3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
ФудбалМбапе има посебна клузула во договорот, во еден ден доби 10 плати Француски Л'Екип објави голем број ексклузивни вести во врска со договорите и платите во францускиот фудбал.Последната од нив се однесува на Килијан Мбапе, фантастичниот 24-годишен напаѓач на ПСЖ и француската репрезентација, кој и оваа сезона води на табелата на стрелците со 19 гола во досегашниот дел од сезоната. Според нивните информации, францускиот шампион неодамна на Килијан Мбапе му платил сума еднаква на десет негови месечни плати. Поточно, станува збор за цифра од 60 милиони евра која напаѓачот ја добил благодарение на посебната клаузула во договорот наречена „клаузула за лојалност“. Според неа, ПСЖ е должен да му ја плаќа на Мбапе таа сума секоја сезона кога ќе остане во клубот. Кога на тоа ќе се додаде неговата годишна плата од 72 милиони евра, се доаѓа до цифра од 132 милиони евра кои ПСЖ ќе му ги плати на Мбапе само за оваа сезона. Со ова сакаат да го поттикнат да потпише нов договор. Актуелниот му истекува во летото 2024 година, а Реал Мадрид веќе неколку сезони се обидува да го доведе кај нив .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаНиколоски: Градежништвото силен двигател на македонската економијаЗавршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.“ Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде: Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра. Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија. Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: - автопати - експресни патишта - железница - над 1200 проекти во општините - аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо. Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија-напиша заменик претседателот на Владата, Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лагиОткако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации. СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги. 1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП). Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг. Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата. Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра. Значи со фингирани табели мафта Кочовска. Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот. Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг. Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата. 2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага. Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година? Вистината е сосема спротивна. Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување. Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори. Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВисоките температури во Република Српска ги затворија училиштата до 11 септемвриСпоред одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година.Министерството за образование и култура на Република Српска ги информираше основните и средните училишта во ентитетот дека почетокот на наставата ќе биде одложен поради екстремно високите температури и несоодветните услови за одвивање на образовниот процес. Според одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година. Како што соопштија од министерството, одлуката е донесена првенствено со цел да се заштити здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата, како и да се обезбедат соодветни и безбедни услови за спроведување на наставата.Тагови: Република Српска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter