ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев
Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици
1ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев
2Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
1Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
ЖивотМаж едвај преживеал откако бил прободен од неговиот бик на „бикијада“ во ХрватскаТриесет и едногодишен маж бил сериозно повреден во неделата вечер откако бил избоден од сопствениот бик кај Посушје, пишува порталот Херцеговина.инфо.Полицијата ја добила пријавата во неделата околу 19:20 часот. "Полицијата добила пријава дека бик повредил 31-годишен маж во штала во Шитлук, општина Посушје. Лицето било итно пренесено во Здравствениот дом во Посушје, од каде било пренесено во ЦУМ СКБ Мостар. Лицето претрпе сериозни повреди “, изјавил комесарот на Министерството за внатрешни работи ,Милан Галиќ. Според неофицијални информации, несреќата се случила по враќањето од „бикијада“ што се одржала во Посушје во неделата, а бикот го прободел човекот во близина на виталните органи, па докторите цела ноќ се бореле за неговиот живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев и останатите.Македонското правосудство се претвори во бастион на СДС и ДУИ и со сите преостанати сили се стави во служба на одбрана на нивните криминалци. Остатоците на СДС и ДУИ во правосудните органи за да ги спасат од кривична одговорност Венко Филипче, Зоран Заев и таквите како нив укинуваат пресуди, стопираат истраги, враќаат предмети на повторување на постапки. Зависно од предметот и што тоа му треба на ликот кој се гони или треба да се гони за одредено кривично дело. Така, за автобуската несреќа на Дурмо Турс кај Ласкарци со 16 жртви, пресудата е укината. За 14 жртви кои живи изгореа во пожарот во модуларната болница во Тетово, затворена е истрагата и обвинение за кривична одговорност за Филипче нема. Тука е запрената истрага за случајот Мазут, тежок 167 милиони евра. Сето ова не е случајност, затоа што ова е правосудниот систем воспоставен од СДС и ДУИ кој и ден денес ги штити нивните луѓе и интереси. Ова покажува дека СДС и ДУИ ја загубија власта, но нивните судии и обвинители останаа нивното последно упориште за одбрана на нивниот криминален систем што го создаваа со години. Малкумината остатоци на СДС и ДУИ бирани во партиските штабови во Зајас и Струмица кои грчевито ги штитат од одговорност нивните поранешни државни функционери се ликови како Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска, Африм Фидани. Секогаш кога луѓе на СДС и ДУИ треба да одговараат пред лицето на правдата, тука се нивните инсталации во правосудството за предметите да се развлекуваат, истрагите да се затвораат, а пресудите да паѓаат. Од Ласкарци и Модуларната до случајот Мазут, истата правосудна мрежа ги штити истите политички структури и тоа е причината зошто граѓаните во правосудството имаат само 2% доверба. Затоа што правосудството, наместо да биде бастион и упориште на правдата, се претвори во бастион на СДС и ДУИ. Но, и СДС и ДУИ, и нивните корумпирани ликови, треба да знаат дека времето на недопирливите мора и ќе заврши, одговорност за секој според делото, ќе има. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ТехнологијаПоранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција Продолжуваат бранувањата за вештачката интелегенција, поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач на вештачка интелигенција кој предупреди дека технологијата би можела да „ги убие сите луѓе“.Продолжуваат бранувањата за вештачката интелегенција, поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач на вештачка интелигенција кој предупреди дека технологијата би можела да „ги убие сите луѓе“, велејќи дека времето за да се избегне таков исход можеби истекува. Јавната вознемиреност за потенцијалната опасност што ја претставува вештачката интелигенција расте, откако истражувачот Џејкоб Коксон, минатата недела изјави дека поднел оставка , делумно затоа што „луѓето што ја градат вештачката интелигенција искрено веруваат дека таа би можела да нè убие сите до крајот на деценијата“. Антропологот Еван Хубингер потоа одговори на коментарите на Коксон, велејќи дека тој е во право и дека верува оти постои поголема од 10% шанса вештачката интелигенција да ги убие сите луѓе во следната деценија. „Неодамна дадов отказ од „Google Deepmind“, каде што работев на истражување за безбедност и усогласување на вештачката интелигенција“, напиша Билал Чугтаи на X. „Искрено верувам дека вештачката интелигенција има потенцијал да нè убие сите и дека можеби ни истекува времето за да го избегнеме овој исход.“. Извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, повика на забавување на темпото на развој на напредна вештачка интелигенција во текот на викендот, добивајќи ретка поддршка од илон маск од „Спејсикс“ и извршниот директор на „Опенаи“, Сем Алтман. Чугтаи, исто така, рече дека безбедното управување со вештачката интелигенција е можно, но ќе биде потребна координација „за да се избегне трката меѓу компаниите за вештачка интелигенција“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФото: Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест, дел од навивачите негодуваатГерманскиот фудбалски шампион Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест. Поради дизајнот на дресот некои навивачи се гневни и бараат отпуштање на дизајнерот.Фудбалерите на Баерн во петок го пречекуваат Унион Берлин во натпревар од 4. коло на Бундеслигата, во нова специјална опрема дизајнирана во чест на Октоберфест. Новиот дрес се одликува со шарен дезен кој остава силен визуелен впечаток на теренот. Според официјалното соопштение на клубот, новиот дрес „ја спојува традицијата на Минхен со модерен и смел дизајн и го слави она што го прави Октоберфест посебен: радоста на живеењето, заедништвото и различноста“. Понатаму се наведува дека шарениот цветен дезен претставува модерна интерпретација на традиционалните мотиви. „Различните живописни бои ги отсликуваат многубројните аспекти на Октоберфест – неговата енергија, живост и разновидност – и ја доловуваат уникатната атмосфера што го исполнува Минхен секоја година за време на одржувањето на фестивалот.“ Дизајнот, кој се одликува со цветни шари и впечатливи бои, предизвика силни реакции, а навивачите не штедеа критики. „Отпуштете го дизајнерот“, „Со сета должна почит, што е ова?“, „Фотошоп од пеколот“, „Ова е едноставно тажно“ и „Вака изгледа дрес откако ќе испиеш 18 литри пиво“ се само дел од коментарите објавени на Инстаграм-профилот на Баерн. Иако смелиот дизајн има свои поддржувачи, на социјалните мрежи сепак доминираат негативните реакции. Во дрес со новиот дизајн на Барен Минхен се појави и победникот од Грен слемот во Њујорк, вториот светски тенисер Александар Зверев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter