Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
КошаркаМарковски: Џикиќ бараше пари однапред Спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација, Заре Марковски, на денешната прес-конференција објасни за смената на Алекандар Џикиќ од селекторското место наведувајќи ги причините заради кои простор за соработка бил многу стеснет.- Многупати на селекторот му беше потенцирано дека ова не е приватна репрезентација. Сомнежите кај МКФ се појавија уште кон средината на јуни, кога за првпат се сретнавме во градот на Џикиќ, дека работата ќе има несакани последици. Со желба да му се даде значење тоа што го направи претходно, на селекторот му беше прифатено сѐ што побара, пред сѐ околу стручниот штаб. Проблемите настанаа дојдовме на темата за паричната награда која тој требаше да ја добие. Тој на крајот ги побара парите однапред, пред утрешниот прв тренинг, а тоа се косеше со претходниот договор од Белград. Неговиот ултиматум беше 'или сѐ однапред или ништо од соработката', тоа нас нѐ навреди и како горди Македонци решивме да одиме во друг правец, особено што ваквиот начин на плаќање не беше предвиден во договорот потпишан лани“, изјави Марковски. Во продолжение, Марковски продолжи со објаснување на делот со откажувањето на Емил Рајковиќ од стручниот штаб.. - На 23 јуни беше испратена официјална покана до сите членови на стручниот штаб, меѓу кои беа Рајковиќ, Флајс, Јончевски и Полјакот Бибрович на кој Јончевски и Флајс позитивни одговорија, а Рајковиќ побара дополнителен состанок. Потоа тој не дојде на закажан состанок, а во меѓувреме не прифати ниту разговор по телефон, за ние потоа од селекторот Џикиќ да добиеме информација дека Рајковиќ нема да биде дел од стручниот штаб. Овој начин на комуникација не беше ниту е прифатлив за МКФ. Што се однесува до кондицискиот тренер од Полска, проблемот настана кога тој нѐ извести дека во текот на подготовките треба да се врати дома бидејќи имал венчавка. Се обидов да го намалам неговиот хонорар за времето кое нема да биде со националниот тим, но тоа не беше прифатено. На крајот, претседателот на МКФ нѐ извести сите дека е несериозно да прифатиме некој од тренерите да отсуствува толку долго време и дека треба да се бара ново решение за таа позиција“, додаде Спортскиот директор на МКФ. Марковски на прес-конференцијата изрази поддршка до новиот селектор, во кого има целосна доверба. - Имаме доверба во Србиновски, кој во последните два циклуса беше помошник на селекторите кои имаа различен успех, од историско четврто место со македонски селектор до 21. место со селектор странец. Србиновски побара од мене да му бидам од помош, што го прифатив без никакво размислување. Му благодарам на новиот селектор што се нафати, а од играчите очекувам професионален однос. Секоја победа на ЕП ќе биде успех и се надевам дека ќе дојдеме до посакуваната бројка два со која може да се надеваме за остварување на посакуваната цел. Мора и да нагласам дека пред да се договориме со новиот селектор имавме контакт со Марин Докузовски“, објасни Марковски. Првиот собир на репрезентативците е закажан за вечерва кога на дневен ред е запознавање на играчите со планот и програмата на подготовките, а првиот тренинг е закажан за утре во 10:30 часот во салата „Јане Сандански.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter