Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
НБАИсториски меч за Виктор Вембањама во НБАЅвездата на Сан Антонио, Французинот Виктор Вембањама испиша историја во НБА во текот на ноќта меѓу саботата и неделата.Францускиот кошаркар Виктор Вембањама одигра фантастичен натпревар против Њу Орлеанс во ноќта меѓу саботата и неделата, при што забележа 50 поени, 18 скока, 4 украдени топки и 5 блокади! Тој стана првиот играч во историјата на НБА со ваква статистика, а ова „чудо“ од Франција е главна вест на речиси сите светски портали. Вембањама им се придружи на Вилт Чемберлен, Ентони Дејвис и Боб Мекаду како четвртиот играч во историјата кој имал повеќе од еден натпревар со најмалку 50 поени, 15 скока и 5 блокади. Како што веќе известивме, ова е првпат по 53 години некој да оствари 4 украдени топки и 5 блокади на еден НБА натпревар, покрај 50 поени и 15 скока. VICTOR WEMBANYAMA BECOMES THE FIRST PLAYER SINCE 1973-74 TO RECORD 50+ PTS, 15+ REB, 4+ STL AND 5+ BLK IN A GAME! 🤯 50 PTS 🤯 18 REB 🤯 5 BLK 🤯 4 STL 🤯 5 3PM 🤯 32 MIN SPURS WIN THEIR 14TH IN 15 GAMES. https://t.co/lPKk3jYNjL — NBA (@NBA) November 22, 2026 Ова е вторпат во ноември Вембањама да постигне 50 поени на еден натпревар, бидејќи на 4 ноември против Далас тој веќе имаше 52 поени и 24 скока! Тогаш тој стана првиот играч по Боб Мекаду кој остварил 50 поени и 20 скока на еден НБА натпревар. Како играч на Бафало Брејвс (претходникот на ЛА Клиперс), Мекаду имаше 52 поени, 22 скока и 7 блокади!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Драма по финалето на Копа Судамерикана: Фудбалер на Бока се онесвести среде интервју! Фудбалерот на Бока Јуниорс, аргентинскиот репрезенативец, Леандро Паредес, се онесвести додека даваше изјава по победата над Атлетико Минеиро (2:0) во финалето на Копа Судамерикана.Аргентинскиот репрезентативец разговараше со новинар од телевизијата „DSports“ кога одеднаш му се слоши, по што ја изгуби свеста и падна на земја. Новинарот се обиде да го задржи, но не успеа, па присутните веднаш притрчаа да му помогнат на 32-годишниот играч за врска. Паредес имаше потешкотии и за време на натпреварот поради високата температура и влажноста во Баранкиља, Колумбија, поради што во 58-мата минута побара да биде заменет. Откако му беше укажана медицинска помош, капитенот на „Бока“ дојде при свест и замина во соблекувалната, а потоа, според аргентинските медиуми, беше пренесен во болница на дополнителни прегледи. https://www.instagram.com/reel/DgCMIY8oLlc/?utm_source=ig_embed Според првичните информации, причина за губењето на свеста би можел да биде пад на крвниот притисок предизвикан од исцрпеност и високи температури. Инаку, со победата над бразилскиот претставник, „Бока“ го освои својот прв голем континентален трофеј по 18 години. https://www.instagram.com/reel/DgBwjzDB4cS/?utm_source=ig_embedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКим Јонг Ун поставил услови за средба со Трамп?!Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, за време на неговата неодамнешна турнеја низ Азија, сè до последниот момент инсистирала на организирање средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Сепак, тоа не се случи, изјави денес официјален претставник запознаен со преговорите. Според официјални лица, двете земји ја разгледувале можноста за лична средба меѓу Трамп и Ким Џонг Ун, но Северна Кореја поставила услови што биле неприфатливи за САД, пренесува „Волстрит џурнал“. Официјалниот претставник не наведе какви услови побарала Северна Кореја. Од друга страна, претставник на администрацијата на Трамп ги демантираше извештаите дека имало обиди за организирање средба со севернокорејскиот лидер. Белата куќа, исто така, соопшти дека нема промена во нејзиниот постоечки став во однос на денуклеаризацијата на Северна Кореја. Кон средината на ноември, Трамп учествуваше на самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Манила, како и на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Шенжен, Кина, каде што одржа историска трилатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин. Обидите на администрацијата на Трамп да организира самит меѓу Северна Кореја и САД продолжуваат уште од минатата година, при што Трамп се обидел да стапи во контакт со Ким Џонг Ун преку постоечките телефонски мрежи и комуникациски канали, но никој не одговорил. Потоа, Трамп му напишал писмо на севернокорејскиот лидер, но тоа не му било соодветно врачено. Според официјални лица, претставници на Белата куќа испратиле курир пред мисијата на Северна Кореја при Обединетите нации во Менхетен, Њујорк, за да му го предаде писмото директно на некој севернокорејски дипломат; сепак, дипломатот подоцна го оставил неотвореното писмо пред американскиот претставник во салата за состаноци на ОН.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33