Манасиевски: Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Заев - Канал 5

Манасиевски: Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Заев

Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Зоран Заев.

Манасиевски: Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Заев

Румен Радев, не е нов политичар во Бугарија, туку само нов премиер, за кој сите знаеме какви радикални ставови има околу Македонија и македонскиот јазик, народ, идентитет и историја. Да не заборавиме, дека за Румен Радев, сонародниците на Гоце Делчев се Бугари. Со овие ставови и неговиот однос кон Македонија, јасно ни е дека Бугарија нема да се помрдне ни милиметар од нивните барања, со тоа што ќе не ветоизира на секое можно поле.

Во ваква ситуација, наместо критика и осуда од македонската опозиција, Венко Филипче втрча во прегратки на Радев и на Бугарија, јасно кажувајќи дека доколку тој дојде на власт би ги направил уставните измени, дека би ги прифатил барањата на официјална Софија и дека нема проблем Гоце Делчев да е Бугарин, Илинденското востание да биде запишано како бугарско, односно дека би биле што би рекол неговиот ментор Заев, еден народ, две држави.

Тоа што Зоран Заев го започна со распродажба на државните и националните интереси, Филипче е спремен да го доврши.

Наместо да се вразумат и да застанат на вистинската, на македонската страна, тие за свои лични интереси се спремни за нови национални предавства, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Атрактивната италијанска ТВ водителка  Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското  фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа.

Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал.

Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси.

Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Ѕвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар  го пропушта и дуелот од 2 коло  против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата.

Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство.

Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт.

Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. 

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ...

Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан .

Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер