МД „Илинден" го честиташе Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Македонско друштво „Илинден"со седиште во Тирана по повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, упатува честитка до македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.

Македонско друштво „Илинден"со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо по повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, упатува честитка до македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.

– Честитајќи Ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонско потекло во Албанија значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите културни и верски традиции, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Во честитката на која стои и македонската азбука, се потсетува дека Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се одбележува од 1999 година, со цел промовирање на јазичната култура и разновидност, како и повеќејазичноста.

Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан

„Вратата на Европската унија останува отворена за новите членки како Украина, Грузија, Молдавија или земјите од Западен Балкан, доколку ги исполнат критериумите“.

Лидерот на германската опозициска Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц денеска се заложи за прием на нови земји во Европската унија и рече дека вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи ги и партнерите од Западен Балкан ако ги исполнат критериумите за пристапување.

„Вратата на Европската унија останува отворена за новите членки како Украина, Грузија, Молдавија или земјите од Западен Балкан, доколку ги исполнат критериумите“, рече Мерц за германскиот весник „Тагешпигел“.

Тој додаде дека реформата на процесот на проширување е неопходна поради, како што рече, земјите кои не сакаат да се приклучат во ЕУ или не се во можност да се приближат кон Унијата. /МИА

КСС со свечена академија го одбележа Меѓународниот ден на трудот

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска со свечена академија го одбележа 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. 

Претседателот на КСС Благоја Ралповски им го честиташе 1 Мај на сите работници во државата и изрази благодарност до ВМРО-ДПМНЕ, која е, како што рече, една од трите која денеска се одзва на овој наш повик на Јавната акдемија за презентирање на програмата.

- Изминатите години, гледате на транспарентите околу нас, што се случуваше во државата. Можам да кажам дека еден хаос, кој се пренесе во работничките односи, денеска сакаме да го расчистиме со оние политички партии кои претендираат да бидат на власт. Денеска беше разговарано за непочитувањето на законите и колективните договори, тоа е една наша првична определба, која уште од 2017 година низ улиците на Македонија, со десетици протести и штрајкови на одредени синдикати го баравме, рече Ралповски.

Додаде дека се почитува делумно, не се почитува целосно и затоа денеска побарале од политичките партии да дојдат тука и да ги презентираат нивните програми, да ги кажат нивните размислувања, работата која ќе ја пренесат во Владата. - Дали во иднина да очекуваме ист ваков хаос или дека работите ќе си дојдат на свое место, рече Ралповски.

Според него, во земјава имаме добри закони и имаме, како што рече, какви такви колективни договори. - Во минатото ни беше одземено правото да преговараме целосно во делот на колективните договори, туку тоа беше наметнато преговарање. Ние треба само да го почитуваме работникот, да ги почитуваме законите и да ги почитуваме колективните договори, порача Ралповски.

Технички министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски и портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник Марија Митева беа дел од делегацијата на оваа партија. Велковски им го честиташе 1 Мај на сите работници во земјава и порача вработените секој ден да се борат за своите права.

- Борбата за вработените и за работниците продолжува и треба да биде врвен приоритет за сите нас. Денеска заедно со КСС дискутиравме и се согласивме за многу работи, кои за жал изминатите седум години не функционирале во системот на државата. Да, имаме добри закони, кои треба да се применуваат, меѓутоа остануваат отворени многу прашања дали се применуваат или не. Денеска имаме Закон за работни односи, Закон за безбедност и здравје при работа, повеќе од пет години во фиоките, да не бидат презентирани и јавно достапни до секој еден чинител во општеството за да дадат свој придонес, за да бидат квалитетни и функционални за сите работници во Македонија, рече Велковски.

Каратистите на Макпетрол се подготвуваат за претстојното Европско Првенство

 Македонските карате-репрезентативци, членови на клубот Макпетрол се на еднонеделни подготовки во Струга.

Претставниците на скопскиот клуб ја темпираат формата за претстојното Европското сениорско првенство, закажано за периодот од 8 до 12 мај во Задар, Хрватска.

- Макпетрол е носечкиот клуб во сениорска конкуренција на македонската репрезентација. Во составот имаме искусни, прекалени и квалитетни спортисти, а тие ќе бидат и најбројни на ова европско првенство. Ќе учествуваме со осум спортисти од клубот и затоа и одговорноста за успешни резултатски постигнувања кај нас е огромна. Нема да оставиме ништо на случајноста, бидејќи нашиот пристап и однос кон спортот е професионален. Најстручно, со најмодерна тренерска методологија, ќе се подготвиме и ќе направиме сѐ што е потребно за да ги зголемиме шансите за успешен настап на ова првенство, изјави Бошко Заборски, тренер на Макпетрол.

Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите: Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55кг.) и Ангела Мојсовска (-68кг.)

За дисциплините борби во екипна конкуренција се повикани: Викторија Јовановска, Витомир Трајовски и Стефан Стојановиќ.

Сите кои ќе настапат во поединечна конкуренција за Македонија, се пријавени и во екипна конкуренција во составите на машкиот и женскиот кумите тим за Европското првенство во Задар.

притисни ентер