Матис: Референдумот е најважниот глас во вашата историја

Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на вашата нација.

На рефренедумот ќе одлучите за вашата иднина, да се искористи можноста да се оди кон нова иднина и во тоа ја имате поддршката од САД, порача американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

- Го препознаваме комплексниот политички процес кој ви претстои и ве поддржуваме во остварувањето на вашиот демократски глас и одговорност да гласате, рече Матис.

Нагласи дека Договорот од Преспа ќе овозможи спроведување на клучните реформи во процесот на опристапување во НАТО и ЕУ, ќе ги зајакне безбедноста и економнскиот развој на Македонија.

- Ви аплаудирам за вашите неуморни напори да го постигнете историскиот договор од Преспа со Грција. Знаеме дека тоа бараше трпелива дипломатија од двете страни и компромисите се секогаш тешки, рече Матис, искажувајќи благодарност до Заев и Шекеринска за нивниот ангажман во разрешувањето на како што наведе, „тешкиот спор за името“.

Потсети на изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека со приклучувањето во НАТО, Македонија ќе добие еднакво место во најуспешната воена алијанса заедно со 29 други земји членки кои, како што наведе Матис, се обврзуваат да ве штитат вас и вашата безбедност“.

- Тоа носи зајакната безбност, како и зајакната економски развој, кажа американскиот секретар за одбрана и посочи на примерот на Црна Гора каде што странските иневстиции се удвоија по нејзиниот прием во НАТО.

Нагласи и дека Алијансата се залага и зачувување на територијалниот интегритет и зачувување на слободата и демократијата.

- Ние сме подготвени да ви поскаме добредојде како 30. членка на НАТО, порача секретарот за одбрана на САД

Фејсбук и Инстаграм ги прекршиле регулативите на ЕУ, следи истрага

Фејсбук и Инстаграм ќе бидат предмет на истрага за можни прекршувања на регулативите на ЕУ за онлајн содржини поврзани со безбедноста на децата, објави во четвртокот Европската комисија.

Од социјалните мрежи на Мета се бара да направат повеќе за борба против нелегалната и штетна содржина на нивните платформи според Законот за дигитални услуги на Европската унија (DSA), кој е во сила од минатата година.

Европската комисија објави дека одлучила да отвори детална истрага за Фејсбук и Инстаграм поради загриженоста дека тие не реагирале соодветно на ризиците за децата. Мета поднесе извештај за проценка на ризикот во септември.

„Комисијата е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да стимулираат зависни однесувања кај децата, како и да создадат таканаречени „ефекти на зајачка дупка“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Дополнително, Комисијата е загрижена и за методите за проверка на возраста на корисниците воведени од Мета.

Од друга страна, Мета тврди дека веќе има бројни онлајн алатки за заштита на децата.

„Сакаме младите луѓе да имаат безбедни онлајн искуства соодветни за возраста“, рече портпаролот на компанијата, истакнувајќи дека тие поминале една деценија работејќи на повеќе од 50 алатки и политики насочени кон заштита на децата.

„Ова е предизвик со кој се соочува целата индустрија и со нетрпение очекуваме да ги споделиме деталите за нашата работа со Европската комисија.

Мета веќе е под лупа на ЕУ за изборни дезинформации пред важните избори за Европскиот парламент следниот месец. Прекршувањето на „DSA“ може да резултира со казни до 6% од годишниот глобален промет на компанијата.

Извор: Б92

Манчестер сити четврти пат по ред шампион на Англија

Манчестер сити е шампион на Англија во сезоната 2023/24. 

Во натпреварот од 38. коло „Граѓаните“ на домашен терен го победија Вест Хем (3:1). Двоен стрелец беше Фил Фоден. Играчот од средниот ред погоди во 2. и 18. минута. Родри постигна уште еден гол од додавањето на Фоден во 59. минута.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Мохамед Кудус (42. минута).

Манчестер сити заврши на првото место во Премиер лигата со 91 бод пред Арсенал кој собра 89. Тимот на Пеп Гвардиола ја освои шампионската титула четврти пат во низа. Покрај тоа, ова е шеста титула за Гвардиола во Премиер лигата.

Вкупно Манчестер сити има 10 трофеи. По бројот на шампионски титули, пред Сити се само Арсенал (13), Ливерпул (19) и Манчестер јунајтед (20).

Вест Хем ја заврши сезоната на деветтото место на првенствената табела. /МИА

Сасуоло испадна од Серија А по 11 сезони во првата лига

Сасуоло испадна од италијанската Серија А. Денес  тимот загуби на домашен терен од Каљари (0:2) во натпреварот од 37. коло на најсилното фудбалско првенство во Италија.

Попладнево Удинезе и Емполи ремизираа (1:1) и се одлепија од Сасуоло на недостижни 4, односно 5 бода на едно коло пред крајот на првенството. Сасуоло (29 бодови) е претпоследен во поредокот.

Сасуоло стигна до Серија А во 2013 година. Оттогаш, тимот помина 11 сезони во највисоката дивизија.

Претходно Салернитана рано испадна од Серија А.

Третиот тим кој ќе ја напушти елитата ќе се бара помеѓу екипите на Емполи, Удинезе, Фросиноне, Верона и Каљари./МИА

притисни ентер