј Канѓанец и веган кој некако ја создал психолошката воена алатка за Стив Бенон". Стив Бенон беше извршен претседател на десничарската страница Breitbart и шефот на Вајли. Роберт Мерсер, таен американски милијардер и републикански донатор, беше богат инвеститор во Cambridge Analytica. Идејата која ги спои овие умови беше да се искористат огромни количини на податоци од социјалните мрежи користејќи ја вистинската воена методологија за "информативни операции" и со нив да се "напаѓаа" американски електорат. Вајли ја надгледуваше имплементацијата на оваа идеја како нејзин креатор.А уште минатата година, тој му стана извор на новинарот кој и ја открил аферата, пишува The Guardian. Збунет, виновен, лут и горчлив, поранешниот работник во Кембриџ Аналитика се притаил во Канада. Кога новинарот контактирал со него, тој кажал дека пред тоа не разговарал со никого за тоа. И тогаш едноставно не можеше да го запре тоа. Во тоа време, Бенон стана главен стратег на Трамп, советник. Матичната компанија, Cambridge Analytica SCL, добила договори со американската влада и се одлучила за соработка со Пентагон. Во тој момент, Вајли почнал да паничи. -Тоа е лудост. Компанијата создаде психолошки профили од 230 милиони Американци. И сега сакаат да работат со Пентагон? Тоа е како Никсон на стероиди, рече тој. Според документите што ги поседува Вајли, минатата година беше откриено дека компанијата исто така била поврзана со Викиликс на кој му се обратиле за да им помогне во дистрибуцијата на украдена пошта Хилари Клинтон во 2016 година. А започна и истрагата за вмешаноста на Русија во изборите во САД. Обсервер го прими првото од трите писма од Cambridge Analytica во кое тие се заканија дека ќе го тужат Гардијан за клевета. И тоа во време кога светот се обидува да ја разбере ситуацијата и размерите на она што се случи, што Милер минатиот месец го нарече "војна на информациите". Вајли нуди уникатен поглед од внатре во она што се случувало. Тогаш еден 24-годишен студент по мода смислил план како да собере профили од милиони луѓе во САД и со помош на нивните приватни информации да создаде софистицирани психолошки и политички профили. И со помош на сите овие согледувања, да ги "напаѓаат" со специфични реклами кои влијаат врз нивната личност. -Го скршивме Фејсбук“, кажал Вајли. Вајли го направи тоа во име на неговиот нов шеф, Стив Бенон. Новинарот го прашал дали може да каже дека тој го хакирал Фејсбук. Тој неволно одговорил и нагласил дека мислел дека сето она што го правеле било сосема легално и отворено. Симон Милнер од Фејсбук им порача на британските пратеници дека Кембриџ Аналитика нема податоци од Фејсбук. - Тие може да имаат голема количина на податоци, но тие не се податоци собрани преку Фејсбук за неговите корисници. Ова се најверојатно податоци за луѓето кои се на Фејсбук, кои тие ги собрале самостојно, но тоа не се податоците што им ги дадовме – нагласил Милнер. Употребата на податоци од Фејсбук исто така беше негирана од страна на директорот на Кембриџ Аналитика Алеккандер Никс. -Не работиме со податоци од Фејсбук и немаме податоци од Фејсбук“, нагласил. Повеќето од оние кои го истражувале овој проблем знаат дека ова не е случај, особено тоа го потврдуваат документите што ги има Вајли. Докази од сметки, е-пошта, писма итн. покажуваат дека за само два месеци во 2014 година се собрани податоци за повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук. Покрај тоа, тој имал писмо од адвокатите на Фејсбук, кои признал и потврдил дека компанијата незаконски собирала податоците. Во 2012 година, Вајли имал 21 година и работел за либерални демократи, кои во тоа време биле коалициски партнери во владата. Како тинејџер, му било дијагностициран АДХД и дислексија, а училиштето го напуштил на возраст од 16 години без никакви квалификации. Ова не го спречи да се вклучи во политиката. На 17 години работел во канцеларија на канадскиот лидер на опозицијата, а на 18 години учел од националниот директор на Обама за насочено рекламирање. На 20 години, тој дошол во Лондон за да студира право. - Политиката е како банда. Никогаш во суштина не заминувате. Добивав повици од либералните демократи. Тие сакаа да ги надградат и да ги подобрат своите бази и податоци за гласање. Покрај студирањето, работев и за нив ", истакна тој. Иако не го сакал училиштето, се пронашол во политиката, особено дека одработувал пракса во канадскиот парламент. Му се допаднало што „возрасните“ го слушаат додека зборува. Политичарите кои соработувале со него го нарекуваа доста бистро момче. За тоа време двајца студенти на Кембриџ проучувале како да истражуваат личности, како да ги детерминираат и измерат. Дејвид Стилвел развил и разни апликации за Фејсбук, меѓу другото, и една што открива каква личност се корисниците на профилите. И со нивна дозвола, добија увид во податоците на оние кои учествуваа во истражувањето. Ова истражување од 2007 година беше оригинално, револуционерно и примената на откриената беше одлична. Првите што ги препознаа можностите што ги нуди ова истражување беа воените и одбранбените институции. Откако студијата беше објавена во 2013 година, и Вајли ги препознава можностите. И тогаш почна да размислува за либералите. - Сакав да знам како тие биле толку лоши на изборите, а истите тие владееле со земјата до крајот на 19 век. Потоа почнав да ги истражувам податоците на нивниот електорат. И не најдов никаква силна врска. И тогаш почнав да истражувам како особините на личноста можат да поттикнат одредено политичко однесување. И одеднаш имаше смисла. Либерализмот е поврзан со отвореност и совесност, и кога ќе се сетите на нив, тие всушност се расфрлани професори и хипици. Тие се отворени за нови идеи. И тогаш сè беше во ред и се ми стана јасно - истакна тој. Наскоро, член на Либералната партија го запозна Вајли со компанија наречена SCL Group, чија подружница SCL Elections ќе ја основа Кембриџ Аналитика (Cambridge Analytics. ). Директорот Никс му понудил можност што не можел да ја пропушти. -Ќе ти дадеме комплетна слобода. Експериментирај. Дојди и тестирај ги сите твои луди идеи“, кажал Никс. Неговата работа беше, во која тој беше експерт, да создаде "психолошки операции" кои требаше да ги променат умовите на луѓето преку убедување, но со помош на "доминација на информации", механизам кој се состои од гласини, дезинформации и лажни вести. Тој работел во владата како политички стратег со напредни вештини во собирањето податоци. - Размислувам што ако ја прифатив другата работа што ми се нудеше тогаш. Во Deloitteu. Cambridge Analytica во тој случај не би постоела. Вие не знаете колку мислам за тоа - нагласува. Кога го запознал Бенон,тоа бил вистински почеток: -Тој веднаш сфати се. Тој верува во доктрината на Ендрју Брајтбарт дека политиката ја следи културата, па ако сакате да ја смените политиката, прво мора да ја менувате културата. За тоа вистински доказ са модните трендови. Трамп е како пар Uggs (чизми). И сега, како да ги донесете луѓето од моментот кога тоа им се грди обувки до моментот кога сите ги носат - тоа беше нешто што сакаше да го открие. Бенон ја претстави идејата на Роберт Мерсер, тогашниот шеф на хеџ фондот "Ренесанс технологии". Покрај поддршката и донирањето на републиканските кандидати, тој, исто така, ја поддржа неговата ќерка, Ребека, која беше посебно воодушевена од Вајли. Мерсер беше пионер на вештачката интелигенција, а помогна и во креирање на различни алгоритми. -Во политиката, најчест случај е тоа што човекот кој има најмногу пари е всушност најглупавиот човек во собата. Но, тоа не беше случај со Мерсер, кој зборуваше малку, но тој навистина слушаше. Тој сакаше да ја разбере науката. И сакаше доказ дека тоа функционира ", нагласи Вајли. За да го направите ова, на Вајли му беа потребни податоци. Како компанијата дојде до податоците беше предмет на многу истраги и дебати. Никс негираше дека податоците се добиени Global Science Research, и додаде дека во 2014 година правеле некои истражувања за нив, но податоците не биле "плодни". Но, ова беше нов проблем, бидејќи Вајли поседува документи од 2014 година, во кои се потврдува дека SCL, партнер на Cambridge Analytica, склучил договор со GSR во сопственост на Александар Коган под претпоставка дека преземаат и обработуваат податоци од Фејсбук со цел да дознаат за карактеристиките на личноста на гласачкото тело. Тој има сет на сметки кои покажуваат дека Кембриџ Аналитика потрошил 7 милиони долари за да ги собере овие податоци, од кои милион долари отишле на сметка на GSR. Исто така, има банкарски извештаи кои ги потврдуваат овие трансакции. Коган го сретнал во барање по експерт кој може да обезбеди пристап до податоците. Преку e-mail, тој разговарал со некои психолози како да дојде до идеален начин да се соберат, а потоа и употреба на податоците. Така, Александар Коган му понудил решение кое многу од неговите колеги сметале за неетичко. Тој предложи реплицирање на истражување на научен пар без нив. Ова на Вајли му изгледало како одлично решение. Со желба, идеја и ресурсите што ги располагаа, Коган можшее да почне да работи на собирање лични информации. Тактиката беше следна: тој ги привлекуваше луѓето да учествуваат (платени) во квиз на личност на Амазон. На крајот од тој квиз, Коган направил апликација која може да дозволи пристап до профилот на Фејсбук на оној кој го решава квизот. И така, околу 320.000 од оние кои биле вклучени, всушност, дале увид во уште најмалку 160 дополнителни профили на оние кои не учествувале во квизот воопшто. За само неколку недели Коган собрал милиони профили. Но, никој всушност не провери дали тоа што се прави е легален. Сигурно е само дека не беше одобрено. Иако Коган имал дозвола за пристап до податоците на Фејсбук, тие можеле да употребат само во научни цели. Според британскиот закон, продажбата на лични податоци на трета страна без согласност е забранета. Фејсбук можеше да види се што се случува. Нивните безбедносни протоколи беа активирани, бидејќи Коган почна да добива огромна количина на податоци, но, наводно, им рекол дека тоа е за потребите на научните истражувања. На тоа тие одговориле: "Во ред", кажал Вајли. Kоган и денес тврди дека сè што правел е легално и со знаење и согласност на Фејсбук. Со податоците што ги добија имаа увид во корисничките профили и создадоа алгоритам со кој тие можеа да профилираат милиони други. Две години по овој пробив, адвокатите на Фејсбу му пишале на Вајли кој ја напуштил Кембриџ Аналитика во 2014 година дека податоците се собрани незаконски и дека "GSR не е овластен да ги споделува и продава податоците". Кажале дека истите мора веднаш да бидат избришани. - Јас веќе го направив тоа. Фејсбук не направи ништо за да ги врати податоците, рече тој. Кембриџ Аналитика ги негира сите обвинувања за кои Обсервер, како и другите медиуми ширум светот пишуваат. Коган се уште работи на Кембриџ, но интересно е што работел и за еден американски универзитет, а особено интересно е што добил стипендија од руската влада за да го испита "стресот, здравјето и психолошкото добро на социјалните мрежи". Интересно е нивната поврзаност со руската нафтена компанија Лукоил. Сите овие, но и сите слични инсинуации, обвинувања, итн. Никс продолжува да ги отфрла, особено врската со руските поединци. Вајли денес вели дека жали што направил и за се во што се вклучил. Тој вели дека е ужасен факт сознанието за тоа колку информации се достапни и што никој не знае за тоа со кој и кога Кембриџ Аналитика може да работи. Откако објави серија податоци за оваа афера, која ги поддржа со документи од периодот во кој работел, Фејсбук го укина неговиот профил на неговата социјална мрежа, пишува Си – Ен - Ен. Неговото излегување во јавноста беше поддржано од неговите родители, а тој е бестрашен, без оглед на големите сили, влијателните и богатите луѓе за кои зборува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУпад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)Мустафа Болат (29) извадил пиштол од 9 мм и отворил оган врз Али Унлу во продавница во Вуд Грин, северен Лондон, по расправија со семејството на жртвата.Еден од истрелите бил испукан само неколку сантиметри од главата на Унлу, но неверојатно, сите три куршуми ја промашиле жртвата. Инцидентот е снимен со безбедносните камери на продавницата. Снимката го покажува Унлу како се врти непосредно пред разбојникот да отвори оган. Потоа жртвата возвраќа и почнува да се бори со напаѓачот. Двајцата се туркаат и влечат еден со друг сè додека не паднат врз фрижидер со пијалоци, испраќајќи корпи со овошје што летаат во сите правци, објавува Дејли Меил. Болат бил уапсен и обвинет за обид за убиство, но поротата го ослободила од обвинението откако тврдел дека „само се обидувал да ја исплаши“ жртвата. Тој бил ослободен и од обвинението за поседување огнено оружје и муниција со намера да се загрози животот. Болат му рекол на судот дека не сфатил дека оружјето што го држел е „вистинска смртоносна машина за убивање“. Тој исто така тврдеше дека снимките од безбедносните камери покажуваат дека претходно имал можност да го убие Унлу и дека тоа не му била намера. Тој се изјасни за виновен за поседување огнено оружје со намера да предизвика страв од насилство и беше осуден на затворска казна во Олд Бејли во Лондон во петок, 6 ноември. Снимките од безбедносните камери, прикажани за време на судењето, го покажуваат Болат како влегува во продавницата во март и испука три истрели, пред Унлу да го фати и да го турне кон полиците на фрижидерот. Here's gunman Mustafa Bolat firing three shots in a corner shop to terrorise Ali Unlu at the WG Express convenience store in Wood Green. Mr Unlu fought back as the two men sprawled in the fruit section, sending apples spilling to the floor.https://t.co/0fpjMx9HnU https://t.co/DVTzcYcEe2 — CourtNewsUK (@CourtNewsUK) November 9, 2026 „Болат станува и го насочува пиштолот кон Унлу, кој инстинктивно ја подава десната рака и ја крева левата рака на Болат, која го држи пиштолот. Двајцата продолжуваат да се борат, паѓаат на ладилник, а потоа се движат кон дното на екранот“, рече обвинителот Николас Александар. Потоа напаѓачот е виден како мирно ја напушта продавницата, додека жртвата фрла шише во негов правец. Александар додаде: „Како што можете да замислите, имало голем број повици на 999 од луѓе кои пријавиле пукање во продавницата WG Express“. Болат, кој живее во Тотенхем, ѝ рече на поротата: „Не сум чудовиште, не сум ангел. Правам грешки како и сите други. Бев глупав што извршив сериозно кривично дело. Не се обидувам да го минимизирам кривичното дело што го извршив, само сакам да бидам сигурен дека поротата знае дека не сум убиец.“ Напаѓачот имал претходна пресуда за тешка телесна повреда во врска со напад со нож на 14 јули 2017 година. За време на вкрстеното испрашување на Болат, обвинителот рече: „Ова беше инцидент каде што возевте автомобил, а пред вас имаше друго возило. Во таа пригода имавте кујнски нож со вас.“ „Излеговте од вашиот автомобил, ја ставивте раката низ отворениот прозорец на автомобилот пред вас и замавнавте со ножот кон возачот на тој автомобил.“ „Возачот во таа пригода претрпе две повреди, на ногата и зглобот. Значи, вие сте лице способно да користи оружје.“ Болат беше уапсен додека возел автомобил, иако претходно му беше забрането да вози. Со тоа, тој ги прекрши условите на 12-месечна условна казна изречена во период од две години за опасно возење и одбивање да даде примерок за тестирање за алкохол и дрога. Во писмо до судијата, осудениот изрази каење и рече дека сега сака да води „законски живот“. Судијата Сајмон Мајо го отфрли тврдењето на Болат дека не знаел дека пиштолот всушност е функционален. „Уверен сум дека знаевте дека е вистинско огнено оружје“, рече судијата. „Влеговте во продавницата, го репетиравте пиштолот и го насочивте кон г-дин Унлу. Следеше жестока борба за време на која од пиштолот беше испукано неколку пати. Последиците лесно можеа да бидат катастрофални. Фактот дека никој не беше убиен или сериозно повреден беше во голема мера прашање на случајност.“ „Намерно внесовте наполнето огнено оружје и беше очигледно дека некој може да биде убиен или сериозно повреден. Целта на внесувањето на тоа оружје во продавницата беше да се заплаши и да се предизвика страв.“Тагови: продавница разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
СудбинаИнфлуенсер понижувал сиромашен работник за да добие кликови- наместо да го понижи, добил 800.000 долари (ВИДЕО)Типичен работен ден во американската држава Мичиген се претвори во непријатно искуство за татко на четири деца, кој се обидуваше да ја заврши работата и да се врати кај своето семејство. Додека редеше замрзнати пици во супермаркет, еден млад човек му се приближи со телефон и реши да се пошегува на социјалните мрежи. Меѓутоа, она што требаше да биде уште едно вирално видео заврши на сосема неочекуван начин. Наместо да му се смеат на работникот, луѓето од целиот интернет застанаа на негова страна и започнаа кампања за собирање средства што надмина 760.000 долари. Според „Американ Форчун“, работникот познат како Волт З. немал поим дека еден од најнепријатните моменти на работа ќе му донесе толку многу поддршка од странци. „Мојот живот е веќе доволно тежок“ Сè започна кога младиот човек што го снимаше побара да му каже колку е часот. Кога Волт го извади телефонот, непознатиот инфлуенсер го приближи својот уред до него и пушти звук што имитираше успешно плаќање преку системот Apple Pay. Потоа рече дека штотуку зел десет долари од него. Всушност, не беа префрлени пари. Целта беше да се предизвика реакција од работникот и да се сними неговата збунетост или лутина. На почетокот, Волт се обиде да ја прекине непријатната ситуација и да продолжи да работи. Сепак, младиот човек повторно му се приближи и овој пат рече дека му зел дваесет долари. Во тој момент, работникот го изгуби трпението. - Мојот живот е доволно тежок. Немам време за вакви работи - рече тој, видливо вознемирен. Објасни дека неговите деца веќе си легнале, дека требало да биде дома еден час порано и дека следниот ден има нов работен ден. Морал да стане во пет часот наутро за да посети уште десет продавници. И потоа изговорил реченица што особено ги погодила луѓето кои подоцна го гледале видеото. - Веројатно заработувате пари од ова, а јас не можам ниту да ја платам хипотеката. Имам четири деца дома. Ова не е смешно! - рече работникот. View this post on Instagram A post shared by cmnewz (@coremedianewz) Интернетот одлучи да му помогне Видеото брзо почна да се шири на социјалните мрежи, но јавната реакција не беше она што веројатно го очекувал шегаџијата. Наместо да се исмева работникот, имаше гнев поради неговото понижување и излив на поддршка за човек кој отворено зборуваше за финансиските тешкотии на неговото семејство. Еден од луѓето кои беа особено погодени од видеото беше Лук Оукеншилд, воен ветеран кого Волт никогаш порано не го запознал. Тој одлучи да започне кампања GoFundMe на 27 октомври за да собере пари. Реакцијата беше релативно скромен првиот ден, но ситуацијата се промени многу брзо. До следниот ден беа собрани околу 5.500 долари, потоа износот надмина 100.000 долари, а до 30 октомври достигна половина милион долари. Според податоците објавени од Fortune на 2 ноември, кампањата собра 761.514 долари преку донации и ветувања. Меѓу донаторите беше и американскиот претприемач и политичар Вивек Рамасвами, кој придонесе 38.000 долари. Човекот кој ја започна кампањата живее во својот автомобил Постои уште еден необичен детаљ во целата приказна. Имено, човекот кој ја започна кампањата за помош на Волт, самиот се соочува со сериозни животни тешкотии. Оукеншилд изјави дека нема постојан дом и живее во својот автомобил. И покрај ова, тој одлучил да му помогне на еден потполно непознат човек чија ситуација длабоко го погодила. Тој објасни дека ја започнал кампањата затоа што добро знае што значи да се бориш со животните проблеми и дека не очекувал поддршката да достигне такви размери. Откако дознал за неговите околности, еден пријател започнал посебна кампања за да му помогне и него. Организаторот истакнал дека платформата GoFundMe го следи собирањето средства наменети за Волт, за да можат парите да стигнат до него. Компанијата стои зад вработениот За време на непријатната средба, Волт се плашел дека инцидентот може да му предизвика проблеми на работа. Сепак, Schwan's, кој е сопственик на брендот за замрзната пица Red Baron, јавно го поддржал својот вработен. Компанијата соопшти дека го контактирала за да провери како е и дека продолжува да го поддржува. На социјалните мрежи беше објавена и порака, во која се наведува дека Волт сè уште работи за компанијата и има база на обожаватели, вклучувајќи ги и неговите работодавци. Во меѓувреме, Инстаграм профилот од кој првично беше објавено видеото со шегата е избришан. Приказна што допре до милиони Fortune истакнува дека силната јавна реакција не е поврзана само со несоодветното однесување на авторот на видеото. Ситуацијата на Волт им потсети на многу Американци на нивните сопствени финансиски проблеми. Според анкетата на CNBC и SurveyMonkey од јули 2026 година, 63 проценти од Американците рекле дека живеат од плата до плата. Во такви околности, приказната за човек кој работи со полно работно време, издржува четири деца и се бори да го отплати хипотеката предизвика големо сочувство. Самиот Волт им се заблагодари на донаторите и рече дека поддршката што ја добиле тој и неговото семејство значи повеќе отколку што можат да изразат зборовите. Тој исто така нагласи дека сака да ја зачува приватноста на своето семејство, поради што засега најчесто се држи подалеку од јавноста. Приказната што започна со обид за понижување на еден работник, така, имаше сосема поинаков крај. Наместо да стане предмет на потсмев на интернет, таткото на четири деца ја доби поддршката од илјадници странци, кои решија да му помогнат да ги надмине финансиските тешкотии.Тагови: инфлуенсер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран ги отфрли обвинувањата за хакерски напади на фрижидери во 700 француски маркетиТехеран ги отфрли обвинувањата од Париз дека стои зад неодамнешната серија сајбер напади врз фрижидерите на француските супермаркети. Иранското Министерство за надворешни работи ги нарече таквите тврдења неосновани и пристрасни и објави дека најостро ја осудува „истрошената политика на Франција за обвинување против Иран“, пишува Politico. Францускиот министер за дигитална транзиција Жан-Ноел Баро вчера изјави дека Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран е одговорен за невидени сајбер напади врз неколку трговски ланци минатиот месец. Баро додаде дека Париз не исклучува никакви опции како одговор на нападите што погодија 700 локации за дистрибуција на храна. „Ќе ги преземеме сите мерки што сметаме дека се соодветни и неопходни за да ги одвратиме идните напади и да ги казниме одговорните за оваа неприфатлива агресија, вклучително и оние што нема да ги објавиме во јавноста“, рече министерот. وزارت امور خارجه اتهامهای بیاساس و مغرضانه دولت فرانسه علیه ایران مبنی بر مشارکت در اقدامات ادعایی سایبری در فرانسه را کاملا مردود دانسته و سیاست نخنمای اتهامزنی علیه ایران را شدیداً محکوم میکند.. https://t.co/B8idaglHxB — وزارت امور خارجه (@IRIMFA) November 10, 2026 Истрагата се фокусираше на Револуционерната гарда Амбасадорот на Иран во Франција е повикан во Министерството за надворешни работи откако француските обвинители објавија дека отвораат истрага за хакирање. Според француските истражители, нападите ги извршила иранската сајбер единица Шахид Каве, која е поврзана со Револуционерната гарда. Париското обвинителство соопшти дека истрагата ќе се фокусира на шефот на тоа одделение. Наведоа и дека поради сајбер нападот избувнале дваесетина пожари. „Напаѓачите од далечина ја презедоа контролата врз опремата преку веб-интерфејсот и започнаа ненормални циклуси на одмрзнување со неограничено времетраење. Тие, исто така, ги исклучија безбедносните предупредувања на сензорите кои требаше да се активираат откако температурата ќе надмине одредена граница“, се вели во соопштението. Дискусија на ниво на ЕУ Претседателката на Европскиот совет Каја Калас вчера најави дека наводните ирански хакерски напади ќе бидат разгледани на состанокот на Советот за надворешни работи следната недела. Таа рече дека одговорот на Европа треба да биде силен доколку се потврди кој стои зад нападот. Европската комисија исто така ги истражува овие напади. Европскиот комесар за земјоделство и храна Кристоф Хансен ги опиша како „намерен обид да се наруши нашиот синџир на снабдување со храна“.Тагови: маркети фрижидери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21