3Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети
БалканМедиумски центар „Фактоје“: Пописот и бугарската „битка“ во Пустец Пописот и бугарската „битка“ во Пустец, фактите потврдуваат дека обвинувањата на претседателот на МАЕИ Васил Стерјовски, се вистинити.Медиумскиот центар „Фактоје” кој се занимава со верификација на фактите преку оценување на изјавите на јавните функционери и политичари, објави опширен текст за „бугарската битка во Пустец“, во кој по верификација на фактите околу обвинувањата на претседателот на МАЕИ и поранешен пратеник Васил Стерјовски, истите ги оценува како вистинити. -Последното бојно поле на историскиот судир меѓу Бугарија и Македонија се чини дека се случи во прекрасното село Пустец. Обвинувањето на поранешниот пратеник во албанскиот парламент Васил Стерјовски за мешање и притисок од Бугарија за вештачко создавање малцинство таму, и покрај јавните факти, беше игнорирано од албанските власти и покрај сомнежот што паѓа на интегритетот на процесот и автентичноста на информациите што ги дадоа граѓаните под притисок, наведува центарот во поднасловот „Притисоци и мито за македонското малцинство - институциите и слепи и глуви“. Додава дека почетокот на процесот на прибирање податоци за граѓаните во рамките на оваа значајна статистичка операција, го врати вниманието кон феноменот на добивање бугарски пасоши, а поранешниот пратеник во Парламентот на Албанија, Васил Стерјовски, претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, предупреди на мешањето од страна на Бугарија кон ова малцинство се со цел да се изјаснат како Бугари на пописот во 2023 година. Наведува дека во октомври 2023 година, Албанија го започна пописот, при што Институтот за статистика ги собира и обработува податоците за населението, за потоа да објавува демографски, економски статистики итн. Дел од овој процес е и изјаснувањето на етничката припадност, кое се прави врз основа на самоизјаснување. Токму тука, според поранешниот пратеник Стерјовски, се врши притисок врз граѓаните во селата каде што има мнозинство македонско малцинство. -Знаевме дека овој пат Бугарија ќе го искористи единствениот инструмент, пасошите, за луѓето да се декларираат како Бугари. Од самот почеток на пописот, но и пред тоа, бугарската амбасада им се јавуваше телефонски на оние лица кои поднеле барање за пасош и бараше од нив да се изјаснат на пописот како Бугари и дека зборуваат бугарски јазик, во спротивно ќе им се прекини постапката за вадење пасош, пренесува „Фактоје” дел од изјава на Стерјовски. Отворено официјално мешање За да се разбере наводната интервенција против македонското малцинство во Пустец и пошироко, центарот „Фактoје“ направил верификација на обвинувањата на поранешниот пратеник Стерјовски, врз основа на информациите собрани од негова страна. -Од почетокот на пописот, бугарскиот амбасадор почна да ги посетува областите каде што има македонско малцинство. Вториот ден од пописот појдоа во Голо Брдо да поделат подароци. Отворено водеа кампања на вториот ден од пописот, пренесува изјава на Стерјовски и дополнува со факти. На 15 септември, три дена пред почетокот на пописниот процес, во официјална посета на Албанија дојде потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која се сретна со албанскиот претседател, претседателката на Собранието, вицепремиерката Белинда Балуку и министерот за внатрешни работи Таулант Бала. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, бугарската потпретседателка вели дека „од највисоко ниво добила гаранции дека националниот попис на населението во Албанија ќе се спроведе според највисоките европски стандарди, почитувајќи ги правата на сите етнички заедници, вклучително и бугарската“. „Предизвик“ го нарече бугарската потпретседателка одржувањето на пописот во Албанија, процес за кој рече дека Бугарија ќе го следи „со надеж дека сè ќе биде во ред“. Бугарската потпретседателка за време на посетата отпатува и во областите на Албанија каде што има македонско малцинство, како Голо Брдо, Големо Острени и Елбасан. Дел од придружната делегација на бугарската потпретседателка беше и граѓанинот Спас Ташев. Последниот, поранешен советник на бугарската влада, денеска нема никаква официјална функција. - Ова лице на 30 септември 2023 година на својата Фејсбук страница објави фотографии од пописниот лист во Албанија, обвинува поранешниот пратеник Стерјовски, обезбедувајќи и фотографии од наведената објава. Според Стерјовски, придружникот на бугарската потпретседателка на средбите во областите на македонското малцинство во Албанија, Спас Ташев, објавил фотографии на одговорите дадени од албанските граѓани во процесот на пописот 2023 година, податоци кои се заштитени со закон како чувствителни и лични податоци. „Благодарност до моите пријатели во Албанија кои ми испратија фотографии од нивните одговори на пописот кои покажуваат дека тие се самодекларирале како Бугари кои го зборуваат бугарскиот јазик - стои во објавата од 30 септември, на социјалната мрежа Фејсбук, каде оваа објава сега не е достапна. Она што сè уште е јавно на мрежата е написот на Спас Ташев според кој „изјаснувањето на етничката припадност на неговите бугарски сонародници на албанскиот попис ќе зависи пред се од бугарската дипломатија“. Подигнувајќи тврдења за ризикот од промена на реалниот резултат, ова тврдење го поддржа и потпретседателката Јотова, според Ташев кој пишува дека „проблемот“ со запишувањето на етничката припадност на населението кое живее на границите на Република Албанија станало јасен во февруари годинава, кога ИНСТАТ (Завод за статистика) направи пилот тест за пописот на населението. Ташев, кој кажа дека ги видел резултатите од овој пилот тест, вели дека „тогаш членовите на комисиите биле под влијание на Скопје и само еден Бугарин бил регистриран во регионот на Мала Преспа, иако луѓето пред нас изјавија дека ја декларирале својата бугарска припадност “. Центарот во текстот наведува дека „податоците на кои Ташев се повикува ИНСТАТ никогаш не ги објави“. Закани и подароци Друг облик на притисок и влијание што Стерјовски го посочува дека се врши врз македонското малцинство е влијанието преку подароци и отворени јавни закани. „На денот на почетокот на пописот во Албанија, Фондацијата Македонија упати јавни закани кон граѓаните кои поднеле барање за бугарски пасош, вели Стерјовски посочувајќи на објавата споделена на социјалната мрежа Фејсбук од лицето Виктор Стојанов. Објавата, која сè уште е јавна на Фејсбук, според центарот, е самообјаснувачка, зашто Стојанов јавно ги повикува граѓаните во Албанија кои сакаат да поднесат барање за бугарски пасош според потеклото, да се изјаснат како Бугари на пописот а неговите објави на Фејсбук започнаа најмалку еден месец пред почетокот на пописот во Албанија, со најава дека тој лично ќе биде во Пустец за време на процесот. -Овој човек е од екстремната десница на Бугарија, претседател на фондацијата Македонија во Софија, и во последните години имавме многу проблеми со него, особено во Пустец. Доаѓаше многу пати, и има направено инциденти со други десничарски екстремисти од партијата АТАКА. Имаме сомнежи дека можеби се под руско влијание бидејќи гледаме дека отворено ја поддржуваат Русија. Ние предупредивме на ова лице уште пред да започне пописот, објаснува Стерјовски покажувајќи фотографии од јавни закани што Стојанов им ги делел на Албанците кои аплицираат за бугарски пасош. На тоа центарот додава дека во многу наврати на социјалната мрежа Фејсбук Виктор Стојанов се појавувал како дели подароци во областите на Албанија каде што се тврди дека постои бугарско малцинство и нагласува дека датумите се совпаѓаат со оние на пописот во Албанија. -Меѓу другото, Стојанов сподели и фотографија од еден таблет на кој се прикажани прашањата од пописот во 2023 година и одговорите дадени од испитаниците. На фотографијата може да се види таблетот што го користел ИНСТАТ (Завод за статистика) за собирање на податоците на населението за пописот во 2023 година, како и прашањето за етничката припадност, за кое граѓанинот Гезим, кој ги дава одговорите, се изјаснил како Бугарин, посочува „Фактоје”. Ова, според поранешниот пратеник Стерјовски, бил голем притисок врз оние граѓани кои можеби се во процес на добивање бугарско државјанство, кои сметаат дека информациите што ги даваат како одговор при пописот на ИНСТАТ не се тајни и „може да се искористат против нив“. Градоначалникот на општината Пали Колефски изјави дека ова лице не дошло во Пустец за време на пописот. -Видов што напиша на социјалните мрежи. Ова лице го пријавивме во албанската полиција дека во текот на пописот не треба да влијае или да биде присутен барем во тој период. Затоа што лошо влијаеше. Поднесовме пријава доколку се обидеше да дојде, но тој воопшто не се приближи овде. - изјави Пали Колефски за „Фактоје“. Барање да не се дозволи Виктор Стојанов да влезе во Албанија за време на пописот упати и партијата Македонска алијанса за европска интеграција - известува Стерјовски - но таа не била земена предвид од албанските власти и Стојанов невознемирен влегол во Албанија. Веродостојноста на процесот е уште потежок кога податоците за граѓаните на Пустец ги објавуваат медиумите пред крајот на собирањето податоци од ИНСТАТ. Европските стандарди и законот за малцинствата Според Васил Стерјовски, сите овие форми на притисоци, но особено оној на „пронаоѓање со име“ на лицата кои на пописот се изјасниле како Бугари или не, доведуваат до искривување на резултатот. Ова затоа што недостигот на доверба на еден редовен и таен процес на попис на населението, носи како последица можност за лажни одговори. На тоа „Фактоје” потсетува дека според Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, слободната самоидентификација во рамките на пописот на населението и другите процеси на собирање податоци започнува со слободното одлучување на поединецот. -Слободната самоидентификација на една личност може да се доведе во прашање само во ретки случаи, како на пример кога не се заснова на добра волја. – пишува во Конвенцијата на Советот на Европа. Документот на Советот на Европа понатаму нагласува дека „регистрацијата на самоидентификација во случај на идентитетот на малцинството не треба да се наметнува однадвор. Двата основни критериуми на пописот преку самоидентификација се нарушени, нагласува Стерјовски. Тој оваа акција на Бугарија ја нарекува дел од нејзината стратегија за вештачка асимилација на македонските малцинства во регионот. Доказ за тоа, според него, е фактот што иако во пописите на ИНСТАТ прашањето за етничката припадност отсекогаш било со самоидентификација, во пописот од 2011 година не се појавил ниту еден Бугарин во ниту една област на Албанија. -Бугарското малцинство за првпат беше признаено со измените на законот за малцинствата во 2017 година, во време кога во Албанија немаше такво малцинство. Според овој закон, секоја област каде што 20% од населението припаѓа на малцинска група има обврска да го користи јазикот на тоа малцинство во училиштата, службените документи, патната сигнализација. Ова е тоа што сака да го постигне Бугарија, смета Стерјовски. По верификување на фактите, медиумскиот центар „Фактоје” кој е единствениот медиум за проверка на факти во Албанија кој ја поттикнува и промовира одговорноста заснована на правото на информирање и транспарентност, написот го завршува со констатација, дека обвинувањата на Стерјовски се вистинити. - И без оглед на целта и стратегијата што ја избрала бугарската држава, она што го покажуваат објавите на социјалната мрежа Фејсбук е влијанието што е извршено врз жителите на областите каде што живее македонското малцинство да се изјаснат како Бугари на пописот и на заканите за недавање или одземање на бугарското државјанство за оние кои го стекнале ова право. Врз основа на јавните податоци, обвинувањата на поранешниот пратеник Васил Стерјовски ги сметаме за вистинити, заклучува на крајот „Фактоје“. Инаку, пописот во Албанија, кој почна на 18 септември, требаше да заврши на 30 октомври, но беше продолжен и според ИНСТАТ, официјално заврши вчера. Тој е 12-ти попис во историјата на земјата, првиот бил спроведен во 1923, а последниот во 2011 година. Претставниците на македонските асоцијации тврдат дека досега во пописните резултати нема лице кое се изјаснило како Бугарин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаДа покажеме хуманост, да му помогнеме на Стефан- потребни се 280.000 евра за лекување во Германија Хуманитарен апел за спас и закрепнување на 32-годишниот Стефан Петрушевски упати неговата сестра Габриела, која бара помош од граѓаните за да се соберат 280.000 евра потребни за негово лекување и рехабилитација во Германија.Стефан веќе четири месеци се наоѓа на Клиниката за интензивно лекување и реанимација, по тешка повреда. Според апелот на неговата сестра, неговата состојба бележи подобрување и покрај првичните лоши прогнози, но за продолжување на лекувањето му е потребен специјализиран рехабилитациски третман во странство. Како што наведува Габриела, во Македонија нема соодветни центри за рехабилитација на ваков тип повреди, а клиника во Германија побарала 280.000 евра за третманот. Семејството не е во можност самостојно да ја обезбеди потребната сума, додека Фондот за здравствено осигурување не ги покрива овие трошоци. Стефан има само 32 години, сопруга и едногодишен син Алексеј, за кого семејството се надева дека повторно ќе го има својот татко дома. „Ве молам да ми помогнете, кој колку е во можност, да ги обезбедиме средствата и заеднички да го испратиме Стефан на рехабилитација. Понизно ве молам да се сплотиме и на мојот Алексеј да му го вратиме татко му дома“, апелира неговата сестра Габриела Љубовска. Таа информира дека се отворени сметки за донации во денари и евра, а во текот на следната недела се очекува да бидат објавени и телефонски линии за донирање, како и можности за уплата преку хуманитарни платформи. Семејството повикува на солидарност и помош од сите граѓани, со надеж дека заеднички ќе успеат да ги соберат потребните средства за лекувањето на Стефан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СветКинеското воено раководство одржа разговори со рускиот министер за одбрана во ПекингЏанг Шенгмин, потпретседател на Централната воена комисија на Кина, му изјави на рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов дека Пекинг се стреми кон соработка со Москва со цел зајакнување на стратешката комуникација и воената доверба.Средбата се одржа во Пекинг, а кинеското Министерство за одбрана издаде соопштение, како што пренесе Ројтерс. Оваа средба го нагласува зајакнувањето на билатералните односи меѓу Кина и Русија во политичката, економската и безбедносната сфера – тренд што се забележува во последните години. Ова е, исто така, прва јавна средба на Џанг со некој странски министер откако минатата недела беше унапреден во Политбирото на владејачката Комунистичка партија. Џанг и кинескиот претседател Си Џинпинг се единствените двајца преостанати членови на чело на воената команда, откако пет од седумте членови – кои беа назначени за време на реорганизацијата во 2022 година – беа отстранети како дел од кинеската антикорупциска кампања. Russian Defense Minister Andrei Belousov says cooperation between Russia and China has reached an “unprecedentedly high” level. During talks in China with Central Military Commission vice chairman Zhang Shengmin, Belousov said the partnership is underpinned by direct contacts between Vladimir Putin and Xi Jinping. The Chinese side said the two leaders had set new strategic directions and expressed confidence that military cooperation will continue to deepen. #China — NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) November 3, 2026 Стратешки цели за соработка Според соопштението на Министерството, Џанг истакнал дека односите меѓу Кина и Русија влегле во „нова фаза на поголеми достигнувања и побрз развој“. Тој дополнително нагласил дека овие односи играат конструктивна улога во одржувањето на глобалната стратешка стабилност и подобрувањето на глобалното управување. Џанг нагласи дека Пекинг е подготвен да истражи нови области на соработка со Москва, со цел подобро да се заштитат суверенитетот, безбедноста и развојните интереси на двете нации. Тој додаде дека целта вклучува и зачувување на меѓународниот и регионалниот мир и стабилност. Во септември, во Пекинг, Џанг се сретна и со министрите за одбрана на Виетнам и Индонезија. Овие средби се одржаа паралелно со регионалниот одбранбен форум што се одржуваше таму.Тагови: Пекинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Шоу бизЛени Кравиц се огласи по шпекулациите дека загинал во авионската несреќа во Флорида Лени Кравиц се огласи откако на интернет почнаа да кружат приказни за неговата наводна смрт во Флорида.Социјалните медиуми беа преплавени со вести дека легендарниот музичар Лени Кравиц наводно е меѓу жртвите на авионската несреќа што се случи во неделата во Флорида. Сепак, се покажа дека станува збор за неточна информација, што неговите претставници брзо ја негираа. Падот на приватниот авион „Лирџет“ ги уби сите девет лица во авионот. По трагедијата се појавија тврдења дека познатиот рок-музичар бил меѓу патниците, што предизвика голема загриженост кај неговите обожаватели. Публицистот на Кравиц реагираше на овие обвинувања и јасно стави до знаење дека пејачот не бил во авионот. - Извештаите се невистинити и неточни - изјави неговиот портпарол за порталот „BocaNewsNow“ во неделата вечерта. Гласината беше поттикната од објава на социјалната мрежа X, која сподели наводна снимка од екранот од порака од пилотката Емили Шелтон (21). Содржината на контроверзната објава сугерираше дека таа ќе пилотира авион во кој ќе го носи Лени Кравиц, на патување од Остин, Тексас, до Бахамите. Објавата дури спомена и една од неговите познати песни. - Многу ми е чест што утре летам со едниот и единствен Лени Кравиц, од аеродромот во Остин до аеродром на Бахамите. Со нетрпение очекувам да го угостам во авионот. Песната „It Ain't Over 'Til It's Over“ ќе се свири во пилотската кабина - рече таа во објавата. Сепак, набрзо беше потврдено дека Емили Шелтон не го пилотирала авионот што се урна. Емили се огласи на TikTok за да спречи понатамошно ширење на дезинформации и да негира каква било поврзаност со несреќата. „Неодамна дознав дека кружат гласини дека јас сум пилот на авионот што неодамна се урна во Палм Бич. Сакам со почит да разјаснам дека не бев јас. Ги молам луѓето да престанат да шпекулираат и да шират дезинформации за оваа трагедија и да покажат почит кон сите вклучени. Моите мисли се со сите оние што ги загубија своите животи, како и со нивните семејства и сите оние што беа погодени од оваа трагедија“, напиша таа на TikTok. Што се случи? Дополнително на конфузијата беше информацијата дека млада жена што работеше како пилот е меѓу загинатите. Според „Њујорк пост“, во авионот била 20-годишната Наталија Гаделха Филгеирас, која ја добила пилотската дозвола додека сè уште била во средно училиште. Таа била копилот. Според АП, авионот се урнал во станбена област во округот Палм Бич во јужна Флорида, недалеку од прометен автопат. Авионот претходно изгубил висина и се урнал со голема брзина во станбена област. Истрагата за околностите на несреќата ја води Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB), со поддршка од Федералната администрација за воздухопловство (FAA).Тагови: Лени Кравиц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook