3Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
ЖивотМечка ненадејно се појави во преполн ресторан- се прошета меѓу масите, гостите шокирани (ВИДЕО)Во ресторан во Тенеси настана вистинска драма кога одеднаш се појави љубопитна мечка и се обиде да се протне меѓу масите.Исплашените гости избегаа од вечерите додека животното полека се приближуваше, објавио Дејли Меил. Во момент на напнатост, еден храбар човек стана и употреби стол за да ја спречи мечката да продолжи понатаму. Видеото од инцидентот, кое го сними Ејприл Ван Клик минатата година, брзо стана вирално на социјалните мрежи. „Затоа не храниме мечки“, се пошегува таа, додека збунетото животно конечно се откажа и замина од ресторанот по потокот.Тагови: мечка ресторанот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпадНа територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан ЈовановскиПо кратко боледување почина истакнатиот македонски лекар, д-р Душан Јовановски, специјалист радиолог со над четири децении кариера во здравството.Д-р Јовановски, својот професионален пат го започна во Здравствениот дом Кратово во 1989 година, каде беше и Директор од 2005 до 2009. Од 1987 до 1997 беше спортски доктор на фудбалскиот клуб Силекс, а во периодот од 2000 – 2005 и спортски доктор на Националниот фудбалски тим на Република Македонија Последните 17 години беше незаменлив дел од тимот на МЕГАМЕД ПЛУС. Колегите и пациентите ќе го паметат како врвен радиодијагностичар со огромна емпатија и висока стручност, кој спаси стотици човечки животи. Со неговото заминувањето ќе остане огромна празнина во јавното и приватното здравство. Последниот поздрав ќе се одржи во Четврток, 25 Јуни 2026, од 09:00 до 10:00 часот на гробиштата Ѓорче Петров во Скопје Нека почива во мирКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војнаНа стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна.На стрелиштето Криволак уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter