Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети
2Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети
3Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)
МакедонијаСтојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудитеОфицијална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков. Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање. Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика. Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКинеското воено раководство одржа разговори со рускиот министер за одбрана во ПекингЏанг Шенгмин, потпретседател на Централната воена комисија на Кина, му изјави на рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов дека Пекинг се стреми кон соработка со Москва со цел зајакнување на стратешката комуникација и воената доверба.Средбата се одржа во Пекинг, а кинеското Министерство за одбрана издаде соопштение, како што пренесе Ројтерс. Оваа средба го нагласува зајакнувањето на билатералните односи меѓу Кина и Русија во политичката, економската и безбедносната сфера – тренд што се забележува во последните години. Ова е, исто така, прва јавна средба на Џанг со некој странски министер откако минатата недела беше унапреден во Политбирото на владејачката Комунистичка партија. Џанг и кинескиот претседател Си Џинпинг се единствените двајца преостанати членови на чело на воената команда, откако пет од седумте членови – кои беа назначени за време на реорганизацијата во 2022 година – беа отстранети како дел од кинеската антикорупциска кампања. Russian Defense Minister Andrei Belousov says cooperation between Russia and China has reached an “unprecedentedly high” level. During talks in China with Central Military Commission vice chairman Zhang Shengmin, Belousov said the partnership is underpinned by direct contacts between Vladimir Putin and Xi Jinping. The Chinese side said the two leaders had set new strategic directions and expressed confidence that military cooperation will continue to deepen. #China — NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) November 3, 2026 Стратешки цели за соработка Според соопштението на Министерството, Џанг истакнал дека односите меѓу Кина и Русија влегле во „нова фаза на поголеми достигнувања и побрз развој“. Тој дополнително нагласил дека овие односи играат конструктивна улога во одржувањето на глобалната стратешка стабилност и подобрувањето на глобалното управување. Џанг нагласи дека Пекинг е подготвен да истражи нови области на соработка со Москва, со цел подобро да се заштитат суверенитетот, безбедноста и развојните интереси на двете нации. Тој додаде дека целта вклучува и зачувување на меѓународниот и регионалниот мир и стабилност. Во септември, во Пекинг, Џанг се сретна и со министрите за одбрана на Виетнам и Индонезија. Овие средби се одржаа паралелно со регионалниот одбранбен форум што се одржуваше таму.Тагови: Пекинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЛени Кравиц се огласи по шпекулациите дека загинал во авионската несреќа во Флорида Лени Кравиц се огласи откако на интернет почнаа да кружат приказни за неговата наводна смрт во Флорида.Социјалните медиуми беа преплавени со вести дека легендарниот музичар Лени Кравиц наводно е меѓу жртвите на авионската несреќа што се случи во неделата во Флорида. Сепак, се покажа дека станува збор за неточна информација, што неговите претставници брзо ја негираа. Падот на приватниот авион „Лирџет“ ги уби сите девет лица во авионот. По трагедијата се појавија тврдења дека познатиот рок-музичар бил меѓу патниците, што предизвика голема загриженост кај неговите обожаватели. Публицистот на Кравиц реагираше на овие обвинувања и јасно стави до знаење дека пејачот не бил во авионот. - Извештаите се невистинити и неточни - изјави неговиот портпарол за порталот „BocaNewsNow“ во неделата вечерта. Гласината беше поттикната од објава на социјалната мрежа X, која сподели наводна снимка од екранот од порака од пилотката Емили Шелтон (21). Содржината на контроверзната објава сугерираше дека таа ќе пилотира авион во кој ќе го носи Лени Кравиц, на патување од Остин, Тексас, до Бахамите. Објавата дури спомена и една од неговите познати песни. - Многу ми е чест што утре летам со едниот и единствен Лени Кравиц, од аеродромот во Остин до аеродром на Бахамите. Со нетрпение очекувам да го угостам во авионот. Песната „It Ain't Over 'Til It's Over“ ќе се свири во пилотската кабина - рече таа во објавата. Сепак, набрзо беше потврдено дека Емили Шелтон не го пилотирала авионот што се урна. Емили се огласи на TikTok за да спречи понатамошно ширење на дезинформации и да негира каква било поврзаност со несреќата. „Неодамна дознав дека кружат гласини дека јас сум пилот на авионот што неодамна се урна во Палм Бич. Сакам со почит да разјаснам дека не бев јас. Ги молам луѓето да престанат да шпекулираат и да шират дезинформации за оваа трагедија и да покажат почит кон сите вклучени. Моите мисли се со сите оние што ги загубија своите животи, како и со нивните семејства и сите оние што беа погодени од оваа трагедија“, напиша таа на TikTok. Што се случи? Дополнително на конфузијата беше информацијата дека млада жена што работеше како пилот е меѓу загинатите. Според „Њујорк пост“, во авионот била 20-годишната Наталија Гаделха Филгеирас, која ја добила пилотската дозвола додека сè уште била во средно училиште. Таа била копилот. Според АП, авионот се урнал во станбена област во округот Палм Бич во јужна Флорида, недалеку од прометен автопат. Авионот претходно изгубил висина и се урнал со голема брзина во станбена област. Истрагата за околностите на несреќата ја води Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB), со поддршка од Федералната администрација за воздухопловство (FAA).Тагови: Лени Кравиц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаМицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитетиДенеска имавме исклучително успешен ден.„Добра вечер повторно од Диселдорф. Денеска имавме исклучително успешен ден. Денот започна со билатерална средба со премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија, којашто во суштина е и најбогатата покраина во Сојузна Република Германија. Имавме навистина исклучително корисна и плодна средба во којашто ги истакнавме нашите добри билатерални односи. Добро е да се каже дека Македонија е единствената држава од шесте земји од Западен Балкан којашто има потпишано договор за ваков тип билатерална и економска соработка. Она што можам да го кажам за Северна Рајна-Вестфалија е фактот дека е отприлика 10 пати поголема од Македонија, има околу 18 милиони жители и е вистински економски гигант. Номиналниот БДП е поголем од 900 милијарди евра во 2025 година — ако нашиот беше околу 18 милијарди евра, тогаш зборуваме за 50 пати поголема економија. Ако нашиот БДП по глава на жител е некаде околу 10.000 евра, овде во Северна Рајна-Вестфалија тој номинален доход е околу 50.000 евра, односно 5 пати поголем. Можностите за соработка се големи. Се разбира, по завршувањето на изборите овде во Северна Рајна-Вестфалија, коишто се очекува да бидат во април следната година, го поканив премиерот на покраинската Влада да ја посети Македонија за да разговараме за уште посуштинска и подлабока соработка помеѓу нашата земја и Северна Рајна-Вестфалија. Понатаму, во текот на денот имавме состаноци со голем број компании коишто се присутни или сакаат да отворат бизнис кај нас. Меѓу нив би ја издвоил средбата со компанијата „Гересхајмер“, којашто веќе има реализирано две инвестиции. Вкупната инвестициска вредност е околу 120 милиони евра, а бројот на вработени изнесува околу 300 лица. Но, она што е поважно е нивната амбиција за нова, дополнителна инвестиција на 100.000 метри квадратни, каде што ќе го зголемат бројот на вработени до 500 и практично ќе го триплираат обртот на својот бизнис кај нас, со што ќе дадат позитивен придонес и ќе додадат вредност во македонскиот БДП. Исто така, сакам да најавам, доколку биде сѐ како што треба, во декември три нови производни капацитети, коишто кога ќе го достигнат својот врв на инвестицијата и полн капацитет, ќе отворат повеќе од 1.000, што е уште поважно, добро платени работни места. Така што, продолжуваме да се бориме за Македонија овде во Германија. Се гледаме наскоро во Скопје.“, рече премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00