Медицинските лица – херои на 2020 - Канал 5

Медицинските лица – херои на 2020

Мединските сестри не се чувствуваат како херои, но сепак, изминатата 2020 пулсираше за нив и со нив. 

Медицинските лица – херои на 2020

И здравствените работници се луѓе, и тие имаат семејства и тие имаат стравови, вели медицинската сестра од одделот за кардиологија при „Осми септември“, Виолета Чочовска, која пред камерата на Канал 5 ги раскажа најтрогателните моменти во болничките соби...

-Панциентот се уште беше на респиратор, но бараше ливче да напише нешто.

Ова е најтрогателниот момент што останал врежан во сеќавањата на медицинската сестра од „Осми септември“, Виолета Чочоска.

Тоа беше баш трогателно за сите што бевме на смена., вели сетра Виолета.

За среќа, пациентот успеал да се избори со вирусот. Сестра Виолета, која веќе две децении работи во болница, вели, дека претходно имало секакви моменти, што е нормално за медицинските лица, но она што овој вирус го остава зад себе, ниту еден човек не може да го остави рамнодушен.

Почитувањето на мерките е пружена рака за здравствените работници, вели сестра Виолета, па иако не се свесни за тоа, најголемата помош за медицинските лица се токму граѓаните што се заштитуваат од зараза.

Сестра Виолета само што го прележала вирусот, па, сега повторно може да се грижи за оние што се уште се пациенти. Таа најмногу стравува од реприза на она што се случуваше минатата година.

Сестра Виолета, инаку мајка на две дечиња, не се чувствува како херој, па вели дека здравствените лица се обични луѓе, кои само одбрале да им помагаат на другите.

Сепак професијата на што значи борба за спас на живот повеќе, е херојство само по себе.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

Утре наутро времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Попова Шапка, 13 Крушево, 17 Маврови Анови, Претор, Берово, 18 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 19 Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 22 Скопје Петровец, Велес, 23 Демир Капија, 24 Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Американскиот државен секретар и шеф на дипломатијата Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа денеска во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Разговорите започнаа без прес-конференција и продолжија зад затворени врати. Лавров и Рубио последен пат се сретнаа пред точно два месеци, на 22 јули, на маргините на состаноците поврзани со АСЕАН во Манила.

Се очекуваше разговорите да ги опфатат билатералните односи, како и напорите за завршување на војната во Украина, по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По вчерашната средба со Трамп , Зеленски рече дека Украина е подготвена за „енергетско примирје“. „Подготвени сме за енергетско примирје ако Русите не ја нападнат нашата енергетска инфраструктура“, рече тој, додека американскиот претседател е уверен дека Русија и Украина ќе постигнат договор за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Руски воен хеликоптер „Ми-8“ денес накратко навлезе во полскиот воздушен простор од руската област Калининград, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност.

Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од Брањево, град во северна Полска во близина на границата со областа Калининград. Рускиот хеликоптер навлезе околу 300 метри во полскиот воздушен простор и таму се задржа 42 секунди.

Полската војска соопшти дека нејзините радарски системи го следеле летот на хеликоптерот во текот на целиот инцидент.

„Русија повторно ја тестира нашата одбрана“

„Природата на инцидентот укажува на тоа дека Русија повторно ја тестира подготвеноста на нашата противвоздушна одбрана“, соопшти Оперативната команда на полската војска.

Хеликоптерот потоа се врати кон областа Калининград.

Инцидентот се случи во период на зголемена воена готовност во Полска поради руските напади врз Украина и можноста за нарушување на воздушниот простор. На 21 септември, Полска исто така подигна воени авиони и ги стави копнените системи за противвоздушна одбрана и радарите во состојба на висока готовност по руските напади врз Украина.

Во последните денови, полските власти предупредија и на зголемена руска активност насочена кон земјите од НАТО. Министерот за одбрана Владислав Кошњак-Камиш вчера изјави дека Русија продолжува да го ескалира конфликтот, вклучително и против членките на Алијансата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер