Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
2Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
СветСАД ѝ дозволија на Украина да ја гаѓа Русија со ракети со голем дострел Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја укина клучната забрана за употреба на некои ракети со долг дострел што ѝ ги обезбедија на Украина западните сојузници.Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја укина клучната забрана за употреба на некои ракети со долг дострел што ѝ ги обезбедија на Украина западните сојузници, дозволувајќи му на Киев да ги засили нападите врз цели во Русија и да го зголеми притисокот врз Кремљ, соопштија денеска американски официјални лица. „Волстрит џурнал“ објави дека одлуката на САД, која не е објавена јавно, следела по префрлањето на овластувањата за координирање на ваквите напади од американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет на врховниот командант на американската Европска команда, генерал Алексис Гринкевич, кој исто така ги води здружените сили на НАТО во Европа. Украина вчера употреби крстосувачка ракета „Сторм Шедоу“ од британско производство за да погоди руски објект во Брјанск, кој произведуваше експлозиви и ракетно гориво, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили на социјалните медиуми. Нападот беше опишан како „успешен удар“ што ја проби руската воздушна одбрана. Трамп неодамна го отфрли барањето на Украина за испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“, но неговата одлука не се смета за конечна, што значи дека во зависност од развојот на настаните на терен, тој може да ја промени во корист на Киев, со цел да изврши дополнителен притисок врз рускиот лидер Владимир Путин да се согласи на прекин на огнот.Тагови: русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештеркитеХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките-Фановите се обидуваат да погодат во што ќе се трансформираСлавната манекенка Хајди Клум која традиционално воодушевува со својот костим за Ноќта на вештерките сподели последна трага пред забавата во Њујорк, а еден необичен протетски додаток поттикна бројни шпекулации. Хајди Клум повторно ја заинтригира јавноста, давајќи навестувања за својот костим за Ноќта на вештерките. Познатата манекенка – која со години е прочуена по своите неверојатни трансформации – сподели последна трага пред забавата во Њујорк. На фотографиите што ги објави на Инстаграм се гледа необичен протетски додаток, кој наликува на уста полна со остри, застрашувачки заби. Покрај објавата стоеше кратка порака: „Вашата последна трага... Се гледаме утре“, што дополнително ја разгори љубопитноста на нејзините следбеници. Таа сè уште го нема откриено конечниот изглед, но на социјалните мрежи веќе врие од шпекулации. Меѓу потенцијалните инспирации што се спомнуваат се Монстро Елисасу од хорор-филмот „Супстанца“ (The Substance), застрашувачките суштества од серијата „Последните од нас“ (The Last of Us) и Векна од „Чудни нешта“ (Stranger Things). Сложена трансформација Во текот на изминатите неколку дена, Клум постепено споделуваше детали за подготовките. Таа објави фотографии од протетски елементи што наликуваат на органи и ткива, а претходно навести дека овогодинешниот костим ќе биде исклучително крвав. Нејзиниот долгогодишен соработник, шминкерот и експерт за специјални ефекти Мајк Марино, истакна дека ова е еден од најсложените проекти на кои некогаш работеле. Во едно интервју, манекенката исто така откри дека нејзиното тело ќе добие форма каква што вообичаено не се среќава во човечката анатомија.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМарк Маркез на тронот во Малезија – има „меч-топка“ за титулаВозачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната трка за Големата награда на Малезија во шампионатот Мото ГП.Маркез ја оствари својата седма победа сезонава во Сепанг и е на чекор до одбрана на титулата, откако неговиот главен ривал Хорхе Мартин од тимот на „Априлија“ се здоби со скршеница на зглобот. Возачот на КТМ, Педро Акоста, го освои второто место, додека Алекс Маркез од тимот „Гресини“ заврши трет. Аи Огура заврши на четвртата позиција. До бодови на трката во Малезија стигнаа и Енеа Бастианини, Марко Бецеки, Лука Марини, Фабио ди Џанантонио, Бред Биндер, Франко Морбидели, Фабио Квартараро, Алекс Ринс, Франческо Бањаја, Маверик Вињалес и Икер Лекуона. Марк Маркез води во генералниот пласман со 399 поени, Мартин е втор со 355, а Бецеки е на третото место со 332. До крајот на сезоната во шампионатот Мото ГП остануваат уште три тркачки викенди, а следниот ќе се одржи од 6 до 8 ноември во Катар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook