Медведев со огромен пресврт во финалето на Австралија Опен - Канал 5

Медведев со огромен пресврт во финалето на Австралија Опен

Јаник Синер и Данил Медведев ќе играат во финалето на првиот годинашен Грен слем тениски турнир Австралија Опен во машка конкуренција.

Медведев со огромен пресврт во финалето на Австралија Опен

Откако претходно денеска италијанскиот Sinner го победи бранителот на титулата и најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ во првото полуфинале со 6-1, 6-1, 6-7, 6-3, попладнето Русинот Медведев го победи Александар Зверев со огромен пресврт во второто полуфинале.Германија со 5-7, 3-6, 7-6, 7-6, 6-3.

Речиси четири и пол часа траеше полуфиналето меѓу Медведев и Зверев.

За Медведев ова е трето финале во кариерата на Австралија опен, откако претходните две ги загуби, во 2021 година од Ѓоковиќ, а во 2022 година од Рафаел Надал. Во својата кариера има освоено еден Грен слем трофеј, на УС Опен во 2021 година.

Неговиот противник Синер прв пат во кариерата ќе игра грен – слем финале. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повтори

СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите и хистеријата во јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повтори

Денеска ова на прес-конференција го правеше нивниот Андреј Жерновски кој на јавноста и е познат по менување партии, неуспешна политичка кариера.

Во суштина тоа се тие ликови на актуелното раководство на СДС кои реално се талогот на Македонија. Тоа се тие на кои им пречи се, им пречи Македонија, им пречат резултатите кои ги има оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, резултати кои граѓаните ги чувствуваат секојдневно. Им пречи стандардот на граѓаните кој од ден на ден се подобрува, им пречи што оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ достоинствено се грижи за идентитетот, им пречи што достоинствено и како никогаш до сега реализира достоинствено одбележување на 35 години независност на Македонија.

Да му објасниме во оваа прилика на Жерновски.

Ако Зоран Заев, Венко Филипче се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е токму тој самиот Андреј Жерновски.

Граѓаните на Македонија одлучија дека сакаат државата да оди напред, тие да одат напред и тоа се да се прави достоинствено како и што е сега.

Андреј Жерновски едноставно е талог на Македонија кој тешко дека ќе се повтори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младите

Тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање.

Дебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младите

Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката.

Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, како и потребата од координиран институционален одговор.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека младите не се само иднината, туку и сегашноста, а нивното активно учество во општеството е предуслов за подобро разбирање, навремено спречување и решавање на проблемите врзани за насилството.

За неа, вистинското, а не виртуелното дружење, непосредната, а не дигиталната комуникација имаат незаменлива вредност, а љубовта, почитта и мировната култура се учат од најрана возраст.

Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, проблемите мора да се решаваат во сегашноста, со посилен фокус на превенцијата, безбедната училишна средина и подготвеноста на наставниот кадар да ги препознава новите форми на агресија. Таа нагласи дека промената на менталитетот е долг процес во којшто мора да учествуваат сите општествени чинители.

Владимир Караев, претседател на „Рубикон“, коешто ја практикува театарската техника „форум театар“ предупреди на влијанието на пасивните сведоци, укажувајќи дека насилството добива сила кога има публика. Тој повика на нулта толеранција и проактивност, односно охрабрување на младите да реагираат.

Младинската активистка Селма од Струга, зборуваше за врсничкото насилство мотивирано од етничката припадност и потребата од рано воспитување во духот на заемната почит, со порака дека различностите треба да бидат предизвик за учење едни од други, а не причина за поделби.

Студентката и младинска активистка Ангела, нагласувајќи ја важноста на личната одговорност во градењето на меѓуврсничките односи, укажа дека социјалните мрежи нецелосно ја отсликуваат реалноста, па дигиталната комуникација честопати остава простор за погрешно толкување.

Панелистите и учесниците во дебатата се согласија дека тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање. За сите, младите не се само иднината, туку и сегашноста, затоа мораме да градиме мировна култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“

Меѓународниот центар за уметност и одржлив АРТ ПОИНТ - ГУМНО од с. Слоештица, годинава одбележува 23 години континуирано креативно делување.

Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“

Помеѓу соработките што ги остварува со разни меѓународни организации од областа на културата или заштитата на животната средина, значајно место зазема и соработката со претставниците на реномираната Либеречка школа за фотографија - LŠF од Чешка. Професори и селектирани студенти од оваа школа, до сега, во три наврати реализираа престој во уметничкиот центар со седиште во селото Слоештица и крстосуваа низ селата од горно-демирхисарскиот регион за автентично да ја раскажат приказната за неисцрпното природно и културно богатство кое полека, но сигурно, исчезнува.

Годинава, во периодот од 12 до 23 август, гости на меѓународната уметничка колонија ќе бидат 7 претставници на чешката школа за фотографија. Двајцата професори - Шимон Пикоус и Јана Хунтрова и селектирани студенти ќе продолжат со извонредната уметничка фото-документација и преку своите фотографии ќе ја овековечат приказната за т.н. „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“.

Воедно, нивното гостување ќе биде искористено за продуктивни дискусии со нивни колеги, особено млади фотографи, пред сѐ од пелагонискиот регион, како и релевантни претставници од областа на културната едукација, со цел обмислување на долгорочна

соработка со размена на студенти, искуства, знаења, заеднички проекти и сл.

Селектирани фотографии создадени за време на престојот, традиционално ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на посебен настан, насловен како ОТВОРЕНО СТУДИО што ќе се одржи на 22ри август.

Проектот се реализира со делумна поддршка од македонското министерство за култура и туризам.

Фото: Јана Хунтрова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер