Маринко Роквиќ е во критична состојба, се бори со сериозни здравствени проблеми - Канал 5

Маринко Роквиќ е во критична состојба, се бори со сериозни здравствени проблеми

Фолк пејачот Маринко Роквиќ веќе некое време се бори со бактерија која му го нападнала организмот.

Маринко Роквиќ е во критична состојба, се бори со сериозни здравствени проблеми

Пејачот се чувствува лошо, поради што многумина се загрижени.

- Лично, не сум во добри односи со Маринко, но многу ми е жал што слушам дека едвај зборува и дека ситуацијата е критична. Неговото семејство не сака да открива детали, но знам дека се многу исплашени за неговиот живот. Веќе ја прележа коронатаа, тоа му го ослабна организмот, потоа имаше операција на циста и сега ја има оваа тешка инфекција. Неговата сопруга Славица порано беше медицинска сестра, знае како да се грижи за него, знае што треба да прави, кај кои лекари да оди, но слушам дека и таа е загрижена. Ова никој не го очекуваше - вели пејачот за „Свет“, кој моли да не се споменува неговото име.

Во оваа прилика зборуваше и Халид Бешлиќ, еден од најблиските пријатели на Маринко.

- Со денови не ми се јавува на телефон, не ми одговори ниту на пораката. Му се јавив и на неговиот син Никола, но и тој не ми одговара. Загрижен сум, не знам што се случува - вели Халид за споменатиот медиум.

Минатиот месец се огласи и неговиот син Никола и откри дека неговиот татко не е добро.

„Ќе биде добро“ - изјави тогаш Никола за „Ало“, не сакајќи да ја продлабочува темата за здравствената состојба на татко му, која сè уште е неизвесна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?

Стево Пендаровски, со својот Фејсбук-статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?

Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади. Но, клучните прашања остануваат неодговорени.

Во Влае се гради станбен објект во кој како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на Еролд Муслиу, близок соработник на Пендаровски, кого тој го именуваше за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година.

Прашањето е едноставно, од каде се милионите за оваа инвестиција?

Дали пријавените семејни приходи на семејството Муслиу соодветствуваат со обемот на инвестицијата? Кој го обезбедува капиталот и дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Стево Пендаровски и Еролд Муслиу поврзани со овој проект?

Исто така во 2024 година Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, добила грант од 620 илјади евра, од тогашната влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу.

Пендаровски не може да ги избегне овие прашања со политички напади и обиди за дефокусирање. Неговата изјава отвори дополнителни дилеми. Пендаровски и Еролд Муслиу јавно да одговорат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во Влае?

Од кои извори потекнуваат средствата за инвестицијата?

Дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Пендаровски и Муслиу?

Дали доделениот грант од 620.000 евра бил доделен и искористен согласно законските процедури и критериуми?

Од надлежните институции бараме да ги проверат сите релевантни финансиски и имотни податоци, како и евентуалното постоење судир на интереси.

Доста е со политички дефокусирања и избегнување одговорност.

Додека Филипче зборува за некакава организирана криминална група токму врхушката на СДС и лица блиски до СДС меѓу кои и кланот Заеви градат висококатници во Дубаи, купуваат акции во авиокомпании, се луксузирааат на јахти по Егејот, инвестираат во фотоволтаици и градат империи.

Доста е со привилегии и молк.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран

Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран, по преземањето на контролата врз американскиот Конгрес.

Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп.

Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија.

Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот.

Неговите изјави укажуваат на продлабочување на несогласувањата во редовите на републиканците.Сè уште не се познати конечните резултати за две сенаторски места.

Во Мисисипи се води исклучително неизвесна трка, додека во Алјаска продолжува пребројувањето на гласовите.По изборните резултати продолжи и падот на цените на нафтата.Цената на барел нафта се спушти под 100 долари, достигнувајќи го најниското ниво во последните два месеца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстранти

Властите во Србија вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстранти

Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица.

Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер.

Министерството во соопштението наведе дека осомничените, припадници на елитна единица, на 14 и 15 август 2025 година мачеле и застрашувале неколку лица заточени во гаража на владин комплекс во центарот на Белград.

„Со примена на сила и закани, тие им нанесени голема болка и тешко страдање на поголем број лица, со намера од нив да изнудат информации, да ги заплашат и незаконски да ги казнат“, се вели во соопштението.

Министерството ги објави само иницијалите на уапсените службеници и на поранешниот полицаец.

Станува збор за први значајни апсења поврзани со насилството врз демонстрантите кои во текот на изминатите две години излегуваа на улиците. Полицијата за време на протестите користеше солзавец, возила за разбивање демонстрации и шок-бомби за да ги растера собраните граѓани.

Десетици студенти и активисти кои учествуваа на протестите ја обвинија полицијата за прекумерна употреба на сила, што резултираше со повреди и психолошки трауми.

Српските студенти, активисти, опозициски политичари и организации за заштита на човековите права ги обвинија Вучиќ и СНС за политичко насилство, притисоци врз медиумите, врски со организираниот криминал и широко распространета корупција.

Вучиќ и неговите сојузници ги отфрлаат обвинувањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер