Манчевски: Претплатниците имаат право да бараат отштета од кабелските оператори!

Во однос на „темницата“, тој вели: Со оглед на тоа што не се работи за прекин кој е предизвикан заради реконструкција, модернизација, одржување, технички пречки или недостаток на мрежата, јасно е дека се работи за повреда на законот!

Следува соопштението во целост:

Во врска со денешното исклучување на емитувањето на телевизиските канали од страна на операторите, МИОА би сакала да укаже дека е направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации. Членот 115 гласи:

Член 115

Операторите кои обезбедуваат пристап до јавна електронска комуникациска мрежа можат, без согласност на корисниците, привремено да го ограничат или прекинат пристапот до нивните услуги, доколку тоа е потребно заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки или недостатоци во мрежата.

(2) Операторите се должни да ја информираат Агенцијата и да ги известат корисниците за ограничувањата или прекините кои траат подолго од 30 минути:

- најмалку 48 часа пред планираната реконструкција, модернизација или одржување или

- колку што е можно побрзо, но не подолго од 48 часа, кај ограничувањата или прекините предизвикани од технички пречки или недостатоци во мрежата.

(3) Операторите треба да ги преземат сите неопходни мерки, ограничувањата или прекините да траат што е можно пократко.

Со оглед на тоа што не се работи за прекин кој е предизвикан заради реконструкција, модернизација, одржување, технички пречки или недостаток на мрежата, јасно е дека се работи за повреда на законот. Последиците за ова дело се дефинирани во членовите 182 и 186 од Законот за електронски комуникации, кои гласат:

Член 182

(1) Глоба во износ од 20.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, односно трговец поединец, ако:

36) изврши привремено ограничување или прекин на пристап, спротивно на членот 115 од овој закон;

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице, односно за трговецот поединец ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице, односно на одговорното лице во трговецот поединец за прекршоците од ставот 1 на овој член.

Член 186

(1) На правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182,183 и 184 од овој закон покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на определена дејност во траење од шест месеци до три години, а може да му се изрече и прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот.

(2) На одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата, ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година.

(3) На трговец поединец за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година, а може да му се изрече прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот.

Покрај ова, сите претплатници на операторите имаат законско право да бараат и право за надоместок на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори и можат да бараат соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно регулаторно тело.

Следува соопштение и од асоцијацијата на национални ТВ станици - ММА

Побеснет бик фрла жена како да е кукла- ја молеле да не му приоѓа, не ги послушала (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео снимено на плажата Ла Фортуна, во близина на мексиканскиот град Сан Лукас.

Туристка се обидела да ги собере работите, кога бик опасно ѝ се приближил. Луѓето се обиделе да ја предупредат, но таа не послушала.

На почетокот, жената во црн фустан ги собира работите од песокот, додека бикот ги мириса. Слушаме како луѓето ја предупредуваат да побегне.

„Премногу си играте со него. Ве молам, немојте да го правите тоа“, рекол еден маж.

Меѓутоа, жената не се откажала и ја ставила раката на главата на животното, како да го турка.

„Ве молам, не го правете тоа“, продолжил да се моли човекот.

Опасното животно молскавично реагирало и ја удрило жената со рогови. Сведоците на инцидентот почнале да врескаат, пренесува Daily Mail.

Туристката успеала да стане, но бикот повторно ја соборил на песокот. Се кренала прашина, а никој не се осмелил да ѝ пријде и да ѝ помогне на несреќната жена.

„Се обидувавме да ви кажеме“, се слушаат извици.

Останува нејасно од каде дошол бикот на плажата и зошто ѝ пришол на жената. Во исто време не се знае нејзиниот идентитет и со какви повреди се здобила или дали е жива.

Аватари на починати за 46.000 евра- дигитална реинкарнација преку вештачка интелигенција

Враќањето на мртвите во живот преку технологија до неодамна беше поврзано само со филмови, но со напредокот на вештачката интелигенција - вакво нешто повеќе не е само прашање на фикција.

Технолошкиот сектор за тага, познат и како „технологија на смртта“, сега се проценува на повеќе од 100 милијарди фунти на глобално ниво, според веб-страницата за технолошки вести TechRound.

- Го клонираме изгледот на една личност до 96,5% сличност со оригиналната личност - вели Мајкл Јунг, финансиски директор на DeepBrain, една од компаниите кои фиктивно ги враќаат луѓето во живот.

Компанијата верува дека овој вид технологија може да биде важен за развојот на културата на „добра смрт“, каде што однапред се подготвуваме за смртта на најблиските, оставајќи ја семејната историја, приказни и спомени како дел од наследството.

Сепак, процесот не е евтин и корисниците не можат сами да креираат аватар. Наместо тоа, тие треба да ѝ платат на фирмата до 50.000 долари. И покрај оваа висока цена, некои инвеститори се уверени дека ќе биде популарна, а DeepBrain собра 44 милиони долари во својот најнов круг на финансирање.

Психологот Лаверн Антробус предупредува дека треба да се биде многу внимателен кога се користат такви „технологии на тага“ во периоди на силни емоции.

- Загубата е нешто што нѐ изненадува. Може да мислите дека сте прилично блиску до тоа да бидете добро, а потоа нешто може да ве врати назад – вели таа, а пренесува Би-би-си.

Антробус додава дека луѓето не треба да брзаат да го користат четботот на изгубената сакана личност.

- Треба да се чувствувате прилично цврсто пред да користите вакво нешто. Сфатете ги работите многу, многу бавно.

Таа исто така, предупредува дека не постои замена за човечката поддршка кога станува збор за надминување на тагата.

- Навистина не можам да замислам дека технологијата ќе ги преземе традиционалните аспекти на жалоста, кои се однесуваат на чувството на блискост со луѓето, чувството на грижа за нив, чувството на благодарност.

Камион виси на мост во Кентаки: Пожарникари ја извлекуваат жената- возач (ВИДЕО)

Во судница во Кентаки е прикажано видео од спасувањето на жена која возела камион што виси над река откако нејзиното возило излета преку оградата на мостот.

На видеото се гледа и несреќата што довела до оваа неверојатно опасна ситуација на мостот Кларк во Луисвил, Кентаки, пренесува ABC 7.

Видеото од 1 март покажува како возачката избегнува автомобил запрен на мостот, за да удри во камионот следниот момент. Можете да ја видите и снимката од камерата од кабината на камионот - едната што ја снимила возачот, а другата што ја прикажува ситуацијата пред камионот.

Сидни Томас (26) која го управувала камионот, иако се трудела максимално да го контролира возилото, не успеала и изгубила контрола над него - камионот наеднаш свртел налево и ја пробил оградата на мостот. Кабината на камионот во кој се наоѓала Сидни во следниот момент висела на околу 30 метри од водата. Таа очајно се држела за воланот за да не испадне од кабината.

На пожарникарите од Луисвил им требало речиси еден час за да ја одведат на безбедно, па беа поздравени како херои, што и заслужиле.

Возачот на пикапот што ја предизвикал несреќата, 33-годишниот Тревор Бранам, се соочува со повеќе обвиненија, меѓу кои и суспендирање на дозволата. Тој бил на суд завчера и се уште не се пријавил со своја одбрана.

Еве како изгледаше оваа страшна несреќа:

притисни ентер