Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси
2Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси
3Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ТенисМареј го пропушти погребот на својата баба поради настапот во Дејвис купот Британскиот тенисер Енди Мареј победата над Швајцарецот Леандро Риди (6:7, 6:4, 6:4) во мечот од групната фаза во Дејвис купот и ја посвети на својата баба.- Жал ми е што не можам да бидам со моето семејство денес. Бабо, ова е за тебе. Разговарав со татко ми за тоа и тој рече: „Таа би сакала да играш, само погрижи се да победиш, па јас го направив тоа, изјави Мареј за „Би-би-си“. 🇬🇧 Andy Murray emotionally reveals that he missed his Gran’s funeral to play the Davis Cup today. Dedicated the win to her. 🥹 pic.twitter.com/Li0C6eEmBq — Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) September 15, 2023 Во групната фаза на Дејвис купот во Манчестер се натпреваруваат селекциите на Велика Британија, Австралија, Франција и Швајцарија. Репрезентациите ќе играат меѓу себе секој со секого. Двете најдобри селекции ќе се пласираат на „Фајнл 8“, кој ќе се одржи во ноември во Малага, Шпанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо Њујорк почнува 81. заседание на Генералното собрание на ОНОколу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк.Генералната дебата на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН ќе трае од денеска до 28 септември, а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „обнова на довербата, управување со трансформацијата: обединети нации што им служат на сите“. Околу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк за да ја испратат својата порака до светот.Тагови: Генералното собрание на ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСуперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезонаМЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово ќе се борат за трофејот во натпреварот кој на 26 септември ќе се игра во спортската сала во КумановоНовата натпреварувачка сезона во македонската кошарка официјално ќе биде отворена со натпреварот за Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“. Натпреварот е закажан за сабота, 26 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, а ќе се одигра во Спортската сала во Куманово. Согласно системот на натпреварување, во Суперкупот се среќаваат шампионот на највисокото сениорско првенство и освојувачот на Купот на Македонија. Бидејќи МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2025/2026 ги освои и шампионската титула и Купот на Македонија, противник на актуелниот шампион во Суперкупот ќе биде МКК Куманово, финалистот во Купот на Македонија. Така, за првиот трофеј во новата сезона ќе се борат: МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ воедно ќе биде и прва официјална пресметка во новата сезона, со што и официјално ќе започне новото поглавје во македонската клупска кошарка.Тагови: Драган Василов – Цевка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29
МакедонијаСобранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процесиДенес во Собранието на Република Македонија беше потпишан Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.Соработката е насочена кон унапредување на дигитализацијата на собраниските процеси и развој на решенија засновани на вештачка интелигенција, со цел поефикасно користење на податоците, документите и знаењето со кои располага Собранието. Претседателот Гаши упати благодарност до професорите и тимот на ФИНКИ, до собраниските служби и до сите чинители кои придонесоа за воспоставување на соработката, оценувајќи ја како пример за поврзување на науката, технологијата и институциите во служба на демократијата, ефикасноста и јавниот интерес. Претседателот на Собранието, Африм Гаши истакна дека оваа соработка претставува важен чекор кон модернизација и дигитализација на работните процеси на Собранието, кое располага со значајни податоци, знаења и капацитети. Целта е да се обединат собраниските капацитети за вештачката интелигенција да го најде своето место во работата на Собранието, на одговорен и безбеден начин. Тој додаде дека во рамките на соработката ќе се работи на подготовка, стандардизација и анализа на собраниските документи, стенограмите и аудиовизуелните материјали, со цел тие да можат да се обработуваат и користат со помош на алатки засновани на вештачка интелигенција. Проф. Димитар Трајанов - раководител на проектот Везилка и проф. Петре Ламески - декан на ФИНКИ истакнаа дека партнерството со Собранието претставува можност научното и академското знаење да се поврзе со реалните потреби на една од клучните институции во државата. Тие посочија дека преку проектот „ВЕЗИЛКА“ ќе се работи на развој и примена на современи решенија од областа на вештачката интелигенција, при што посебно значење ќе има подготовката и структурирањето на податоците потребни за нивна ефикасна примена. Примената на новите технологии ќе се одвива со почитување на највисоките стандарди за безбедност и доверливост при обработката и користењето на податоците, со цел помодерно, поефикасно и потранспарентно Собрание, но и конкретен чекор кон остварување на визијата за институција која ја користи технологијата за подобро да им служи на граѓаните. Во рамките на проектот „ВЕЗИЛКА“, чиј носител е ФИНКИ, предвидено е активностите да се реализираат во периодот од април 2026 до март 2029 година.Тагови: ФИНКИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter