Маск повторно е најбогат човек на светот, го престигна Французинот Арно - Канал 5

Маск повторно е најбогат човек на светот, го престигна Французинот Арно

Илон Маск повторно е најбогатиот човек на светот, барем според најновата листа на милијардери на Блумберг.

Маск повторно е најбогат човек на светот, го престигна Французинот Арно

Нето вредноста на извршниот директор на Tesla и сопственик на Twitter сега се проценува на околу 192 милијарди долари.

Досега Французинот Бернар Арно, извршен директор на компанијата LVMH, беше на првото место на листата на најбогати луѓе на Блумберг со 187 милијарди долари.

Маск и Арно со месеци се борат за првото место на листата. Но, богатството на Арно падна откако акциите на LVMH вчера паднаа, според пресметките на Bloomberg.

Арно ја презеде лидерската позиција во декември минатата година, кога неговото богатство порасна благодарение на успехот во продажбата на луксузни производи. Ова помогна да се зголеми вредноста на акциите на LVMH. LVMH, како еден од најголемите светски конгломерати, е дом на престижни брендови како Луј Витон, Диор и Селин.

Маск, од друга страна, доживеа исклучително брз пораст на светската листа на богати во последните години бидејќи неговото богатство е директно поврзано со успехот на производителот на електрични автомобили Тесла. Неговото најголемо богатство доаѓа од акциите на компанијата, во кои тој поседува околу 13 отсто, наведува Блумберг.

Но, Маск не се поврзува само со Тесла. Тој е и извршен директор на SpaceX, компанија за истражување на вселената и сопственик на Twitter. Годинава акциите на LVMH пораснаа за 19,7 отсто, додека лани акциите на Tesla пораснаа за дури 65,6 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕРТ: Регрутирањето на македонски државјани за напад во Грција започнало од турски затвор

Регрутирањето на македонските државјани во Иранската прокси мрежа која наводно планирала смртоносен напад во Грција започнало кога тие биле во турски затвор – тврди Грчката национална телевизија - ЕРТ. 

ЕРТ: Регрутирањето на македонски државјани за напад во Грција започнало од турски затвор

Како што наведуваат, едно од петмината уапсени лица се запознал со иранскиот нарко-бос Наџи Шарифи Зиндашти кога двајцата се наоѓале во ист турски затвор поради случи поврзани со дрога, што послужило како почетна точка за регрутирање на дополнителни лица КОИ што подготвувале напад во Грција.

„Токму таму Зиндашти – нарко-босот кој наводно е вклучен во оваа иранска мрежа и за кого се верува дека е нејзиниот главен организатор – првпат се сретнал со едно од лицата уапсени овде во Скопје. И токму таму започнало регрутирањето на останатите лица. Исто така, потврдено е дека сите пет лица се од албанско потекло и се државјани на Македонија.“

Шарифи Зиндашти се поврзува со меѓународни мрежи за трговија со дрога а е баран и од FBI односно американското истражно биро, меѓудругото и за два обиди за убиства на американски државјани. Како што наведува ЕРТ, иранскиот државјанин Едрис Маванех кој одиграл клучна улога во координирањето на нападот, ги искористил врските на Шарифи Зиндашти за да ангажира оперативци од Македонија.

Професорот Злате Димовски од Факултетот за безбедност, појаснува дека финансискиот елемент, идеологијата но и авантуризмот, се меѓу причините за врбување на македонски државјани во меѓународни терористички и паравоени групации.

„Кај нас има доста замрзнати ќелии кои што претежно се од Ал Каеда и од ИСИЛ, како и од некоја друга поголема терористичка организација. Тие лица живеат и работат тука. Тука се на оваа територија, меѓутоа во услови кога ќе им се даде соодветниот сигнал, тие можат веќе да се стават во функција дали на евентуално вршење надзор на одредени објекти, за подготовка на некакви активности или за реализација на точно дефинирано што и како, бидејќи плановите ги прават доста децидно. // Ние ги викаме странски борци, но тие се наши државјани. Тие доаѓаат тука, се враќаат практично, заминале по одреден основ, а претходно се прави нивна идентификација, кој би можел да одговара на профилот. Понатаму, тука се подготвуваат, се индоктринираат оние коишто ќе одговорат на одредени нивни специфични критериуми, ќе бидат испратени во соодветни обучни центри, каде што ќе се обучуваат.“

Во последните две години, поради поврзаност со меѓународни криминални организации во државава се уапсени вкупно 12 лица. Во случајот со планираниот напад во Грција, властите во државава во соработка со грчката национална разузнавачка служба, трагаат по шестото вклучено лице, кое побегнало во странство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Копман: Блокадата е кај Скопје, без уставни измени нема почеток на преговори

Македонија напредува во реформите, но без уставни измени процесот не може да продолжи. Топката е кај Скопје, порачува Генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Герт Јан Копман.

Копман: Блокадата е кај Скопје, без уставни измени нема почеток на преговори

Во интервју за „Балканс дебриф“ на Атлантскиот совет, високиот европски дипломат признава дека Македонија предолго чека и оти се соочила со многу билатерални прашања, но вели дека ставот на Брисел е јасен и инкорпориран во европските документи.

-Постои ли надеж за надминување на блокадата во Советот и дали Комисијата може нешто да направи во оваа фаза? - Дозволете ми да ве коригирам, ќе ми простите Илва. Блокадата не е во Советот. Блокадата е во самата држава. Земјата точно знае што треба да направи за да ги отвори преговорите, а тоа, во суштина, е промена на Уставот. Тоа е бугарското вето? -Не станува збор само за бугарско прашање. Ова е став на ЕУ. Тоа е дел од заклучоците на Советот. , изјави Герт Јан Копман, генерален директор за проширување и источно соседство на ЕК.

Копман во интервјуто потсетува дека земјава треба да усвои и патокази и акциски план за малцинствата, за кои оцени дека се во напредна фаза на подготовка. Го пофали напредокот во однос на реформската агенда, но и наспроти тоа, вели имате нула напредок за суштинскиот почеток на преговори по кластери.

-Земјата е способна за реформи. Оваа година постигна многу добар напредок во Планот за раст, што всушност значи дека направи многу тешки реформи. Прашањето сега всушност е да се адресира прашањето за уставните измени сериозно. Таа не е блокирана од земја – членка. Таа е блокирана бидејќи, досега, не сака да го направи она што знае дека треба да се направи. Топката е кај Скопје? –Апсолутно. , вели Копман.

Интервјуто на Копман е дадено неколку дена пред Форумот за проширување во Брисел, во чии рамки тој се сретна со премиерот Мицкоски.

По средбата, Мицкоски објави дека во фокусот на разговорот биле европската перспектива, реформските процеси и следните чекори во пристапуваето кон ЕУ. Македонскиот премиер, пак, од Форумот во Брисел порача дека Македонија останува посветена на европскиот пат и покрај условот за Уставните измени, наместо да се вреднува реформскиот напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов Кривичен законик: Построги казни за корупција и јавни набавки, се чека Брисел

Министерството за правда го чека мислењето на Европската комисија за предлог-новиот Кривичен законик. По добивањето на забелешките од Брисел, се најавуваат јавни расправи, а очекувањата се законот во декември да се најде пред пратениците.

Нов Кривичен законик: Построги казни за корупција и јавни набавки, се чека Брисел

Една од дилемите е дали со новиот Кривичен законик конечно ќе бидат отстранети штетните последици од измените во 2023 година, на кои Европската комисија предупредуваше во своите извештаи? Тогаш беа намалени казните за одредени корупциски дела, а беше избришано и посебното дело за злоупотреба при јавни набавки. Од работната група која работеше на законот велат дека во новиот текст е интервенирано токму во овие области.

-Во оваа насока беше интервенирано во делот на службената должност, посебно нели делот во којшто зборуваме за злоупотребата, со посебна нагласка злоупотреба на службената должност и овластување. А во оваа насока ние како експертска група нели одговорна за новите измени и дополнувања на КЗ, освен тоа ние реагиравме и во делот на последниот извештај во којшто Европската комисија дава забелешка во врска со злоупотребите при јавни набавки. Така што во овој контекст ние воведовме едно ново кривично дело со новиот Кривичен законик, членот 461, злоупотреба при јавни набавки или договори за јавно-приватно партнерство, во кое освен другото ние ги зголемивме и казните при вакви злоупотреби,- изјави – Африм Османи – Универзитет во Тетово.

Но дел од правните експерти се сомневаат дека повисоките затворски казни се доволни за да се сузбие корупцијата. Адвокатот Звонко Давидовиќ смета дека суштината не е само во висината на казната, туку во тоа дали законот ќе се применува еднакво кон сите и дали ќе се одзема имотот стекнат со криминал.

-Во ред е што се зголемуваат казните но тоа нема да ја сузбие корупцијата. Корупцијата ќе ја сузбие само сериозно применување на законот кон секого и „чистење“ на институциите од влијание на политиката. Тоа е законски „шминкерај“. Подобро осудете некој на 3 години наместо осум, ама земете и конфискувајте му го тоа што го зел,- изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат ( Само Вистина 18.11.2026).

За злоупотреба на службената положба се предвидуваат казни од шест месеци до пет години, а зависно од прибавената корист или причинетата штета, казните може да достигнат и до 15 години затвор.

За злоупотребите при јавни набавки, казните се движат од една до пет години, а во потешките случаи достигнуваат до 15 години затвор. Меѓу новините во предлог-законикот е и воведувањето кривично дело загрозување на стабилноста на банкарскиот систем.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер