Маж оди по жица меѓу две висококатници во Сараево (ВИДЕО)

Неколкумина граѓани присуствувале на необичен перформанс во Сараево, каде што еден човек одеше по жица помеѓу две висококатници.

Видеото, објавено од Кликс.ба, покажува како човекот успешно го изведе овој перформанс во населбата Маријин Двор во Сараево.

Иако ваквите активности се ризични и навистина се граничат со храброст или лудило, она што може да се забележи од видеото е дека човекот ја реализирал оваа изведба без поголеми проблеми, пишува Кликс.

Во последните неколку години, ваквите активности често може да се видат во многу градови низ светот, каде многу акробати се изложени на токму таков ризик, особено на високите згради, како што се облакодери или кули.

За разлика од другите делови на светот, ваквите активности во Босна и Херцеговина се исклучително ретки.

Стоев: Техничката Влада ќе продолжи да се придружува кон досегашните позиции на Софија

​ Техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска ја презеде функцијата од досегашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева во рамки на техничката Влада на Бугарија, предводена од техничкиот премиер Стефан Јанев.

Стоев на церемонијата во Министерството за надворешни работи истакна дека немаат надлежност да ја променат позицијата на Бугарија кон Македонија.

-Немаме надлежност да ја промениме позицијата на Бугарија кон Македонија. Тоа што зависи од официјалниот кабинет на Бугарија и од министерот за надворешни работи ќе биде сторено во насока на продолжување на дијалогот, изјави денеска техничкиот министер за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придржува кон досегашните позиции на Бугарија за Република Македонија.

Според него не би требало да се шпекулира дека ќе има некаква промена во бугарската позиција во следните два до три месеци додека трае техничката влада.

Донација за велешката болница од организацијата „Велешани низ светот"

Велешката ЈЗУ Општа болница вчера прими хуманитарна помош од своите сограѓани – велешани кои живеат во светот сплотени во организацијата „Велешани низ светот". 

Донацијата се состои од 70 душеци за кревети и исто толку перници и ќебиња и 140 сетови постелнина.Со оваа донација значително ќе се подобрат условите на престојот на болните во Ковид центарот на Инфективно одделение, информира портпаролката на ЈЗУ Општа болница, д-р Елеонора Јованова.

-Покрај големата оддалеченост докажавте дека со заеднички сили, со голема хуманост и емпатија, љубов кон татковината секогаш ке излеземе како победници дури и од најстрашната битка! Вие хумани луѓе следејќи ја состојбата со корона кризата ја дадовте својата поддршка и помогнавте во овој момент онаму каде што е најпотребно, во услови на глобална криза, каде секоја донација е повеќе од неопходна и е од огромно значење. Пораката која ја испративте е јасна и со една цел – Заедно и сплотени можеме многу повеќе!,потенцира д-р Јованова од името на целокупниот тим на болницата.

Управата на ЈЗУ Општа Болница Велес и целиот медицински персонал изразувааат благодарност до Организацијата „Велешани низ светот" за овој хуман гест кој е дополнителен мотив да продолжат уште подобро!

Воедно ова е мотив и за други хуманитарни донации за оние на кои им е најпотребна помошта во овие тешки времиња на Ковид пандемија, потенцираат од раководниот тим на болницата.

Пад на берзите во САД

Трите главни берзи на САД синоќа го завршија денот со значаен пад, зголемувајќи ги загубите на пазарот на акции кои траат веќе со денови, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Повеќе фактори се во игра, како потенцијалниот раст на инфлацијата и најавата од министерката за финансии Џенет Јелен за зголемување на каматните стапки, со што може да се зголемат трошоците за кредити и заеми на капитал.

Исто така, од Федералните резерви посочија дека пазарот на акции е преоценет.

Берзата „Доу џонс" синоќа се намали за 473.66 поени, или речиси 1.4 отсто, завршувајќи на 34.269,16. „Стандар и пур" изгуби 36.33 поени, или 0.9 отсто, и затвори на 4.152,10. Технолошката „Насдак" се опорави по распордажбите во текот на денот, завршувајќи со загуба од 12.43 или само 0.1 отсто, до нивото 13.389,43.

Вчерашниот ден беше втор по ред со загуби на Волстрит. Во изминатите недели, њујоршките берзи се на удар со растот на цените на стоките низ целата американска економија и можното зголемување на каматните стапки, со што се очекува поскапување на банкарските кредити.

притисни ентер