Манасиевски: Освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон заврши со големо фијаско - Канал 5

Манасиевски: Освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон заврши со големо фијаско

Сите карти излегоа на површина, соработката на Филипче и СДС со Бугарија е разобличена.

Манасиевски: Освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон заврши со големо фијаско

Рубин Земон, човек на Зоран Заев и еден од најблиските луѓе на Венко Филипче е врската помеѓу Бугарија и СДС.

Рубин Земон одржа средба со Виктор Стојанов, човекот кој ја води Фондацијата Македонија, која шири Бугарска пропаганда во државава и лице кое има забрана за влез во Македонија поради неговите антимакедонски ставови.

Ете овој човек соработува со СДС и Филипче токму преку човекот на Заев, Рубин Земон.

Да ја потсетиме јавноста со какви хвалоспеви, меѓународниот секретар на СДС, Андреј Жерновски говореше за него.

Почитувани,

Освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон заврши со големо фијаско.

Дури и видни членови на СДС му укажале на Филипче дека со оваа работа отидено е предалеку, па затоа му било кажано на Рубин Земон да замине од СДС, но да продолжи со тоа што му е работа, а тоа е соработката со Бугарија и ширење на бугарска пропаганда.

Филипче е фатен во небрано, откриени му се намерите и доколку вака продолжи СДС ќе стане ДООЕЛ, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Интересот за електрични возила е резултат на паника, а не на промена на навиките на клиентите“

Извршниот директор на Мазда во Австралија верува дека рекордната продажба на електрични возила во последните месеци не е резултат на трајна промена во навиките на клиентите.

„Интересот за електрични возила е резултат на паника, а не на промена на навиките на клиентите“

Извршниот директор на Мазда во Австралија, Винеш Бинди, верува дека рекордната продажба на електрични возила во последните месеци не е резултат на трајна промена во навиките на клиентите, туку е последица на конфликтот на Блискиот Исток и наглиот пораст на цените на горивата.

Според него, зголемениот интерес за електрични возила е краткорочна реакција на пазарот на неизвесноста во снабдувањето со гориво, а не почеток на нов тренд.

Во разговор за австралиски „Драјв“, Бинди рече дека новите нарачки веќе почнале да се враќаат на нивото пред избувнувањето на кризата на Блискиот Исток.

„Мислам дека растот на интересот во последните два месеци е резултат на проблеми со снабдувањето со гориво, а не на структурни промени на пазарот. Побарувачката ќе продолжи да расте, но со многу побавно темпо“, рече Бинди.

Тој исто така верува дека Австралија сè уште нема доволно развиена инфраструктура за да овозможи масовен премин кон електрични возила, иако државата го охрабри нивното купување со даночни олеснувања.

Сепак, статистиката покажува дека електричните автомобили бележат рекордни резултати. Во мај 2026 година, нивниот удел во продажбата на нови возила достигна 19,9 проценти, што е историски максимум за австралискиот пазар. Еден месец претходно, процентот беше 16,4 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Молдавскиот премиер поднесе оставка

Молдавскиот премиер Александру Мунтеану поднесе оставка, со што се активира процесот на оставка на целата влада, беше објавено денес во Кишињев.

Молдавскиот премиер поднесе оставка

Мунтеану, кој е на функцијата од ноември 2025 година, не ја објасни својата одлука детално.

Тој во објава на социјалната мрежа „X“ изјави дека неговиот мандат завршува и дека одлучил да се повлече кога заклучил дека повеќе не може да ги извршува своите должности во согласност со своите принципи и верувања.

„Денес завршува мојот мандат како премиер. Во моментот кога сфатив дека повеќе не можам да го извршувам мојот мандат во согласност со моите принципи и верувања, решив да се повлечам“, напиша тој.

Мунтеану (62) беше назначен за премиер по парламентарните избори одржани во септември 2025 година, на кои ПАС постигна убедлива победа над проруските политички ривали и обезбеди продолжување на проевропскиот курс на земјата.

Пред да влезе во молдавската политика, работеше во странство повеќе од 20 години, вклучително и во Светската банка.

Во својата објава тој рече дека ќе продолжи да ѝ служи на Молдавија без оглед на позицијата што ја има во иднина.

Молдавија, која граничи со Украина и Романија, е кандидат за членство во Европската Унија. Политичката сцена во земјата со години е поделена меѓу проевропските сили и партиите што се залагаат за поблиски односи со Русија, потсетува Ројтерс.

Маја Санду ќе започне консултации за новиот премиер на Молдавија следната недела

Молдавската претседателка Маја Санду денес објави дека следната недела ќе започне консултации со парламентарните фракции за да предложи кандидат за нов премиер.

Санду нагласи дека Мунтеану ќе продолжи да ја извршува функцијата привремен премиер додека не се избере нов шеф на владата, објави Молдпрес.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Димитриеска-Кочоска се фали со „рекордни инвестиции“, а всушност ребалансот е признание за неуспех!

Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска денеска се фали дека со ребалансот на Буџетот обезбедуваат „рекордни“ 46 милијарди денари за капитални инвестиции.

СДСМ: Димитриеска-Кочоска се фали со „рекордни инвестиции“, а всушност ребалансот е признание за неуспех!

Ова е уште една пропагандна изјава која нема допир со реалноста.

Фактите се следи:

• Ребалансот не е направен затоа што „одговорно управуваат со јавните финансии“, туку затоа што приходите значително заостануваат зад планираното.

• Капиталните инвестиции во реалноста се реализираат со многу ниска стапка - често под 50%. Минатата година, и покрај големите бројки на хартија, реализацијата беше далеку под очекуваното.

• Наместо вистински развојни проекти, поголемиот дел од буџетот оди за тековни трошоци - плати, пензии, отплата на долгови и одржување на системот.

• Зад „рекордните инвестиции“ се крие зголемено задолжување, партиски криминални тендери и префрлање на средства од едни во други категории, само за да се создаде впечаток на активност.

Организираната криминална група во Владата на Мицкоски, која ја предводи тендер коалицијата нема развојна стратегија. Има само пропагандна машинерија која секој ребаланс го претставува како историски успех, додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, ниски плати и празен буџет.

Ова не се „рекордни инвестиции“ тукурекордна измама на јавноста.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер