Маск ја лансира Грокипедија - Канал 5

Маск ја лансира Грокипедија

Содржината на Грокипедија е генерирана од вештачка интелигенција (ВИ) и генеративниот асистент за ВИ Грок, но секоја страница цитира повеќе извори.

Маск ја лансира Грокипедија

Илон Маск и неговата компанија xАИ ја лансираа Грокипедија, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на онлајн енциклопедијата Википедија, која е креирана и уредувана од волонтери, а која некои американски републиканци ја обвинуваат за политичка пристрасност и, заедно со Маск, тврдат дека е „премногу левичарска“.

Името Грокипедија доаѓа од четботот Грок на xАИ, за кој Маск тврди дека „бара максимална вистина“.

Верзијата 0.1 од вчеравечер веќе имаше повеќе од 885.000 дефиниции во споредба со повеќе од седум милиони на англиската верзија на Википедија.

Во порака објавена на X, Маск вети дека наскоро ќе се појави верзијата 1.0, „десет пати подобра“ од 0.1, која веќе е „подобра од Википедија“.

Пред една недела, претприемачот одлучи да го одложи лансирањето на Грокипедија за неколку дена, иако беше објавено на крајот на септември, оправдувајќи го одложувањето со потребата од „дополнителна работа за чистење на пропагандата“.

Како и републиканските функционери, Илон Маск е постојан критичар на Википедија веќе неколку години. Во 2024 година, тој напиша дека страницата е „контролирана од крајно левичарски активисти“ и ги повика луѓето да престанат да донираат на платформата.

-Целта на Грок и Грокипедија е вистината, вистината и ништо друго освен вистината, нагласи најбогатиот човек во светот, додавајќи дека софтверот на енциклопедијата е со отворен код. „Секој може да го користи за што било, бесплатно“, објасни тој.

Содржината на некои статии на Грокипедија одразува пристрасност, како и страницата посветена на Илон Маск.

Во воведните пасуси од резимето, платформата пишува дека шефот на Тесла и СпејсИкс „влијаел на дебатата“ на неколку теми, добивајќи „критики од мејнстрим медиумите кои се наклонети кон левоориентираното известување“.

Содржината на Грокипедија е генерирана од вештачка интелигенција (ВИ) и генеративниот асистент за ВИ Грок, но секоја страница цитира повеќе извори.

Во април, тогашниот државен обвинител на САД, Ед Мартин, испрати барање за документи до Фондацијата Викимедија, која има надлежност над Википедија.

Тој објасни дека сака да утврди дали Викимедија има право на даночно ослободување доделено на фондациите. Адвокат кој некогаш беше назначен од претседателот Доналд Трамп ја осуди „манипулацијата со информациите“ што, според него, е вина на Википедија, платформа која се обидува да „скрие пропаганда“.

Лансирањето на Грокипедија беше поздравено од неколку високо рангирани десничари, вклучувајќи го и рускиот ултранационалистички идеолог Александар Дугин, кој ја нарече статијата за себе „неутрална, објективна и фер“, додека онаа објавена на Википедија беше оценета како „клеветничка“.

Грок предизвика контроверзии пред неколку месеци откако даде антисемитски изјави, кои компанијата на Маск ги припиша на погрешна програма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа

25.000 такси роботи пристигнуваат на европските улици, „Lucid и Bolt“ ги здружуваат силите. .

25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа

Американскиот производител на електрични возила „Lucid“ склучи партнерство со компанијата за превоз „Bolt“ за амбициозен план за воведување на 25.000 автономни такси-возила на европските улици.

Оваа соработка е дел од планот на „Bolt“ да им овозможи на корисниците на својата платформа пристап до флота од 100.000 возила без возач до 2035 година.

За овој европски проект, „Lucid“ ќе ја искористи својата претстојна платформа за возила од средна класа, за која се очекува да биде посоодветна за европските патишта и градови отколку поголемите модели од типот SUV. „Bolt“ ќе биде сопственик на целата флота од 25.000 возила.

Робо-такси возилата ќе поседуваат автономија од 4-то ниво, што значи дека ќе можат да функционираат самостојно – без човек зад воланот – во рамките на нивните предвидени оперативни параметри.

Технолошкиот пристап ќе се разликува од оној во партнерството на „Lucid“ со „Uber“ во САД.

За проектот во САД се користат системи од компанијата „Nuro“, додека возилата за „Bolt“ ќе ја користат платформата „Nvidia Hyperion“. „Lucid“ веќе има договор со „Uber“ за воведување на до 35.000 робо-такси возила во Северна Америка, почнувајќи од оваа година.

Тој проект ќе опфаќа користење на моделот „Gravity SUV“, како и на идниот модел од средна класа. Трката за робо-такси возила во Европа Пазарот за автономни такси-возила во Европа брзо се развива.

Uber, Verne — компанија основана од Мате Римац и група инвеститори — и Pony.ai веќе работат на проекти за автономно возење, додека Waymo ја тестира својата технологија во Европа и планира да ги прошири своите активности.

Uber и Wayve, исто така, работат на воведување автономни возила „Ford Mustang Mach-E“ во Лондон. Сепак, засега е неопходно во возилата да биде присутен човек за време на тестирањето, сè додека се чека на потребните регулаторни одобренија. Илон Маск исто така го најави доаѓањето на „Cybercab“ на Tesla во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Деколтето на Никол

Светската музичка ѕвезда, Никол Шерцингер успеа да го привлече вниманието на љубопитната јавност и на странските фоторепортери со својот смел моден избор.

Фото: Деколтето на Никол

Позната по своите неверојатни вокални способности, но и по смелите модни комбинации, пејачката Никол Шерцингер одлучи да ја воодушеви јавноста со храбро издание.

Папараците неодамна ја фотографираа пред еден хотел во Париз, по концертот што, според пишувањата на медиумите, таа го одржала во овој град.

Секако, таа привлече внимание со својот секси стајлинг што ретко кој може да го износи. Како што можете да видите, таа носеше комбинација од црна кожа – тесни панталони и интересна маичка.

Оваа комбинација ја истакна нејзината витка фигура, но вреди да се напомене дека главниот елемент на стајлингот беше горниот дел.

Кожната маица без прерамки, украсена со карнери, ја нагласи нејзината фигура, при што акцентот беше ставен на длабокото деколте и градите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метри

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Големата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет.

„Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет.

Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз.

Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay).

YouTube video

По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер