Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen
1Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen
МакедонијаМанасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и ЗаевМакедонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис.Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис. Филипче и Заев веќе еднаш го променија Уставот и го продадоа името за таканаречен влез во ЕУ, што секако не го добија, за сега повторно доколку имаат можност да направат нова отстапка на штета на Македонија, а тоа е внесување на Бугари во Уставот, со што би се отвориле нови блокади или вета од бугарските власти. На Филипче му е јасно дека со ваков незначителен рејтинг, распадната партија и некомпетентност - единствен начин за тоа како би можел да дојде на власт е со слугување на други држави и нивните власти, удоволување на нивните барања и кодошење на државата. Наместо еднаш да покаже достоинство и да застане на вистинскиот пат, Филипче повторно ќе ги распродава националните интереси за свој личен интерес. Уцените кои доаѓаат од Бугарија кон Филипче не се едноставни, затоа и е спремен да исполни се што ќе му се побара. За среќа на македонските граѓани Филипче нема да биде власт во Македонија, а дополнително и ќе одговара за својот криминал. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаДиректорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger DruckmaschinenДиректорот Гоце Димовски оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen, каде се разговараше за развојот на инвестицискиот проект кој е во напредна фаза. Во рамки на средбата беа дискутирани можностите за понатамошно унапредување на соработката, динамиката на реализација на инвестицијата, како и идните развојни планови на компанијата во земјава. Директорот Димовски нагласи дека оваа инвестиција значајно ќе допринесе за зајакнување на домашната економија, што претставува уште една потврда за довербата на германските компании во деловното опкружување и потенцијалот за развој во Македонија. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на обезбедување стабилна и предвидлива бизнис-клима, овозможувајќи целосна поддршка на инвеститорите во сите фази од нивниот развој. Од страна на компанијата беше изразена посветеноста за исполнување на сите услови потребни за навремена реализација на инвестицијата. Лукас Мухрингер истакна дека главната цел на компанијата е навремено исполнување на барањата на клиентите и континуиран развој на пазарот, за што, токму инвестицијата во рамки на ТИРЗ претставува важен чекор.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
ФудбалКејн: „Имам најголеми шанси да го освојам Светското првенство и Златната топка“Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Светско првенство претставува најдобра можност во неговата кариера да го освои највредниот трофеј во репрезентативниот фудбал.Кејн ќе пристигне на своето трето Светско првенство по исклучителна сезона во клубот и репрезентацијата, а во интервју за „ITV Football“ тој нагласи дека никогаш не се чувствувал поподготвен за најголемите предизвици. „Во фудбалот, никогаш не знаете што може да се случи, па затоа пристапувате кон секој турнир како да може да ви биде последен. Ме познавате, сакам да играм долго, долго време. Чувствувам дека сум на својот врв, никогаш не сум се чувствувал подобро, како што реков и претходно“, рече Кејн. Напаѓачот на Англија дополнително го зацврсти статусот на најдобар стрелец во историјата на националниот тим. Со гол на пријателскиот натпревар против Нов Зеланд, тој стигна до својот 79-ти гол во дресот на репрезентацијата, додека вкупно во сезоната постигна дури 67 гола за клубот и репрезентацијата. Зборувајќи за претстојното Светско првенство, Кејн истакна дека комбинацијата од врвна форма и квалитетот на националниот тим му дава голема самодоверба и дека ја гледа оваа можност како најголема во неговата досегашна кариера, и за освојување на Светското првенство и за освојување на „Златната топка“. „Веројатно би рекол само дека, со оглед на формата во која се наоѓам и сезоната што ја имав, ова е веројатно најдобрата можност што некогаш ќе ја имам во мојата кариера да освојам Светско првенство.“ Пред почетокот на Мундијалот, фудбалската репрезентација на Англија ќе има уште еден пријателски натпревар против Костарика, по што целосно ќе го насочи вниманието кон Светското првенство. „Гордиот албион“ ќе го отвои светското во Групата Л на 17 јуни со натпревар против Хрватска, потоа на 23 јуни ќе играат против Гана, а на 27 јуни против Панама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБарса го отпиша иако сезоната ја заврши со по 14 гола и асистенцииТој постигна 14 гола и имаше 14 асистенции оваа сезона, но шпанскиот шампион Барселона сепак одлучи да не ја продолжи соработката со него.Англискиот репрезенативец Маркус Рашфорд нема да игра за Барселона следната сезона. Каталонскиот клуб одлучи да не ја искористи откупната клаузула од 30 милиони евра договорена со Манчестер Јунајтед минатото лето како дел од нивниот договор за позајмица. Англискиот напаѓач затоа се враќа во својот матичен клуб, според шпанските медиуми. Неодамнешниот трансфер на Ентони Гордон во Барселона беше јасен показател дека интересот за Рашфорд се намалил во клубот. Поранешниот играч на Њукасл игра на истата позиција со стандардниот Рафиња, што создава вишок во нападот на Каталонците. Покрај тоа, операцијата за доведување на Гордон беше исто така финансиски значајна, со оглед на тоа што Барселона плати 70 милиони евра за него. Иако можноста Рашфорд да остане не беше веднаш исклучена по пристигнувањето на Гордон, сега нема враќање назад. Рокот за активирање на откупната клаузула истекува следниот понеделник, а единственото нешто што би можело да ја промени одлуката би била сериозна повреда на еден од играчите за време на меѓународните настапи.Тагови: Рашфорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter