СветМаж детонира експлозивна направа на железничка станица во Украина, тела на сите страни (Вознемирувачко) Ужасна сцена е снимена на железничката станица Овруч во регионот Житомир во Украина, откако во експлозија загинаа четири лица.Според украинските медиуми, експлозијата се случила околу 10:50 часот утрово на железничката станица, додека граничарите вршеле рутински проверки на документите на патниците, објави Ројтерс. За време на проверката, еден маж (23) од Харков бил замолен да излезе од возот. Сепак, во следниот момент тој детонирал експлозивна направа. Починал на лице место. Во експлозијата загинале уште три лица - граничар (29) и двајца минувачи (58 и 82), додека 12 лица се повредени. На фотографијата се прикажани тела како лежат на земја, а покрај нив стојат болничари и полицајци. Ве предупредуваме дека фотографијата е вознемирувачка! Според истражителите, мажот претходно се обидел нелегално да ја премине границата и бил запрен за втора проверка кога се случила експлозијата. Полицијата го класифицирала случајот според неколку членови од Кривичниот законик на Украина, вклучувајќи убиство со умисла, обид за убиство на полицаец и нелегално поседување и употреба на експлозиви. Истражителите продолжуваат да работат на местото на настанот, додека официјалните лица изразија сочувство до семејствата на жртвите и ветија целосна истрага за нападот.Тагови: Железничка станица украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
БалканУапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во БелградНачалникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“. Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ. Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти. Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
РакометПрво ракометно Ел класико во Македонија сезонава, шампионот Вардар домаќин на Е. ПелистерВечерва од 17-45 часот македонскиот ракометен храм Јане Сандански ќе биде центарот на домашниот спорт. Шампионот вардар во првото македонско Ел класико сезонава е доаќи на најголемиот ривал Еурофарм Пелистер во рамките од 9 коло од Супер лигата. Вардарци големиот ривал го очекуваат со максимален ефект, кој сакаат да го задржат и по големото дерби. Слични амбиции има и четата на Лино Червар од битола што значи дека во Јане Сандански ќе гледаме вистински ракометен спектакл. Македонската ракометна јавност денеска ќе биде насочена кон СЦ „Јане Сандански“, каде што од 17:45 часот ќе се одигра првото сезонско дерби меѓу Вардар и Пелистер. Сигурно „жешко“ ќе биде и на трибините бидејќи веќеодамна се продадени сите билети за трибините во Јане сандански.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМиланското дерби за црвен-оцрните, шампионот победен со 3-1Фудбалерите на Милан го победија Интер со 3:1 во големото градско дерби на Милано одиграно во рамките на 10. коло од Серија А.„Нераѕурите“ важеа за благи фаворити во градското дерби, но „росонерите“ одиграа одличен натпревар и извојуваа голема победа, предводени од феноменалниот Диего Мореиро. Стрелци на головите го големото миланско дерби беа Пулишиќ 3мин, Рабио 10 мин, и Мориера за Милан, единствениот гол за Интер го постигна капитенот Бастони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook