Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија
1Акциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќај
2Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија
СветМаск и Трамп им дале откази на илјадници ветераниАдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во соработка со Илон Маск и неговиот Оддел за владина ефикасност (DOGE), според се уште неофицијални информации, годинава отпуштиле речиси 6.000 ветерани од државна служба.Демократските конгресменки Роза Делауро и Деби Васерман Шулц вчера објавија изјава во која ја обвинија администрацијата на Трамп за масовни отпуштања на ветерани, нарекувајќи го „непромислен напад врз луѓето кои ѝ служеле на нашата земја“, објави Индипендент. „Нашите ветерани направија значителни жртви служејќи ѝ на нашата земја, но тие жртви очигледно не значат ништо за претседателот Трамп и незаузданиот милијардер Илон Маск“, напиша Делауро. „Тие се клучен дел од нашата државна служба, носејќи го своето искуство во секоја агенција. Републиканците им го вртат грбот, дозволувајќи му на Маск да отпушти најмалку 6.000 ветерани и да ги остави без егзистенција“. Под водство на Маск, Одделот за владина ефикасност агресивно ги намалува трошоците со елиминирање на работните места во различни федерални агенции. Неговите мерки вклучуваат затворање на УСАИД, американската агенција за меѓународен развој, сместување на 10.000 вработени на неплатено отсуство, како и закани дека ќе го „збрише“ Министерството за образование. Според извештајот на ABC News, отпуштените вклучуваат: • 2.400 вработени во Министерството за бранители, меѓу кои и повеќе од 1.000 лица кои беа отпуштени на 13 февруари, • 2.000 вработени во Министерството за енергетика, вклучително и дел од персоналот од Националната администрација за нуклеарна безбедност, • 400 вработени во Одделот за домашна безбедност, од кои половина беа доделени за одговор на кризи преку ФЕМА (Федерација на агенции за управување со вонредни состојби). Меѓу отпуштените е и Ендрју Ленокс, поранешен маринец кој служел десет години во Ирак, Авганистан и Сирија, а потоа се приклучил на Одделот за прашања на ветераните за да им помогне на колегите ветерани. Тој вели дека бил шокиран кога го добил известувањето за отказ. "Мислев дека сме на дното на листата. Можеби звучи себично, но мислев - јас сум ветеран, сигурен сум", изјави Ленокс за Мајк Џонс. „Како може некој да застане пред американско знаме и да каже дека сака работата во државната служба да ја направи трауматично искуство за 30 отсто од вработените кои се ветерани? Тоа е кукавички.“ Овие масовни отпуштања доаѓаат само неколку дена откако Трамп предизвика бура со изјавата дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „диктатор без избори“. Изјавата на Трамп предизвика бурни реакции во Украина и меѓу американските сојузници, но и покрај тоа Зеленски и Трамп сепак успеаја да постигнат договор за експлоатација на украинските минерални суровини. Според договорот, Украина ќе инвестира 50 отсто од приходите од овие ресурси во посебен развојен фонд, додека САД ќе добијат повластен пристап до клучните минерали потребни за воената и технолошката индустрија. Трамп најави дека договорот ќе биде официјално потпишан на состанок во Вашингтон на крајот на неделата. Администрацијата на Трамп ги брани своите потези тврдејќи дека тие се дел од „поширока стратегија за зголемување на ефикасноста на владата“. Но, Васерман Шулц предупредува дека овие „неосновани и неправедни“ мерки се само почеток на планот за намалување на дури 75% од федералната администрација, што може да значи губење на работни места за до 500.000 ветерани. „Трамп и Маск започнаа неоправдан напад врз ветераните и нивните семејства“, рече Шулц. „Со овие потези им го свртеа грбот на луѓето кои се бореле за Америка. Ова е срамота.“ Федералната влада е најголемиот работодавач на ветерани во САД - тие сочинуваат околу 30% од вкупните 2,3 милиони вработени во владата. Ако кратењата на Маск продолжат, стотици илјади ветерани би можеле да се најдат без работа. Белата куќа се уште не го коментирала целиот случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќајПри спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. На 28.10.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на товарни возила, насочена кон откривање и санкционирање на неправилности поврзани со претовар, неправилно сместен и необезбеден товар, техничка исправност на возилата, превоз на лица, како и на моторни возила кои се вклучуваат во сообраќај од земјени патишта, градилишта и слични површини, при што нанесуваат кал на коловозот. При спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. Констатирани се 101 неправилност, а поради утврдените неправилности, 25 возила се исклучени од сообраќај. Во рамки на контролата евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Дополнително, констатирани се и 219 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до возачите и превозниците да ја почитуваат законската регулатива, да обезбедат техничка исправност на возилата и правилно сместување и обезбедување на товарот.Тагови: Акциска контрола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартијаЗа неколку дена ќе наврши една година од вториот мандат на градоначалникот Сашко Митовски. Една година е доволно време за граѓаните да побараат отчет. И затоа денес прашуваме: Што доби Крива Паланка за оваа една година, добивме ли решени комунални проблеми, добивме ли подобри услуги или добивме нешто друго, поголеми долгови и нереализирани ветувања. Според податоците со кои располага нашата советничка група, заклучно со 30 јуни 2026 година, обврските на Општина Крива Паланка достигнале околу 128 милиони денари. А тоа не е крајната состојба. Во третиот квартал обврските продолжуваат да растат. Граѓаните не гласаа за нов список со ветувања, гласаа за реализација. Загрижува и случајот со Европската куќа. Просторот е затворен, а зградата која е сопственост на Општина Крива Паланка, според информациите со кои располагаме, е одземена од страна на извршител поради неплатени догови на Општината. Спротивно на тоа на граѓаните им беше ветено нов Младински центар. Затоа прашуваме: Како се ветуваат нови простори, ако не успевме да го заштитиме постојниот општински имот? По кој основ е поведена извршната постапка, колкави обврски стојат зад ова и што презела општината за да го заштити својот имот? Не може да се зборува за развој, ако општината губи контрола врз сопствениот имот. И тука е клучното прашање: Ако долгот расте, каде се резултатите? Во предизборниот период на граѓаните им беа ветени многу работи. Бесплатен оброк за учениците до петто одделение. Финансиска поддршка за пензионери со ниски примања од 3000 до 6000 денари. Финансиска поддршка за пензионерите за набавка на огревно дрво. Ветена беше и балон-сала во дворот на Касарната. Главен фекален колектор и пречистителна станица. Решавање на проблемите со свлечишта и други инфраструктурни проблеми. Но, граѓаните имаат право да прашаат: Што е направено досега, дали за ветените проекти има проектна документација, дали се обезбедени средства, дали е започната постапка и кога точно ќе се реализираат? Затоа што граѓаните не гласаа за нови ветувања. Гласаа за реализација. Особено загрижува состојбата во ЈП „Комуналец“. Според информациите со кои располагаме, претпријатието се соочува со сериозни финансиски проблеми, а на вработените сè уште не им е целосно исплатена плата за месец август. Затоа прашуваме: Колкав е долгот на ЈП „Комуналец“? Колкави се неговите доспеани обврски? Колку се должи за плати, придонеси и добавувачи? И кој е планот за излез од оваа состојба? Не може општината да бара нови задолжувања, а истовремено долгот да расте и јавното претпријатие да се соочува со финансиски проблеми. Ние како советничка група не бегаме од одговорност. Напротив. Ќе продолжиме на секоја седница да бараме бројки, документи и отчет. И затоа денес испраќаме јасна порака: Не бараме политички пресметки. Бараме отчет. Не бараме нови оправдувања. Бараме резултати. Не бараме нови ветувања. Бараме реализација. Единствено нешто што беше забележано во предходната година е реализација на проектите кои ги финансираше Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Крива Паланка заслужува да знае каде одат нејзините пари. Крива Паланка заслужува функционално јавно претпријатие. Крива Паланка заслужува инфраструктура и решени комунални проблеми. И пред сè граѓаните заслужуваат одговор на едно едноставно прашање: По една година од вториот мандат – каде се резултатите што го оправдуваат растот на долгот? Тоа е прашањето на кое градоначалникот и општинската власт треба да одговорат пред граѓаните. Не со зборови. Туку со бројки. Не со ветувања. Туку со реализирани проекти. Слаѓана Вучевска Петковска, советничка во Советот на Општина Крива ПаланкаТагови: Вучевска Петковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа: Климатската акција бара конкретни мерки, инвестиции и заедничка одговорностМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска учествуваше на националниот дијалог „Забрзување на климатската акција: Национален дијалог на патот кон COP31“.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска учествуваше на националниот дијалог „Забрзување на климатската акција: Национален дијалог на патот кон COP31“, организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во рамки на настанот се одржа панел-дискусија во која покрај министерот Хоџа учествуваа претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, и Даме Димитровски, советник на претседателот на Владата за животна средина и клима. На настанот присуствуваа и претставници на институциите и експерти од областа на климатските промени. Во своето обраќање, Хоџа истакна дека климатските обврски мора да се преточат во конкретни мерки и мерливи резултати. Тој ги посочи унапредувањето на националното климатско планирање, подготовката на Законот за климатска акција и јакнењето на системот за следење и известување како важни чекори кон поодговорна и поефикасна климатска политика. Хоџа нагласи дека за забрзување на климатската акција се потребни силни институции, координација, инвестиции и соодветна меѓународна поддршка. Климатската политика, истакна тој, е важна и за зелената транзиција, енергетската сигурност и одржливиот економски развој. Националниот дијалог е дел од подготовките на земјата за Конференцијата на ОН за климатски промени COP31, која ќе се одржи во Анталија, Турција, од 9 до 20 ноември 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook