Управа за финансиска полиција: Поднесе кривична пријава против две физички лица – сопственици и управители на правно лице
1Управа за финансиска полиција: Поднесе кривична пријава против две физички лица – сопственици и управители на правно лице
3Бронзен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува во Каунас, Литванија
Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
ФудбалМбапе сака да игра на крилоМбапе е незадоволен од играњето во центарот на нападот на Реал Мадрид и сака да игра на крило.Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе изрази незадоволство од неговата позиција на теренот, пренесе шпански „Спорт“. Според изворот, Французинот не сака да игра во врвот на нападот. Напаѓачот е уверен дека би бил покорисен доколку се користи на крилната позиција. По поразот од Барселона (0:4) во шпанското првенство, стручниот штаб на „белиот балет“ беше незадоволен од настапот на Мбапе во одбраната. Мбапе игра за Реал од летото 2024. Сезонава 25-годишниот напаѓач има 8 гола и 2 асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
СветИран: Ормутскиот теснец останува затворен сè додека траат заканите од САДИранската Револуционерна гарда објави дека Ормутскиот теснец нема повторно да се отвори сè додека траат заканите од САД и – како што тврди таа – мешањето на Вашингтон во регионалниот поморски сообраќај. „Ормутскиот теснец не може повторно да се отвори сè додека продолжуваат заканите и запаливата реторика од американските официјални лица, како и нивното мешање во поморскиот сообраќај во регионот“, соопшти Револуционерната гарда. Иран тврди дека има цврста контрола врз влезните и излезните точки на теснецот, кој претставува една од најважните светски рути за транспорт на нафта и гас. Американската војска ги оспорува иранските тврдења во врска со затворањето на теснецот, наведувајќи дека комерцијалните бродови продолжуваат да минуваат низ него со помош на САД. Револуционерната гарда тврди дека, поттикнати од американски летала, два танкера за нафта во текот на ноќта се обиделе да поминат низ дел од јужниот дел на Ормускиот Теснец, кој Иран го смета за небезбеден. Двата брода се вратиле назад кратко откако на еден од нив избувнал голем пожар, соопшти Револуционерната гарда. Причината за пожарот не е соопштена, а во моментов нема ниту независна потврда за иранската верзија на настаните. „Ормускиот Теснец е наша територија, а морнарицата на Револуционерната гарда одржува цврста контрола врз него. Нема да дозволиме каква било сила што доаѓа од илјадници километри подалеку да се меша“, изјавија од Револуционерната гарда. Во последните денови, Иран исто така известуваше за пресретнување или напади врз танкери што се обидувале да пловат низ теснецот без негово одобрение. Вчера, Револуционерната гарда објави дека пресретнала три танкери за нафта. САД започнуваат нов бран напади врз Иран Соопштението на Револуционерната гарда уследи по почетокот на нов бран воздушни напади на американската војска врз ирански цели.Тагови: Иран Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУправа за финансиска полиција: Поднесе кривична пријава против две физички лица – сопственици и управители на правно лицеУправата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две физички лица – сопственици и управители на правно лице, како и против самото правно лице.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две физички лица – сопственици и управители на правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Македонија. Првопријавениот Н.О., странски државјанин на Република Турција, во својство на реален сопственик и управител на правното лице во периодот од 2016 до 2021 година, кога последен пат во име на пријавениот правен субјект поднел завршна сметка со искажана нето загуба во износ од 834.571 денари, со однапред утврдена намера да ја присвои набавената трговска стока евидентирана на залиха и да го избегне исполнувањето на даночните обврски во наредниот период по основ на застарени краткорочни обврски, извршил промена на сопственичката и управувачката структура на правното лице, при што како нов управител и сопственик бил запишан второпријавениот Е.М. Во име на пријавениот правен субјект, за деловните години 2022, 2023, 2024 и 2025 година не биле изготвени и поднесени завршни сметки, со што пријавените набавената трговска стока во вкупен износ од 32.054.759 денари неосновано ја присвоиле за себе. Притоа, не пресметале, не пријавиле и не уплатиле Данок на додадена вредност по даночна стапка од 18% во износ од 5.769.856 денари, додека пријавениот правен субјект не пресметал, не пријавил и не платил Данок на личен доход во име и за сметка на пријавените лица во износ од 3.561.283 денари. Дополнително, пријавените не ги отпишале и не ги прикажале како приходи застарените краткорочни обврски кон добавувачи постари од три години, во вкупен износ од 32.847.325 денари, при што не пресметале, не пријавиле и не уплатиле Данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 3.284.732 денари, по основ на неоданочени застарени обврски кон добавувачи кои не биле прикажани како приходи во Билансот на успех и Даночниот биланс на правниот субјект. Со наведените дејствија, пријавените не пресметале, не пријавиле и не ги уплатиле законски утврдените даночни обврски по претходно наведените основи, во вкупен износ од 12.615.871 денари, со што го оштетиле Буџетот на Република Македонија, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА свика итен состанок поради потезите на ФИФА и ИнфантиноЕвропската куќа на фудбалот, УЕФА денеска ќе одржи вонреден состанок за да добие првичен одговор на контроверзниот план на ФИФА и нејзиниот претседател Инфантино за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство.Европската куќа на фудбалот, УЕФА денеска ќе одржи вонреден состанок за да добие првичен одговор на контроверзниот план на ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство на приватни инвеститори. Според британските медиуми, ФИФА испратила писмо до сите свои членови во кое бара од нив да се изјаснат дали го прифаќаат предлогот до 19 септември. Федерациите што го поддржуваат планот треба веднаш да ја добијат првата уплата од 20 милиони долари од вкупниот пакет вреден 40 милиони долари. УЕФА остро реагираше, велејќи дека овој потег покажува „сè што треба да се знае за овој план“, откако претходно изјави дека ФИФА „преминала црвена линија“. Голем број национални сојузи, вклучително и Фудбалскиот сојуз на Англија, се незадоволни бидејќи за предлогот дознале само преку медиумите. Според Би-би-си, планот предвидува продажба на удел од 20 отсто во натпреварувањата на ФИФА на инвестицискиот фонд „Thrive Eternal“, зад кој стои американскиот инвеститор Џошуа Кушнер. Ставот на противење кон УЕФА го делат азиската, јужноамериканската, како и северноамериканската и централноамериканската конфедерација, додека некои сојузи сметаат дека предлогот би можел да донесе финансиски придобивки за помалите фудбалски земји. Од ФИФА велат дека целта на проектот е обезбедување дополнителни средства за развој на фудбалот ширум светот – од изградба на инфраструктура и зајакнување на националните тимови, до инвестирање во младинскиот и женскиот фудбал. „Ова е можност, а не обврска. Сакаме да го забрзаме развојот на фудбалот на глобално ниво“, изјави Инфантино. Сепак, реакциите на фудбалската јавност се претежно негативни. Асоцијацијата на европски лиги оцени дека „Светското првенство не е на продажба“, додека фудбалскиот сојуз ФИФПРО предупреди дека вклучувањето на приватен капитал може трајно да го промени начинот на кој функционира најважното фудбалско натпреварување. Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, го обвини Инфантино дека со овој потег се обидува да обезбеди поддршка пред следниот Конгрес на ФИФА, додека потпретседателот на Германската фудбалска асоцијација, Ханс-Јоаким Ваке, го нарече планот „директен напад врз фудбалот“. Се очекува одлуките на вонредниот состанок на УЕФА да имаат големо влијание врз понатамошниот развој на настаните и иднината на Светското првенство.Тагови: УЕФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter