3Мицкоски: Со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 год
3Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
МакедонијаМеџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на СкопјеВо Старата скопска чаршија беше откриена спомен-плочата посветена на Адолф Циборовски, во знак на благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во знак на благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и за неговата посветеност на зачувувањето на историското наследство на градот. Во своето обраќање, градоначалникот Меџити ја истакна важноста од негувањето на историската меморија и оддавањето признание на личностите кои оставиле трајна вредност во развојот на Скопје. „Адолф Циборовски беше еден од оние луѓе кои разбраа дека градот не се гради само со создавање на новото, туку и со зачувување на она што го прави единствен. Неговиот придонес во зачувувањето на Старата скопска чаршија останува дел од историјата на Скопје, а спомен-плочата што денес ја откривме е израз на нашата благодарност за неговата визија и посветеност“, изјави Меџити. За време на настанот беше истакнато значењето на меѓународната солидарност во обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година, како и потребата од зачувување на историското и културното наследство како нераскинлив дел од идентитетот на градот и неговата колективна меморија. Општина ЧаирКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
ЕкономијаГоривата засега остануваат најевтини во регионот, Владата ја следи состојбата на светските пазариПо растот на цената на нафтата на светските берзи премиерот Мицкоски уверува дека граѓаните не треба да се грижат и дека Македонија и натаму ќе остане со најевтини горива во регионот. Граѓаните можат да бидат спокојни, земјава и понатаму ќе остане со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивата во регионот, порача премеирот Христијан Мицкоски - откако цената на нафтата на светските берзи се искачи на над сто долари за барел, поради конфликотот на Блискиот Исток. Новите цени на горивата Регулаторната комисија ќе ги соопшти утре, а доколку има потреба премиерот уверува дека Владата веднаш ќе интервенира. „Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и сè уште остануваме земја со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Доколку биде потребно, ќе реагираме како што реагиравме и досега, иако станува збор за берзански производи чии цени зависат од движењата на светските пазари, а не од тоа дали некој е подобар претприемач или подобар политичар“ Во однос на новите царини од страна на САД и тоа што соедна Србија е привремено изземена од нив, Мицкоски појасни дека и Македонија не е опфатена со ваквите дополнителни царини, но дека тоа на значи дека ниту Србија, ниту Македонија нема да плаќаат никакви царини кон САД. Потенцираше дека треба да се направи разлика меѓу редовните царински давачки и дополнителните царини што Вашингтон ги воведе за дел од земјите. „И ние не сме меѓу 60-те држави на кои им се воведени дополнителни обврски, но тоа не значи дека немаме царини. Истото важи и за Србија и за другите земји што не се на таа листа. Ние ги цениме односите со САД како наш стратешки партнер и сметаме дека конечно можеме да соработуваме онака како што доликува на две партнерски држави. Не правиме естрада од тоа, туку водиме нормална и одговорна политика“ Мицкоски појасни и дека седумте милиони евра кои Владата ги позајмила од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и Јавното претпријатие за државни патишта ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка за изградбата на автопатите. Нагласи и дека станува збор за вообичаена процедура која многупати во минатото била применувана и дека средвата уште следниот месец ќе им бидат вратени на компаниите. Веќе утре пред пратениците ќе се најде и ребалансот на буџетот, а за кој се поднесени десетици амандмани од опозицксите партии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаЈанев: Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кај село ВозарциПожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кој зафати сува трева и дрвја во атарот на село Возарци.Екипите на терен вложуваат максимални напори за локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење. Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни и одговорни, особено во овие денови со високи температури, и да не палат оган на отворен простор. Со заедничка грижа и одговорно однесување можеме да помогнеме во заштитата на природата и безбедноста на сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 годДенес, со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.Тој трагичен ден остави неизбришлива болка, но истовремено покажа дека кога сме обединети, можеме да ги надминеме и најголемите предизвици. Солидарноста што тогаш ја покажаа граѓаните и помошта што пристигна од целиот свет засекогаш го вградија Скопје меѓу градовите што ја претворија трагедијата во симбол на надеж, достоинство и заедништво. Денес наша обврска е да го чуваме тоа наследство, да градиме посилна, побезбедна и поразвиена држава, во која животот, безбедноста и доброто на граѓаните ќе бидат највисок приоритет. Нека е вечен споменот на сите што ги загубија животите. Скопје памети. Македонија не заборава, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter