Маск ги повика граѓаните да ја напуштат ЕУ: Брисел ја уништува демократијата во Европа - Канал 5

Маск ги повика граѓаните да ја напуштат ЕУ: Брисел ја уништува демократијата во Европа

Американскиот милијардер Илон Маск ги повика сите земји од ЕУ, вклучително и Ирска, да го напуштат блокот, обвинувајќи ја ЕУ за „уништување на демократијата на континентот“.

Маск ги повика граѓаните да ја напуштат ЕУ: Брисел ја уништува демократијата во Европа

Во објава на социјалните медиуми, Маск директно ја поддржа таканаречената иницијатива ИРЕГЗИТ (IREXIT) - излегување на Ирска од ЕУ - како одговор на пресудата на Судот на правдата на ЕУ со која ѝ беше наредено на Ирска да обезбеди сместување за барателите на азил, и покрај противењето на ирските судови.

-Ирска треба да ја напушти ЕУ. Сите земји треба да го сторат тоа, според мене. Европската унија ја уништува демократијата во Европа, рече Маск во објавата.

Овој став следеше по критиките кон ЕУ од страна на корисникот Мајкл О'Киф, кој тврдеше дека Европската унија „ја мрази демократијата“ и нема право да се меша во националните судски одлуки.

Ова не е прв пат Маск остро да го напаѓа Брисел. Во претходните изјави, тој ја обвини Европската комисија дека му понудила „нелегален договор“ во врска со цензурата на содржината на платформата „X“, со што, тврди тој, не се согласил. „Доколку тивко цензуриравме одредени изјави, немаше да бидеме казнети. Другите платформи се согласија со тој договор. „X“ не се согласи“, рече Маск.

Тој постојано предупредуваше дека Европа е „на работ на истребување“ поради драстично ниската стапка на наталитет, повикувајќи на фундаментални промени за да се избегне „сопствениот крај“ на континентот. Тој ја опиша Европа како регион на „широко распространет песимизам“, каде што многу луѓе повеќе не веруваат во иднината.

Во контекст на претстојните германски избори, Маск отворено ја поддржа Алис Вајдел, кандидатка на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), во објава во која ги повика Европејците да се приклучат на движењето „Да ја направиме Европа повторно голема“.

-Луѓе на Европа: Придружете се на МЕГА движењето! Да ја направиме Европа повторно голема!!, напиша Маск.

Оваа поддршка предизвика силни реакции од европските претставници. Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц остро ги критикуваше ставовите на Маск, нарекувајќи ја неговата поддршка за АфД „одвратна“.

-Огорчен сум што Маск ја поддржува крајната десница и не реагира соодветно на страдањето на Евреите и другите народи во Европа од рацете на Германците во минатото. Неговите изјави ја оштетуваат демократијата низ цела ЕУ, рече Шолц.

Коментирајќи ги ставовите на Маск, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, застана во негова одбрана. Тој иронично ја спореди европската реакција на Маск со американската толеранција кон објавите на Грета Тунберг.

-Ако можевме да издржиме една деценија објави на Грета, сигурно можеме да издржиме неколку месеци на Маск. Демократијата значи дека гласот на граѓаните не може да биде замолчен, заклучи Венс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Дончиќ испишува НБА историја: Го надмина и Џордан – вакво нешто не е видено уште од далечната 1963 година

Еден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот, Лука Дончиќ е на прагот на НБА историјата, со просек од 38,5 поени – достигнување што не е видено уште од 1963 година и Вилт Чемберлен.

Лука Дончиќ испишува НБА историја: Го надмина и Џордан – вакво нешто не е видено уште од  далечната 1963 година

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжува својата сезона од сништата. Лука ја игра сезоната на кариерата, а синоќа ја демонстрираше својата моќ во победата на Л.А. Лејкерс против Сакраменто (116:103) – тим кој, иако неочекувано, беше неговиот „прв“ избор на НБА-драфтот.

Со оглед на тоа што Сакраменто ја пропушти можноста да го избере, Дончиќ секогаш е посебно мотивиран кога игра против „Кингси“, а со оглед на формата во која се наоѓа на почетокот на сезоната, дополнителна мотивација и не му е потребна. Така, Дончиќ повторно ја покажа својата сила и докажа дека во моментов е главен кандидат за МВП-наградата, бидејќи никој не е ни блиску до бројките што ги остварува Словенецот.

YouTube video

Дополнително, тимот на Лејкерс изгледа многу подобро отколку минатата година.

Претходната вечер, Лука Дончиќ постигна 40 поени, оствари девет скока и седум асистенции. Во играта на Лејкерси, апсолутно сè се врти околу него, па овој пат тој „ги држеше сите конци во свои раце“ додека беше на теренот. Имаше солиден шут од 11 од 23, погоди шест тројки, а единствена негативност беа шесте изгубени топки.

Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој на шест натпревари по ред остварил повеќе од 35 поени, пет скока, пет асистенции и пет погодени тројки, а никој досега нема постигнато повеќе од 300 поени и 50 асистенции во една НБА сезона побрзо од него.

И што е најинтересно – тоа не е сè; Дончиќ е на прагот на бројки какви што во НБА не се видени уште од шеесеттите години на минатиот век.

Поточно, тој има најдобар просек во првите осум натпревари уште од времето на Вилт Чемберлен во 1963 година (52,3 поени), а го надмина и остварувањето на славниот Мајкл Џордан од сезоната 1986/87, кој тогаш имаше просек од 38,4 поени. Лука Дончиќ моментално има просек од 38,5 поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер