Маркa: Меси не сака да се врати во Барселона - Канал 5

Маркa: Меси не сака да се врати во Барселона

Првите луѓе на Барселона започнаа кампања за враќање на Лионел Меси во клубот чиј симбол е и кој шокантно го напушти летото минатата година.

Маркa: Меси не сака да се врати во Барселона

Пред еден месец, претседателот Жоан Лапорта рече: „Ние имаме морална должност кон Меси да ја заврши кариерата во Барселона, така што Камп Ноу ќе му аплаудира кога ќе замине во нашиот дрес“.

Минатата недела потпретседателот на Барселона и економски експерт Едуард Ромеу изјави дека финансиски е можно клубот да му го достави договорот на Меси следната сезона и дека неговото враќање ќе биде олеснето со тоа што тој ќе дојде без обештетување. Имено, договорот на Меси со ПСЖ завршува на лето и тој тогаш ќе наполни 36 години. Јасно е зошто праќаат вакви покани од Барселона. Се чини дека ова е совршено време да се „исправи грешката“ и да се врати Меси за да ја заврши кариерата во клубот од кој беше „избркан во солзи“.

Марка, пак, пишува дека ќе биде тешко да се реализира сценариото од бајките: „Можноста за тоа е многу мала и далечна. Што и да каже Барселона за тоа, многу работи би требало да се решат за воопшто да почне да се размислува за таква операција.Прво треба да се воспостави контакт, да се обнови врската.

Досега никој од Барселона не му се ни обратил на Меси, но информациите од клубот се објавуваат во јавноста без да разговараат со играчот и да го прашаат што сака. Освен тоа, Меси би требало многу да се убедува за да се врати. Ако заборавија во Барселона, ги потсетуваме дека тој го напушти клубот против своја волја, во солзи и чувство дека Лапорта го изневерил.

Откако се договорил со него за останување, за во последен момент претседателот да откаже сѐ. Меси не го заборави предавството што го доживеа во клубот на својот живот на сите нивоа и од клучните луѓе. Така некои од нив и во управата и во соблекувалната би морале да си заминат за да се врати“.

Marca додава два аспекта за враќањето на Меси за кои не се зборува и пишува, а тие се клучни: „Меси има 36 години, но и да се согласеше да се врати, тој не би бил задоволен ниту да стои како маскота, ниту да седи на клупа. Да не заборавиме дека иако финансиската состојба во Барселона е подобрена, клубот сепак троши многу повеќе за плати отколку што треба.

Јасно е што во вакви околности би значело за буџетот на Барселона доаѓањето на ѕвезда која заработува околу 35 милиони евра годишно во ПСЖ. Поради сето горенаведено, јасно е дека Меси во моментов не ни размислува за враќање во Барселона. Единственото нешто на што беше фокусиран во последните неколку месеци, а така ќе биде и во следните три, е како да ја освои светската титула со Аргентина, единствениот трофеј што му недостига“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема дупка се отвори пред луксузната вила на Николас Кејџ, наредена е итна евакуација

Силна бура што го погоди брегот на Лос Анџелес сериозно им се закани на неколку домови во Малибу, вклучувајќи ја и вилата на Николас Кејџ. 

Голема дупка се отвори пред луксузната вила на Николас Кејџ, наредена е итна евакуација

Голема дупка во земјата се отвори во непосредна близина на домот на актерот, поради што властите наредија евакуација на жителите од погодената област.

Бурното море, плимата и силните бранови предизвикаа уривање на дел од брегот и приодите кон куќите лоцирани покрај океанот. Вилата на Кејџ, вредна 10,5 милиони долари, е еден од петте имоти што се обележани со црвена ознака, што значи дека во моментов се забранети поради безбедносни ризици.

Голема дупка се отвори веднаш до куќата

Според Page Six, пред имотот на актерот имало дупка широка и долга околу девет метри. Фотографиите направени на местото на настанот покажуваат дека срушената област е многу блиску до куќата.

Скеле може да се видат и околу вилата, што укажува дека одредени работи веќе биле во тек на имотот пред бурата дополнително да ја искомплицира ситуацијата.

За среќа, никој не е повреден во уривањето. Сепак, обемот на штетата и заканата од понатамошни лизгања на земјиштето беа доволни градот Малибу да прогласи вонредна состојба во вторник вечерта.

„Наредба за евакуација е на сила за сите погодени имоти. Шерифските заменици лично ги известија жителите и е издадено дигитално предупредување“, се вели во официјалното соопштение.

Службите за итни случаи се обидуваат да спречат понатамошно уривање

Екипите на терен се обидуваат да го обезбедат срушениот дел од брегот пред следната плима бидејќи постојат стравувања дека морето би можело да однесе повеќе земја и дополнително да ги загрози домовите.

Штетата на цевките за природен гас беше откриена и за време на интервенцијата, но дефектот оттогаш е поправен.

Според „Њујорк пост“, бурата што го погоди брегот на Лос Анџелес во вторник е поврзана со остатоците од ураганот Мари.

Кејџ ја купи куќата во Малибу во 2024 година за 10,5 милиони долари. Вилата е од околу 370 квадратни метри и се наоѓа веднаш до океанот. Меѓу нејзините главни адути се погледот на морето и приватната тераса на покривот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор

Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември.

Трамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор

Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември, изјави портпаролот на владата, додавајќи дека не е одреден нов датум за разговорот.

Портпаролот не даде причина за одложувањето.

Во вторник, Трамп ја припиша победата на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AфД) на неделните покраински избори во Саксонија-Анхалт на германските правила за имиграција, кои ги опиша како „ужасни“.

Трамп е воодушевен од победата на AfD

„Воау! Популистичката партија во Германија штотуку имаше навистина голема ноќ“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, осврнувајќи се на неделните избори. Трамп не ја спомена конкретно AfD, но беше јасно на која партија мислеше.

AfD и нејзините поддржувачи се презаситени од „апсолутно ужасните правила за имиграција“ на Германија, рече Трамп. „ТИЕ СЕ ВО ПОГОЛЕМУВАЊЕ и повеќе нема да го толерираат тоа“, напиша тој.

Џ.Д. Венс се сретна со лидерот на АфД

Откако Трамп ја презеде функцијата во јануари 2025 година, се смета дека АфД има поблиски врски со Вашингтон од кога било досега. Копретседателката на АфД, Алис Вајдел, го опиша Трамп како пример за углед по неговото враќање во Белата куќа, а претставници на АфД отпатуваа во Вашингтон за неговата инаугурација.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, се сретна со Вајдел на маргините на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. На конференцијата, Венс предупреди дека исклучувањето на популистичките партии и градењето политички „заштитни ѕидови“ ризикуваат игнорирање на волјата на милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Попладневно избувна голем пожар во Карпош 4 во Скопје , во близина на бунарите Лепенец. 

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Голем пожар избувна пред половина час во близина на бунарите Лепенец, покрај кејот на Вардар во Карпош 4.

Според видеата, се гледа голем пожар и чад што зафати сува трева и грмушки во близина на објектот на ЈП Водовод.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер