Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветМасовни протести во Словачка против контроверзен закон за невладини организацииИлјадници граѓани синоќа излегоа на улиците на Братислава протестирајќи против нов закон што, според критичарите, ќе биде погубен за многу невладини организации.Законот, кој веќе доби поддршка од владата на премиерот Роберт Фицо, предвидува класификација на невладините организации како „лобисти“, без прецизна дефиниција за терминот, што според аналитичари може да се злоупотреби за нивно затворање. Организаторите на протестот оценија дека оваа мерка е инспирирана од руското законодавство, кое овозможува елиминирање на независните граѓански организации и криминализирање на критичарите на власта. Невладината организација „Виа Јурис“ предупреди дека законот е во спротивност со словачкиот Устав и прописите на Европската Унија, а неговата цел е да го ограничи делувањето на граѓанскиот сектор. Од Владата, пак, тврдат дека законот е насочен кон зголемување на транспарентноста во финансирањето и функционирањето на невладините организации. Протестите доаѓаат во време на зголемени тензии откако премиерот Фицо неодамна го посети рускиот претседател Владимир Путин во Москва, што беше едно од ретките патувања на лидер од ЕУ во Кремљ по руската инвазија на Украина во 2022 година. Освен тоа, Фицо ја разгледува можноста Словачка да го напушти НАТО и ЕУ, а неговата влада веќе иницираше законски измени со кои ќе стави контрола врз јавниот радиодифузен сервис, наведуваат локални медиуми. Тагови: Европската Унија Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожарот на Брач сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓеПожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад. Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс. Milna. Bračani dragi, držite se! pic.twitter.com/UCbF18cH9f — JurMag (@jur_magud) September 12, 2026 Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух. Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.Тагови: пожар Брач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности на полицијата за унапредување на безбедноста на граѓанитеДенеска (13.09.2026), полициски службеници од СВР Тетово и СВР Битола спроведоа превентивни активности насочени кон подигнување на свеста кај граѓаните за одговорно однесување и почитување на безбедносните правила.Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово, на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, на наплатните рампи Желино и Тетово, спроведоа превентивна активност под мотото „Стави појас – вози одговорно“. Преку делење едукативни летоци, возачите и сопатниците беа потсетени дека користењето на сигурносниот појас е пред сè за нивна лична безбедност и значително влијае врз последиците од евентуални сообраќајни незгоди. Воедно, беа информирани и за прекршочните одредби со кои се предвидува санкционирање за некористење сигурносен појас. Во исто време, полициски службеници од СВР Битола, во содејство со Шумската полиција, спроведоа превентивни активности на подрачјето на Општина Могила и во селата Будаково, Трап и Ношпал, насочени кон превенција и заштита од пожари. На граѓаните им беше укажано на опасностите од несовесно однесување и предизвикување пожари, како и на потребата од зголемена внимателност при престој во шумски и земјоделски подрачја.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе појавува нов план: Канада сака „влезница“ за ЕУКанадскиот премиер Марк Карни сака поблиски врски со Европската Унија и ја разгледува можноста неговата земја да стане „придружна членка“ на блокот, објави денес американскиот весник „Волстрит џурнал“.ЕУ, која во минатото не покажа флексибилност кога станува збор за правилата за членство, е отворена за идејата за доделување статус на придружна членка на Канада, кој сè уште не е дефиниран, објави весникот, повикувајќи се на неименувани претставници на ЕУ и Канада. Канадската амбасада во Брисел и портпаролите на Европската комисија не одговорија на конкретните барања за коментар, објави „Ројтерс“. Ескалацијата на трговската војна на Канада со САД го забрза стратешкиот пресврт на земјата кон други трговски партнери. Односите меѓу Канада и Вашингтон нагло се влошија откако американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради несогласувања околу трговијата и други прашања, потсетува агенцијата. Трговскиот спор доведе до воведување царини на десетици милијарди долари во прекугранична трговија. Канада и ЕУ разгледуваат начини да овозможат слободно движење на канадски стоки, услуги и работници ангажирани во стратешки синџири на снабдување, како што се енергетиката, вештачката интелигенција, одбраната и критичните минерали, што, всушност, би ја поместило границата на ЕУ, објави „Волстрит џурнал“. Весникот додаде дека двете страни разговараат и за поставување подводни кабли, заедничка изградба на центри за податоци, капацитет за складирање во облак, како и нови сателитски мрежи и инфраструктура за транспорт на канадски енергетски производи во ЕУ. Карни постојано разговарал со неколку лидери на ЕУ, а особено со францускиот претседател Емануел Макрон, за можноста да им се дозволи на Канаѓаните да живеат и работат во ЕУ без визи, објави весникот, повикувајќи се на двајца неименувани функционери запознаени со ситуацијата. Двајцата лидери треба да се сретнат подоцна овој месец. Извор: Б92Тагови: ЕУ канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook