Маск: Цените на возилата на Тесла се зголемија поради доцнењето во ланецот на снабдување - Канал 5

Маск: Цените на возилата на Тесла се зголемија поради доцнењето во ланецот на снабдување

Цените на Тесла возилата растат поради застој во ланецот на снабдување во автомобилската индустрија, особено сировините, напиша извршниот директор на Тесла Илон Маск на Твитер.

Маск: Цените на возилата на Тесла се зголемија поради доцнењето во ланецот на снабдување

„Цените растат поради големиот притисок врз цените во ланецот на снабдување и целата индустрија, посебно сировините“, напиша Маск во одговор на порака која се однесува на порастот на цените на воизлата на социланната мрежа Твитер.

Во мај Тесла го зголеми цените на модел 3 и модел Y. Тоа е петто покачување на цените во само неколку месеци, извести интернет страницата „Electrek“.

Во април Маск изјави дека Тесла ги доживува „некои од најтешките предизвици во нланецот на снабдување“, наведувајќи го недостатокот на чипови како причина. Тогаш тој изјавил дека проблемот е главно решен.

Во понеделник „Electrek“ извести дека ноите сопственици на Тесла модел Y јавуваат дека нивните електрични возила се испорачуваат без лумбална поддршка на совозачкото седиште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Трендот на лажни СМС- пораки со известување за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот„Безбеден град“ продолжува.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Од МВР предупредуваат граѓаните да бидат внимателни со пораките кои содржат линк каде се бара да се внесат лични или банкраски податоци и да извршат плаќања на наводна казна.. Станува збор за обид за измама и прибирање на лични податоци, објаснуваат од МВР..

Од министерството посочуваат дека официјалните смс-пораки за прекршок се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“. Во пораката треба да биде наведена регистарската ознака на возилото, а официјалниот линк треба да води кон доменот safecountry.mvr.gov.mk...

..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температури до 37 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност.

Сончево со температури до 37 степени

Температурите ќе се движат од 12 до 37 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер