Маж на српска пејачка учествувал во реално шоу, но тоа завршило неславно - Канал 5

Маж на српска пејачка учествувал во реално шоу, но тоа завршило неславно

Пејачката Тина Ивановиќ е во брак со Звездан Анчиќ долги години, кој своевремено се обиде како учесник во реалните шоуа.

Маж на српска пејачка учествувал во реално шоу, но тоа завршило неславно

Звездан учествуваше во „Фарма“ во 2015 година, но неговиот престој на имотот во Лисовиќ заврши неславно. Имено, Звездан се скарал со пејачката Маја Николиќ, која ја навредувала неговата сопруга Тина и тврдела дека таа го изневерува. Анџиќ во тоа време бил толку бесен што се заканил дека ќе го запали имотот. Потоа избегал, поради што беше дисквалификуван од реалното шоу, и како што пишуваа медиумите, во таа прилика нападнал една од репортерките на продукцијата.

Инаку, Тина Ивановиќ веќе била мажена во раната младост и од тој краток брак го има синот Даниел, кој денес има 29 години. Денес таа е во добри односи со него, но не можеше да го види 10 години, бидејќи нејзиниот поранешен сопруг ñ забрануваше.

Како што истакна за медиумите, нејзиниот сегашен сопруг Звездан í помогнал да воспостави контакт со нејзиниот син.

Извор: srbijadanas.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на државни јавни обвинители од балканските земји, што се одржа во Анталија, Р.Турција.

Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија

На форумот, Савески имаше излагање на тема “Финансирање тероризам, перење пари и конфискација на незаконски стекнатиот имот”.

Во излагањето, тој се осврна на искуствата на нашата земја во борбата против финансискиот криминал, предизвиците за лоцирање и одземање на незаконскиот имот, но и на чекорите што ги презема македонското јавно обвинителство за поефикасен кривичен прогон на перењето на пари и зголемување на обемот на конфискацијата.

“Ефективниот одговор мора да опфаќа повеќе од само истражување и кривично гонење на криминалното однесување. Тој исто така мора да ги идентификува, следи, замрзне и, на крајот, да ги конфискува средствата стекнати преку криминал. Во спротивно, финансиската корист од криминалните активности може да остане кај сторителите, дури и кога кривичната постапка е веќе во напредна фаза”, нагласи државниот обвинител, истакнувајќи ги активностите на истражните центри во јавното обвинителство и зајакнувањето на капацитетите за финансиски истраги.

“Клучен приоритет е поефективно поврзување на овие напори: спроведување финансиски истраги паралелно со кривичните истраги, зајакнување на соработката меѓу институциите, користење меѓународна правна помош таму каде што е потребно, како и следење на имотот сè до негова конечна конфискација. На крајот, успехот треба да се мери не само според бројот на отворени предмети или вредноста на замрзнатиот имот, туку и според способноста да се обезбеди конечна конфискација и да се намалат финансиските придобивки од криминалните активности”, рече Савески.

На маргините на форумот, Савески оствари билатерална средба со турскиот Главен јавен обвинител Мухсин Шентурк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Општина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања.

До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања.

За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци.

Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус.

Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења.

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер