ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
БалканМедиумите јавуваат дека е уапсен Борисов, бугарското МВР ја избриша објавата Вечерва околу 20 часот, десет цивилни полицајци влегле во домот на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов во Банкаја, јави репортерот на БГНЕС.Првично МВР соопшти дека Борисов е уапсен со уште три лица, меѓу кои Владислав Горанов, Менда Стојанова и Севделина Арнаудова. Малку по 21 часот, пак, оваа вест е избришана од веб-страницата на МВР. Подоцна МВР го објави следното соопштение: „Во тек е голема операција во врска со 120 случаи на Европското обвинителство во Бугарија. Претреси и заплени се вршат на многу адреси. Во моментов се приведени Бојко Борисов, Владислав Горанов, Менда Стојанова и Севдалина Арнаудова. Акцијата продолжува“. Заменик-претседателот на ГЕРБ, Даниел Митов, го опиша тоа што се случува како акција на Гестапо. Адвокатот Менко Менков изјави дека не смеел да го посети домот на Борисов. „Немам поим што прават, чекаат наредба од началник. Очекувам и мене да ме уапсат“, изјави Менков во домот на Борисов. Ова е политичка репресија. Вака Томислав Дончев го дефинирал делувањето на полицијата. „Премиерот Кирил Петков беше поканет неколку пати во парламентот, наместо да испрати полиција во домот на лидерот на позицијата, Бојко Борисов. Ова е во природата на политичката репресија“, рече Томислав Дончев. „Се јавуваат луѓе од цела држава и се подготвуваме за протести, за тоа што се случува веќе го информиравме раководството на Европската народна партија, меѓу кои и Доналд Туск, Антонио Лопез и други“, изјави Никола Николов. Тој појасни дека Менда Стојанова и Владислав Горанов се во своите домови и никој не ги привел. Во домот на Арнаудова се врши претрес, објаснил тој. „Борисов не е приведен, ова е груба манипулација со фактите. Ова не е во служба на вистината. Борисов е дома. Неговиот адвокат беше примен еден час по почетокот на постапката. Ова е груб прекршок“, изјави Десислава Атанасова, претседателка на ПГ на ГЕРБ. Портпаролката на обвинителството Сиика Милева рече дека обвинителството не било информирано за акцијата, објави БГНЕС.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело СкопјеУтре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, низ сите скопски општини ќе се одржи голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.Во акцијата ќе се вклучат општините и градоначалниците, амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност. Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат и со личен пример да придонесат за почисто и поуредно Скопје. Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензииФилипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии, пониски цени на горивата и економски раст.РЕАКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Филипче нуди само блокади и празни политички пораки, на СДС и Филипче се им смета и се против се што е добро за државата. Кога Филипче зборува за горивата, да го потсетиме дека во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата дизелот има најниска цена во регионот и пошироко. Во однос на пензиите, СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен денес имаме 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата. За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС. СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари. За време на СДС и ДУИ, над 200 илјади пензионери примаа пензии под 14 илјади денари, а зголемувањата беа минимални и недоволни за реално подобрување на животниот стандард. Филипче и СДС знаат само за марихуана економија, стабри здравство и тендери а единствена грижа им беа провизиите, процентите и тендерите во четири очи. Да потсетиме дека во првите осум квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти. За крај, Филипче треба да знае дека токму криминалите и распродажбата на државата ја сместија СДС во длабока опозиција и на маргините на политичката мапа. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаКако да се заштитат жртвите на родово базирано насилство и дали институциите потфрлаат?Само лани биле регистрирани 7.163 жртви на семејно насилство – бројка зад која стојат човечки судбини, страв и последици што најчесто остануваат зад четири ѕида.Насилството и натаму е реалност за илјадници жени и девојчиња. Само лани биле регистрирани 7.163 жртви на семејно насилство – бројка зад која стојат човечки судбини, страв и последици што најчесто остануваат зад четири ѕида. Од 2021 до 2025 година се регистрирани 30.292 пријави за семејно насилство, со растечки тренд низ годините. Како да се подобри заштитата на жртвите и каде потфрла системот, беше во фокусот на денешната панел-дискусија за заштита од родово насилство врз жените и децата, на која беше промовиран и извештајот „Каква ти е Среќата“ на авторката Стојанка Мирчева. Проектот го спроведоа Министерството за социјална политика, демографија и млади и Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во соработка со повеќе национални институции и со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје. „Ова истражување укажува на жените кои живеат со насилство, кои се обратиле на институциите за зажтита и поддршка но, ефектот во најголем дел провејува низ овие искуства дека е рамнодушност на системот...,,Нема толеранција за насилство врз жени, нема сама си го барала, нема таква ти е среќата,нема сама го избра“ -Стојанка Мирчева. Мирчева вели дека силна превенција е јасно да се покаже дека државата реагира на насилството. Затоа, според неа, објавувањето во билтените на МВР како постапила полицијата по секоја пријава испраќа јасна порака и до насилниците и до јавноста. Гласот и искуствата на жртвите се вградуваат во новите мерки за заштита, велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Целта е ниту една жена која се соочува со насилство да не остане без институционална поддршка. ,,За нас останува приоритет заедно со Владата да работиме со справувањето со насилството, да го градиме системот што сега го воспоставивме за да биде ефикасен и ниту една жена да не остане надвор ос системот на помош и поддршка,, - Светлана Цветковска. Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство, Данел Фајлер, порачува дека вистинската заштита се мери во моментот кога жртвата ќе побара помош – дали институциите ќе реагираат координирано, сторителот ќе одговара, а жената ќе добие достоинствен и професионален третман. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09