МАНУ го промовираше четвртиот том од Собраните дела на Мисирков - Канал 5

МАНУ го промовираше четвртиот том од Собраните дела на Мисирков

Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) денеска го промовираше четвртиот том од Собраните дела на Крсте Мисирков, Дневнички и мемоарски записи (1903-1913-1923).

МАНУ го промовираше четвртиот том од Собраните дела на Мисирков


Читањето на ова издание кое, како и претходните три, го подготви академик Блаже Ристовски, овозможува интерен разговор со Мисирков на теми временски лоцирани во години судбински за Македонците.

Како што беше истакнато на промоцијата, текстовите содржани во четвтриот том носат многу значајни, дополнителни индикации за идните истражувачи на животот на Мисирков и неговиот опус. Со нив практично почнува критичкото претставување на документарното ракописно наследство од кодификаторот на современиот македонски литературен јазик и правопис.

- Четвртиот том ги содржи само трите достапни дневнички и мемоарски записи на Мисирков создавани во растојание од по 10 години од неговиот краток творечки век, но тие ознаменуваат важни етапи од новата македонска историја, Илинденското востание, Балканските војни и поделбата на Македонија со Букурешкиот договор, како и крајот на Првата светска војна со Версајските мировни договори што ја потврдија поделбата во 1923 година, посочи Ристовски.

Во предговорот на делото тој вели дека по шестдецениско запознавање и истражување на делото на Мисирков, чувствува научен, морален, патриотски и човечки долг да му го претстави на својот народ заокружениот опус на најзначајната и најоспоруваната личност во македонската понова историја.

- Од Мисирков има уште многу да се научи. Да се потрудиме да го пренесеме во сегашниот момент, да ја имаме неговата храброст и упорност, да не отстапуваме, да не дозволиме да не збунат па да си поставуваме прашања самите себе си зашто таквите прашања се само сомнеж, а сомнежите во нештата како што е Македонија не треба и не смее да ги има, подвлече промоторот на делото, професорката Снежана Веновска-Антевска.

Дневничките и мемоарски записи поткрепени со 539 фусноти овозможуваат вбројување на Мисирков во низата повеќејазични македонски писатели од првата половина на 20 век. Преку нив, како што рече промоторот проф. д-р Димитар Пандев, рецепцијата на делото на Мисирков се надополнува со уште една димензија, уметничколитературната. Воедно се отвора темата за литературните заложби и креативните можности на Мисирков, за неговиот однос кон литературата како одраз на стварноста, односно за вклопување на стварноста во литературата.

- Мисирков секогаш има причини за литературно дејствување и секогаш тргнува од множество погледи при разгледувањето на објектот на литературната обработка. Како и да ја води нарацијата, секогаш реторички ја доведува до една иста, тогаш актуелна за него тема, автономија на Македонија, потенцира Пандев.

Мисирков, додаде, имал творечки потенцијал да биде голем писател на своето време, како што сакал да ја види Македонија автономна и одделна и како што сакал неговото дело да го читаат следните генерации Македонци.

- Мисирков создал згусната мемоарска проза. Го заслужува свеото место во низа македонски автобиографии, чии автори во некоја своја особеност биле нај, почнувајќи од Ѓурчин Кокале, преку Прличев до Цепенков. Автобиографии пишуваат големите луѓе на народот, а мемоари националн личности во пресудни времиња, напомена професорот.

Процесот на објавување на целокупното дело на Мисирков приредено од академик Блаже Ристовски во соработка со д-р Билјана Ристовска-Јосифовска почна во 2005 година, а треба да се заокружи во 2020 година со двотомна монографска студија. Досега издадените три тома ги содржат главно печатените текстови на Мисирков на македонски и на други јазици, руски, бугарски, идо. Во првиот том се сместени биографијата на Мисирков и книгата За македонските работи“, вториот ги опфаќа печатените истражувања, статии во периодот 1898 - 1909 година, а во третиот се претставува целокупната национално-политичка публицистика од 1910 - 1926 година.

- Сложената научно-истражувачка обврска и лично ја чувствуваме како долг од првата средба со Мисирков во 1946 година, интензивиран со пријавата на докторската дисретација во 1961-та. Со досегашните истражувања во разни земји се откриени и собрани стотици текстови и илјадници факти и податоци чие систематизирање, проучување и преведување е полувековен процес, нагласи Ристовски.

Сепак, остануваат неоткриени и други авторски текстови особено од периодот на Првата балканска војна. Животот и делото на Крсте Мисирков, подвлече академик Блаже Ристовски, одразуваат многу драматичен период од историскиот развиток на Македонија и македонскиот народ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британија постави воен сателит во вселената- „Титанија“ влезе во орбитата на Земјата

Велика Британија доби „нов пар очи“ во вселената откако лансираше нов воен сателит во орбитата, објави Министерството за одбрана.

Британија постави воен сателит во вселената- „Титанија“ влезе во орбитата на Земјата

Титанија е вториот воен сателит што влезе во употреба, по лансирањето на Тајче во 2024 година, а уште два се планирани за блиска иднина.

Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, изјави дека сателитите ќе им овозможат на вооружените сили на Велика Британија „порано да детектираат закани, правејќи ја Велика Британија побезбедна“.

Титанија е со големина на машина за перење и тежи околу 100 кг. Патува со брзина од 27.000 км/ч и кружи околу Земјата на секои 90 минути. Беше лансиран минатиот месец со ракета на SpaceX од Калифорнија.

Сателитите ќе бидат управувани од Вселенската команда на Велика Британија, со седиште во RAF Хај Викомб.

Покрај набљудувањето на Земјата од вселената, Министерството за одбрана тестира и мрежа од вселенски сензори од три локации низ целиот свет. Проектот се нарекува Инарос. „Способноста за набљудување на Земјата од вселената е од суштинско значење и за националната отпорност и за воената предност“, рече главниот воздухопловен маршал Сер Харв Смит, началник на Воздухопловниот штаб.

„Ова ќе биде демонстрирано во годините што доаѓаат со сателитите Тајче и Титанија, заедно со Јуно и Оберон“, додаде тој.

„Ќе ги следиме овие критично важни сателити со најсовремена технологија од целиот свет, вклучувајќи ги и нашите сензори Инарос, за да се осигураме дека нашите вооружени сили можат да се борат и да победуваат каде и да се.“

Титанија е дизајнирана и изградена во Хемпшир, како дел од партнерството помеѓу Лабораторијата за одбранбена наука и технологија (Dstl) и BAE Systems.

Британскиот министер за одбрана нагласи дека сателитите Титанија и системот Инарос се „изградени и дизајнирани во Велика Британија“ и дека се поддржани од „повеќе од 3 милијарди фунти инвестиции во вселенски капацитети“.

Секретарот Стритинг рече дека проектите ќе значат „висококвалификувани работни места низ Велика Британија, посилна индустриска база и побезбедно Обединето Кралство“.

Соопштението доаѓа кратко време по откривањето на првата вселенска ескадрила на Велика Британија. Шефот на RAF рече дека вселената „станала домен на војување, без разлика дали ни се допаѓа или не“.

Ризикот беше илустриран минатиот месец кога руски воен сателит се приближи опасно до комерцијален сателит, што некои експерти го сметаат за проба за напад.

САД неодамна за прв пат потврдија дека распоредиле оружје во вселената за да се заштитат од „непријателска акција на противникот“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, сака да изгради систем за ракетна одбрана „Златна купола“ составен од копнени системи и „вселенски сензори и пресретнувачи“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца патници загинаа во автобуската несреќа во Хрватска, 27 се повредени - се преврте автобус на „Ниш експерес“

Министерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ потврди дека шест лица се тешко повредени во тешката автобуска несреќа на автопатот А3, додека 27 лица се класифицирани како полесно повредени на местото на несреќата. 

Двајца патници загинаа во автобуската несреќа во Хрватска, 27 се повредени - се преврте автобус на „Ниш експерес“

Двајцата возачи на автобус се меѓу повредените, но сè уште не е познато колку се сериозни нивните повреди. Двајца патници загинаа во несреќата, објави Индекс.

Сите повредени се пренесени во болниците во Загреб

Веднаш по пријавата, на терен беа испратени девет екипи на Итна медицинска помош, шест од Загрепската жупанија, две од Сисак-Мославина и еден хеликоптер на Итна медицинска помош.

Според првичната тријажа, пет лица имале тешки повреди, а уште едно лице е пренесено со хеликоптер. Две тешко повредени лица се пренесени во КБЦ Сестре милосрднице во Виноградска, едно лице во Клиниката за трауматологија во Драшковиќева и две во КБЦ Загреб.

„Важно е да се нагласи дека сите тешко повредени лица се примени во болниците во рок од еден час за понатамошни прегледи и лекување“, истакна Хрстиќ.

Останатите 27 лица, кои беа класифицирани како полесно повредени на местото на несреќата, беа пренесени со амбулантно возило или со полициска придружба во пет болници во Загреб за понатамошни прегледи. Тоа се Загрепската болница, Болницата „Сестри на милосрдието“, Болницата „Дубрава“, Болницата „Меркур“ и Клиниката за трауматологија во Драшковиќева.

Министерот нагласи дека сите учесници во несреќата се испратени на болнички прегледи.

Автобусот излетал од автопатот и се превртел

Тешката несреќа се случила утрово околу 7:25 часот на 61-от километар од автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички излетал од патот и се превртел на страна.

Според досега достапните информации, во автобусот имало 35 лица, вклучувајќи 33 патници и двајца возачи. На местото на несреќата биле испратени и пожарникари, кои учествувале во спасувањето на жртвите и спречувањето на евентуален пожар.

Вицепремиерот Томо Медвед го посети местото на несреќата и разговараше со помладите патници во автобусот.

„Се сретнавме со помлади луѓе кои беа патници во автобусот. Јасно е дека се под стрес. Ги охрабривме и за нив беше соодветно згрижено“, рече Медвед.

Тој додаде дека полицијата ги утврдува идентитетите и националностите на патниците и дека ќе се координира со надлежните амбасади доколку е потребно.

Причината за автобуската несреќа сè уште не е позната. Полицијата спроведува истрага која ќе ги утврди сите околности на слетувањето и превртувањето на автобусот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)

Неверојатна сцена беше видена во аргентинскиот фудбал, каде што навивачите на Росарио Централ истрчаа на теренот за да го прослават освојувањето на трофејот, убедени дека нивниот тим станал шампион на табелата за годината. 

Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)

Сепак, прославата беше прерана, бидејќи Бока Јуниорс постигна гол во 96-тата минута со кој ја освои титулата.

Во последниот натпревар од сезоната Клаусура, Росарио Централ го победи Естудијантес де Рио Куарто со 2-0, со што стигна до 62 бода на вкупната табела, која ги вклучува резултатите од двата кратки шампионски циклуси (Апертура и Клаусура).

Играчите и навивачите веруваа дека ова е доволно за да го освојат новововедениот трофеј, бидејќи Бока Јуниорс играше против Дефенса и Хустиција во исто време, а резултатот беше 0-0 до крајот на судиското продолжение.

Фудбалерите на Росарио се собраа околу своите мобилни телефони за да го следат финалниот натпревар на нивниот најголем ривал. Убедени дека нивната работа е завршена и дека Бока повеќе не може да ги престигне, навивачите истрчаа на теренот и почнаа да слават со играчите.

Сепак, следеше целосен пресврт. Енер Валенсија постигна гол против Дефенса и Хустисија во 96-тата минута, со што Бока победи со 1-0 и вкупно 63 бода на вкупната табела, еден повеќе од Росарио.

Така, трофејот отиде кај Бока Јуниорс, а капитенот Леандро Паредес имаше чест да го подигне пехарот што само неколку минути претходно навивачите на Росарио веќе го сметаа за свој.

- Веќе немам зборови да опишам што доживувам и чувствувам. Морав да верувам. Знаев дека ќе напаѓаме до самиот крај на натпреварот, до последната секунда. Не беше среќа, туку континуитет и работа. Го заслуживме ова и успеавме - рече Паредес.

Двата тима се квалификуваа за плејофот на Клаузура, кој ќе започне по паузата за меѓународни натпревари. Бока Јуниорс го очекува и финалето на Копа Судамерикана против бразилскиот тим Атлетико Минеиро, закажано за 21 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер