Мароко остро ги осудува изјавите на Европскиот парламент

На 23 јануари 2023 година, мароканскиот парламент објави дека е донесена одлука да се преиспитаат релациите со Европскиот парламент 

На 23 јануари 2023 година, мароканскиот парламент објави дека е донесена одлука да се преиспитаат релациите со Европскиот парламент и истите да се стават на целосна проценка, со цел да се преземат соодветни чекори како реакција на последните не толку пријателски позиции на Европскиот парламент кон Мароко.

Ова соопштение беше дадено во изјава објавена во понеделникот, по завршувањето на заедничката средба на двете комори на мароканскиот парламент, на која се обратија претседателите и претставниците на различните парламентарни групи, како и пратениците без политичка припадност.

Со ова, мароканскиот парламент ја осуди штетната кампања кон Кралството, чиј последен резултат беше резолуцијата од 19 јануари 2023 година, изгласана од страна на Европскиот парламент.

Мароканскиот парламент исто така одлучи да го информира Претседателството на европскиот парламент за забелешките од оваа средба, објаснувајќи ги притоа позициите и говорите на различните парламентарни групи, како и одлуките кои ќе следат како реакција.

Кон острата осуда се приклучи и Врховниот совет на судската власт на Мароко, кој во саботата исто така жестоко ги осуди неоснованите обвиненија содржани во резолуцијата на Европскиот парламент, усвоена во четвртокот, на 19 јануари 2023 година.

Врховниот совет во официјална изјава соопшти дека забележува поткопување на независноста на мароканското судство во резолуцијата на Европскиот парламент, која содржи сериозни обвинувања и наводи.

Овие неосновани обвинувања ги извртуваат фактите и сеат сомнежи за легалноста и легитимноста на судските процедури, од кои дел веќе остро беа осудени и отфрлени, додека дел сеуште се под разгледување и ќе добијат одговор.

Од таа причина Советот ја изрази својата жестока осуда на неоснованите обвинувања кои се содржат во резолуцијата на Европскиот парламент.

Советот исто така изрази жалење поради ова извртување на фактите во контекст на судења кои биле целосно спроведени во согласност со законот, со уставните права и меѓународните стандарди за фер судење.

Советот жестоко го отфрла овој пристап усвоен од страна на Европскиот парламент, кој неосновано си зема за право да го оценува мароканското судство на бесрамно непријателски начин, прејудицирајќи ги институциите на судството во Кралството и на тој начин нарушувајќи ја нивната независност, се наведува во продолжение на изјавата.

Што е уште поважно, Советот целосно го отфрла мешањето во судските процеси или обидите да се влијае на судските одлуки, особено што некои од споменатите судски спорови се сеуште во тек.

Во својата изјава Советот нагласи дека ова е во спротивност со сите меѓународни норми и стандарди, вклучувајќи ги принципите и декларациите на Обединетите нации во врска со независноста на судскиот систем.

Советот остро го критикува повикот вклучен во резолуцијата кој вели да се направи притисок на судскиот авторитет неодложно да ги ослободи наведените личности и оценува дека ова претставува опасно прекршување на независноста на правдата, како и обид за влијаење врз судскиот авторитет, особено што дел од наведените судски случаи се сеуште под истрага.

Арапскиот парламент исто така изрази „остро незадоволство“ кон она што тие го нарекоа „континуирано бесрамно мешање“ на Европскиот парламент во внатрешните работи на Мароко.

Институцијата го отфрли користењето на човековите права и „невистинитото и неосновано“ обвинување од страна на Европскиот парламент, со цел мешање во судскиот систем на арапските држави.

Арапскиот парламент исто така ги отфрли сите надворешни обиди за мешање во работите на арапските држави, со барање Европската унија „веднаш да сопре со набљудувачката улога на човековите права во арапските држави“ и да ја верификува точноста на информациите кои ги добива.

Изјавата исто така го поттикнува Европскиот парламент да ги почитува партнерството и релациите со арапските држави, особено со Мароко, наведувајќи дека приоритетот треба да биде ставен на состојбите со имигрантите, бегалците и малцинствата во нивните граници.

Оваа изјава беше завршена со молба од страна на пратениците на мароканскиот парламент да не се користат човечките права во политички цели.

Извори:

https://northafricapost.com/64588-moroccos-cspj-strongly-condemns-allegations-in-european-parliaments-jan-19-resolution-as-unfounded.html

https://www.farodiroma.it/magistrati-marocco-parlamento-europeo/

https://www.capital.gr/diethni/3694112/to-marokino-koinoboulio-tha-sunedriasei-gia-na-antidrasei-stis-epikriseis-tis-ee

https://news.eseuro.com/noticias/1356848.html

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер