3Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен
МакедонијаМасовно бегство од затворот Шутка – недостасуваат шест лицаШест затвореници се избегани од затворот во Шутка. Тие биле пријавени во МВР и по нив е распишана потерница.Бегството на затворениците било пријавено вчера попладне 15-тина минути пред 18 часот. По вонредната контрола, издадена од директорот на затворот, било констатирано дека при пребројувањето недостасуваат шест лица. Како што истакна директорот на затворот, Бобан Утковски за Канал 5, затворениците избегале преку оградата, благодарение на уништените возила кои се во самиот двор, кои затворениците-бегалци ги искористиле како еден вид на „скала“, за да ја прескокнат оградата. Директорот на затворот вети отстранување на возилата во најбрз можен рок. Со цел да се подобри безбедноста и во иднина да нема повеќе вакви ситуации, директорот Утковски посочи дека ќе набават специјална ограда, нови рефлектори и ќе се постават дополнителни камери во затворот. Инаку, се уште не се пронајдени четворицата затвореници, кои на 22.07 биле пријавени дека не се вратиле во затворот во Шутка, по користење слободни денови. Пред неколку дена пак, беше пријавено дека од струмичкиот затвор избегале 23 осуденици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 73 пациентиВо јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, информира преку соопштение министерството за здравство. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија. Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 28 нови прегледи во дежурната служба.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 10Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.Активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје - Скопје. Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци: Дезинсекција против ларви: 7 мај - авионска дезинсекција; 11 јуни - авионска дезинсекција; 26 јуни - теренска дезинсекција; 10 јули - авионска дезинсекција; 23 јули - теренска дезинсекција. Дезинсекција против возрасни комарци: 1 и 2 јуни - авионска дезинсекција; 18 и 20 јуни - теренска дезинсекција; 27 и 28 јуни - авионска дезинсекција; 13 и 15 јули - теренска дезинсекција. Наредната недела ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните. Продолжуваме одговорно, навремено и системски да работиме на заштита на јавното здравје и подобар квалитет на живот за граѓаните. https://www.facebook.com/reel/2110716592811003Тагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Мбапе во жешка акција на јахта со сексапилна русокоса По крајот на Светско фудбалско првенство, капитенот на Франција, Килијан Мбапе и покрај неуспехот на тимот ужива во заслужен одмор. Деновиве вниманието на јавноста го привлекува и неговата сакана... Според пишувањата на странските медиуми, тој моментално престојува на јахта на Сардинија во друштво на својата девојка, шпанската актерка Естер Експосито. Нивното опуштено дружење веднаш го привлече вниманието на јавноста и дополнително ги поттикна шпекулациите за нивната блискост. Фотографите на странските медиуми ги уловија во интимен момент – додека се прегрнуваа и бакнуваа на јахтата. Soccer star Kylian Mbappé and "Elite" star Ester Expósito were photographed kissing and cuddling during their yacht vacation. Photos: Backgrid pic.twitter.com/CUyNRA50re — JustJared.com (@JustJared) July 29, 2026 Сепак за јавноста поинтересна е убавата Естер, која покажа совршена фигура и витко тело од кое беше тешко да се тргне погледот. Фотографиите од јахтата брзо се проширија на мрежите, по што јавноста го доби одговорот на прашањето - дали Мбапе се бакнува со убавица? Естер е актерка која се прослави во 2018 година, кога ја доби улогата на Карла Росон во тинејџерската серија на „Нетфликс“, „Елита“ (Elite). Инаку според фотките може да се заклучи дека Килијан и Естер вистински уживаат во летниот одмор на луксузната јахта. Тагови: Килијан Мбапе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33