3ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД?
Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
1Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
МакедонијаМарта Кос на почетокот на јули доаѓа во СкопјеПо посетата на Антонио Кошта и средбите на македонскиот државен врв со европските лидери, во Скопје на почетокот на јули доаѓа и еврокомесарката за проширување Марта Кос.Посетата за Канал 5 ја потврдуваат извори од МНР кои велат дека таа е најавена и очекувана, но точниот датум и агендата допрва ќе се утврдуваат. Посетата на Кос на земјава инаку, доаѓа во период кога повторно се отвораат прашањата за деблокада на македонските евроинтеграции, по одржувањето на самитот Европска Унија- Западен Балкан во Тиват, но и нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за забрзана и постепена интеграција на земјите-кандидатки во УнијатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаРеновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во општина ИлинденОпштина Илинден целосно ја реновираше спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, со што објектот доби современи, функционални и побезбедни услови за спортистите, младите и сите љубители на спортот.„Реновирањето се реализираше по речиси две децении активно користење на салата, со повеќе градежни и технички интервенции насочени кон подобрување на нејзината функционалност, безбедност и енергетска ефикасност.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Во рамки на проектот е извршена целосна санација на таркетот, со стругање и нанесување три слоја специјален заштитен лак отпорен на гребење и пролизгување, како и ново обележување на теренот за различни спортски дисциплини. Обновени се и ѕидовите и таваните, додека трибините се бојадисани и опремени со нови седишта. Поставена е нова заштитна ограда, а извршена е и замена на гумираниот под и реновирање на соблекувалните. Дополнително, во рамки на реконструкцијата се бетонирани стопи и поставени метални елементи за монтажа на мобилни столбови за одбојка, со што се унапредуваат условите за одржување тренинзи и натпревари во повеќе спортови. Како дел од активностите за модернизација на спортската сала, претходно беа заменети дотраените металхалогени рефлектори со современи ЛЕД светилки. Новото осветлување овозможува подобра видливост и значително поголема енергетска ефикасност. Вложувањето во спортската инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа, со цел создавање квалитетни услови за развој на спортот, поттикнување на здрави животни навики и обезбедување подобар квалитет на живот за сите граѓани. Општина ИлинденТагови: Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциска контрола на Полициската станица за граничен надзор Охридско езероПронајдени повеќе рибарски мрежи и поголема количина уловена риба.На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“, како и пронаоѓање рибарски мрежи и друг риболовен алат и прибор. Притоа, на потегот помеѓу струшките села Калишта и Радожда пронајдени се дваесет т.н. висечки рибарски мрежи, кои се најстрого забранети за вршење лов на риба, во вкупна должина од околу 4.000 метри со улов од 872 парчиња риба - Охридска Белвица и вкупна тежина од 116,9 килограми. По насоки на јавен обвинител, полициските службеници од езерската полиција и од Регионален центар за гранични работи Запад од езерото ги подигнаа рибарските мрежи заедно со уловот, по што е известен надлежниот инспекторат за рибарство. Во наредниот период, Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ќе продолжи со спроведување на засилени акциски контроли со цел сузбивање на незаконитиот риболов, како и пронаоѓање на лица сторители на ова кривично дело и заштита на рибниот фонд на Охридското езеро.Тагови: Охридско Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
ФудбалВеликанот во фудбалот Меси најави дека се повлекува од фудбалотАргентинскиот великан Лионел Меси го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал. Тој ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година.Меси постигна 125 гола во 207 настапи за аргентинската репрезентација, што го прави најдобар стрелец на сите времиња и фудбалер со најмногу настапи за репрезентацијата на Аргентина, пишува „Би-Би-Си“. Во изјава Меси рече дека дал сѐ за националниот фудбалски тим, но сега „нема што повеќе да даде“. Осумкратниот освојувач на наградата „Златната топка“ рече дека ја напишал својата порака за пензионирање на 21 јули, два дена откако Аргентина загуби од Шпанија во финалето на годинашното светско првенство. Неговата кариера ќе продолжи на клупско ниво со тимот од американската лига Интер Мајами, каде што има договор што важи до крајот на сезоната во 2028 година.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter