Масовно посетен фестивалот Лолапалуза во Чикаго

Експертите загрижени поради ширењето на вирусот

Лолапалуза, еден од најголемите музички фестивали во САД, започна денеска во Чикаго со масовна посетеност на десетици илјади фанови, но здравствените експерти во земјата во настанот гледаат голема опасност, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Градските власти до последен момент, до мај, не знаеја дали да се одобри, но, сепак, решија фестивалот да оди во полн формат.

Експертите сметаат дека фестивалот може да биде „супер ширител" на коронавирусот во тесно насобраните големи групи пред сцените.

Четиридневниот фестивал се очекува да биде најмасовно посетен настан во САД по избувнувањето на пандемијата лани.

На настанот, кој се одржува во чикашкиот Грант парк, ќе настапат 170 музички бендови на осум сцени и се очекува да дојдат околу 100.000 посетители.

При влез организаторите бараат доказ за вакцинација или негативен коронавирус тест за невакцинираните. Невакцинираните мора да носат маски насекаде.

Загриженоста кај градските власти е поголема со ширењето на позаразниот Делта сој, што може лесно да се појави во вакви собрани големи групи, без разлика што се на отворено.

Летните музичи фестивали беа целосно одминати во САД во екот на пандемијата лани, но за радост на многумина ова лето повторно се организираат со зголемениот број вакцинации и олабавените мерки во повеќе држави. Сепак, експертите предупредуваат дека поотпорниот Делта сој, кој се појави во сите 50 држави, може лесно да избувне во масовно посетените концерти во живо кои можат да станат „супер ширители".

Тоа е возможно дури и во добро проветрени места под отворено небо. Постои загриженост дека посетителите на концертите нема да го држат потребното физичко растојание кога се прават големи метежи и кога сите танцуваат, пеат или пијат. Ризици постојат на места како влезови, чекање пред тоалети или местата најблиску до сцената каде луѓето се собираат во мошне тесен простор и се туркаат еден со друг.

Лори Лајтфуд, градоначалничката на Чикаго, на Твитер соопшти: „Сакаме да се забавувате, но ве молам почитувајте ги правилата и условите и продолжете да го заштитувате Чикаго".

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

притисни ентер