Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните
2Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
СветМартовски Самит на ЕУ: Главни теми конкурентноста, Украина и европската одбранаКонкурентноста на ЕУ, последните настани поврзани со Украина и следните чекори во напорите за зајакнување на европската одбрана, ќе бидат главни теми на мартовскиот редовен Самит на Унијата, што започнува денеска во Брисел. Покрај ова, шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе разговараат и за следната Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ) на блокот за по 2027 година, за најновиот развој на настаните на Блискиот Исток и прашања поврзани со миграцијата. На денешниот работен ручек на Самитот поканет е и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со кого европските лидери ќе разговараат за мултилатерализмот и други глобални прашања, како и за подготовките на Третата конференција на ОН за океаните и на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во поканата до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на Самитот, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта порача дека континуираната поддршка за Украина, потребата да се инвестира во европската одбрана и конкурентноста на блокот се тесно поврзани прашања. - Поконкурентна Унија ќе значи посилна Унија, која ќе биде поспособна да ги заштити своите граѓани, своите интереси и своите вредности на глобалната сцена, посочи Кошта. Во најавата за Самитот се посочува дека во услови кога е соочена со повеќе сложени предизвици, ЕУ треба да ја зајакне своите конкурентност, стратешка автономија и прилагодливост, со цел „Европа да остане просперитетна и да го одржи своето глобално лидерство“. - Во светлината на претходните заклучоци, вклучително и оние од април 2024 година, Декларацијата од Будимпешта за нов договор за конкурентност и неодамнешните предлози на Комисијата за Компасот за конкурентност, Договорот за чиста индустрија и Пакет-мерките за поедноставување, дебатата на лидерите за конкурентноста ќе се фокусира на три приоритетни области: поедноставувањето, енергијата и Унијата за штедење и инвестиции, се додава во најавата. Во тој контекст предвидено е на Самитот да се разговара за индустриските иновации, обновата, декарбонизација, обуката и задржувањето на стручно оспособените кадри и поддршката на автомобилската, челичната и металската индустрија. Во однос на Украина, Кошта во поканата посочи дека најдобрата безбедносна гаранција што ЕУ може да и ја даде на земјата е преку зајакнување на нејзините капацитети за самоодбрана, како и преку изградбата на кредибилна и робусна „Европа на одбраната“. - За да се постигне мир преку сила, Украина мора да биде во најсилна можна позиција пред, за време и по преговорите за ставање крај на војната. Во овој контекст, лидерите на ЕУ ќе направат преглед за неодамнешните случувања, се наведува во најавата за Самитот. Во врска со напорите за отпочнување преговори за постигнување на сеопфатен, праведен и траен мир, како што се додава во најавата, ЕУ ја поздравува заедничката изјава на Украина и САД, вклучувајќи ги и предлозите за договор за прекин на огнот, хуманитарните напори и продолжувањето на размената на информации од страна на американското разузнавање и на пружањето безбедносна помош. - ЕУ е подготвена да ја одигра својата целосна улога во поддршката на претстојните чекори, заедно со Украина, САД и другите партнери, се додава во најавата. Во тој контекст лидерите ќе ја продолжат расправата започната на специјалниот Европски совет на 3 март, на кој се разговараше за поддршката на Украина и за потребата од забрзување на напорите за зајакнување на одбранбената подготвеност на ЕУ за справување со непосредните и идните предизвици. На последниот состанок на Европскиот совет, лидерите повикаа на побрзо поедноставување на потребните процедури и мобилизирање дополнителни финансии за одбраната и одбранбената индустрија, при што ако приоритетни области за дејствување ниво на ЕУ и во целосна соработка со НАТО, ги наведоа обезбедувањето на противвоздушна и противракетна одбрана, артилериски системи, проектили и муниција, беспилотни летала и системи за справување со дронови, воената мобилност, вештачката интелигенција и кибер и електронското војување. Се очекува лидерите да разговараат и за следните чекори по вчерашната презентацијата на Белата книга за европската одбрана „Подготвеност 2030“ од страна на Европската комисија и неодамна промовираниот План „Ревооружување на Европа“. Предвидено е лидерите да ја имаат и првата размена на мислења за следната Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ (ММФ) и за начините за обезбедување средства за финансирање на расходите на ЕУ. - Во тој поглед, лидерите ќе се осврнат на главната финансиска равенка за следниот МФФ и начините како да се осигура дека буџетот ги има потребните ресурси, со кои ЕУ ќе ги постигне своите цели, се најавува во најавата. Во овој дел од Самитот на лидерите ќе им се придружат и претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард и претседателот на Еврогрупата, Паскал Донохју. За прашањата поврзани со МФФ ќе се разговара и за време на работната вечера. Лидерите на ЕУ ќе се осврнат на ситуацијата и најновите случувања на Блискиот Исток, особено во Газа, поврзано со спроведувањето на Договорот за прекин на огнот и ослободување заложници, како и на состојбата во Сирија. - ЕУ е длабоко вознемирена од драматичната воена ескалација на Блискиот Исток и ризикот што таа го претставува за целиот регион. ЕУ е целосно посветена да помогне за деескалација на ситуацијата и за намалување на тензиите, да продолжи да обезбедува помош заснована на потребите на луѓето во регионот, особено на најранливите и да го зголеми својот хуманитарен ангажман, се додава во најавата. На Самитот е предвидено да се разговара и за миграцијата, која, како што се наведува, останува клучен приоритет за Европскиот совет, како и за конкретни прашања од надворешната политика. - Ќе настојувам да ја завршиме нашата средба во еден ден, но со оглед на неизвесноста околу можните меѓународни случувања, не можам да ја исклучам можноста дека можеби ќе треба да продолжиме и в петок, наведе Кошта во поканата до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на мартовскиот редовен Европски совет следната недела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранцуските трговци ги затвораат излозите со даски пред денешните масовни протестиФранција распоредува 70.000 припадници на безбедносните сили низ целата земја поради масовните протести најавени за денеска. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез најави решителен одговор на земјата на секаков вид насилство. Во градот Нанси, продавниците сè уште ги заштитуваа своите прозорци и влезови со дрвени панели. Мобилизација на сите ресурси Министерот Нуњез изјави дека во операцијата ќе бидат вклучени сите расположиви ресурси. Планот вклучува и персонал од служби кои вообичаено не извршуваат вакви задачи. Тој, исто така, потврди дека се мобилизирани специјализирани и елитни единици, кои ќе бидат распоредени на клучни стратешки точки. Се очекуваат до половина милион луѓе Се проценува дека помеѓу 400.000 и 500.000 луѓе ќе учествуваат во протестите. Пред новите собири, министерот за правда Жералд Дарманин објави податоци за последиците од немирите минатиот викенд. 232 лица беа приведени, а против повеќе од илјада луѓе беа покренати судски постапки. Младите луѓе протестираат со недели, барајќи подобра опрема во училиштата. Во текот на викендот, други групи им се придружија на нивните собири во голем број градови, вклучувајќи протести против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни судири.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МакедонијаБорозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓанитеСекој нов месец има нови поскапувања. Од наредната година се најавуваат и нови покачувања на струјата и парното. Во Европа се предупредува на нов удар поради раст на трошоците за енергија. Многу земји веќе преземаат мерки само владата на Мицкоски не прави ништо. Цела година ги остави граѓаните сами, дозволи цените да отидат до плафон, затоа што владата не ги воведе мерките што СДСМ ги предложи на почетокот на кризата. Трошоците за живот за македонските граѓаните од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари. Во октомври синдикалната минимална кошничка е над 70.000 денари, а со кирија за стан од 60 квадратни метри изнесува скоро 90. 000 денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Македонскиот работникот работи цел месец, а платата не му стигнува да преживее затоа има најниска плата во Европа. Платите не ги следат поскапувањата. Стандардот е на ниво на една третина од стандардот во ЕУ. Не трета економија во Европа туку една третина. Економските истражувања покажуваат дека на Македонија би и требале 52 години за да го достигне просекот на Европската Унија во благосостојбата. Околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно, минималната плата не мрда од 26 илјади денари. Арамијата Мицкоски го донесе народот до раб на преживување. Ја одби секоја мерка на СДСМ за помош на граѓаните. Одби 600 евра мининимална плата, ги одби мерките за заштита на животниот стандард. И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците. Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации. За 4 милијарди евра арамијата Мицкоски го зголеми долгот за само две години, колку половина од вкупниот долг во изминатите 30 години. Оваа сурова реалност е свесна одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Арамиски ја троши државнат каса. Трупа долг врз долг, и прави ребаланс на ребалансот- не за граѓаните, туку за криминални партиски тендери, рече Маја Серафимовска Борозан од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамФиат направи нов Папамобил- има црвен тепих и седиште на вртењеВо текот на протоколарните обврски при посетата на Уругвај, папата ќе вози во специјално адаптиран Фиат Титано, пикап кој до неодамна се склопувал во таа земја.Папата Лав XIV за време на неговата посета на Уругвај од 6 до 8 ноември, тој ќе користи специјално адаптиран Фиат Титано. Пикапот се претвора во папамобил со отворени страни, електрично склопливи скали и седиште кое може да се ротира и прилагодува по висина, пишува Motor1. За време на посетата, папата треба да ги посети Монтевидео, Пајсанду и Флорида. Возилото за неговиот транспорт се подготвува во објектите на Нордекс во Монтевидео, каде што специјализирани техничари и локални експерти вршат модификации според барањата на Ватикан. Бела кожа, црвен тепих и транспарентен покрив Отворените страни ќе им овозможат на собраните подобар поглед на папата. Покрај подвижното седиште, ќе бидат инсталирани уште две, а пристапот до задната платформа ќе биде олеснет со електрично склопливи скали. Седиштата и рачките ќе бидат покриени со бела кожа, додека подот ќе биде покриен со црвен тепих. За заштита од лоши временски услови е обезбеден транспарентен покрив. На предните страни од возилото ќе има знамиња на Ватикан, а на вратите грбот на Ватикан. Деталите на решетката на ладилникот, рамките на светлата за магла и делови од предниот и задниот браник исто така ќе бидат обоени во бело. Перформанси што не можат да се купат Папин Титано се разликува од серискиот модел по неговата единечна кабина. Ваквите перформанси не се достапни во ниту една јужноамериканска земја. Бразил, најголемиот пазар за овој модел, и Аргентина, каде што се произведува, нудат само верзија со двојна кабина. Интересно е и тоа што Титано воопшто не се продава во Уругвај. Нордекс го склопуваше таму до средината на 2025 година од делови увезени од Кина, но сродниот Рам Дакота се нуди на уругвајскиот пазар. Може да има дизел мотор со 200 КС Не е потврдено на која верзија е базиран идниот папамобил. Тркалата се совпаѓаат со оние на верзијата Volcano AT 4x4, која се продава во Бразил. Доколку тоа послужи како основа, Титаното на Папата ќе биде напојувано од 2,2-литарски турбодизел мотор со 200 КС и 450 Nm вртежен момент. Оваа верзија има осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала со автоматско вклучување и редуктор. Тагови: папамобил фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter